Каде за Нова Година?

  • Автор на оваа тема Phillip
  • Датум кога е започната темата

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Без лична навреда, но ова ми е најглупавотѕо прашање кое некој може да го постави! “Каде за Нова година?!“ :rolleye:
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,279
715
113
Јас ќе одам во Индија...
Мала шала, не знам некаде по ресторнаиве... :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
И мене ми е преку глава меѓутоа цел декември само тоа се врти како главна тема. Насекаде понуди од ресторани, за на плоштад, патувања и слично. Не дека Нова година е нешто посебно. Само преголеми цени, истата/слична понуда секоја година.
Дали е направена програмата за на плоштади? Најискрено не знам ни во Прилеп кој ќе пее, а не пак на друго место.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Missy напиша:
Дали е направена програмата за на плоштади? Најискрено не знам ни во Прилеп кој ќе пее, а не пак на друго место.
Во Тетово кај што јас живеам ,нема ништо на плошад дури ни елка нема .Само може деновиве да се појават продавачите со тезги на плоштадот на новогодишни украси,петарди,честитки,балони...

Ужас ми е градот ,тапа тапосана. 32432


А за нова година уште не сум планирал нити па ми се планира нешто премногу за дочекот.

Јас повеќе сакам божиќ и бадник во јануари отколку новогодишни празнувања.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Во Прилеп е украсен поголем дел од плоштадот и ми се допаѓаат фигурите кои се направени. Ако најдам слики ( или некој од другите членови од Прилеп ако најди) ќе споделам. Меѓутоа воопшто нема празничен дух меѓу луѓето или барем во мојата околина е така.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Кога сме кај украсување на градот. Во Штип скоро никаков труд не се вложува во украсување на градот. Периодот 2005-2007 градот го украсуваат доста добро и вложуваа пари, сега една шугава екла и по неколку светилки по дрворедите и толку. Без врска!
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Еден од најомилените периоди ми се деновите околу празниците, ама затоа организирање и договарање за место за дочек на Нова година ми е ХОРОР. Никогаш немам славено по кафулиња, лани направив само исклучок каде што околу полноќ бев на плоштад за огнометот и потоа во Метрополис арена. Оваа година веројатно повторно во стан (и многу ми е мило што воопшто не сум вклучен во организирање). Во станови/куќи секогаш ми било доста интересно за дочек.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Koга сме кај украсувањето на плоштадите во Македонија ,денес во Тетово видов имаше ставено светлечки топки само на еден дел од плоштадот и тоа беше се од украсување .

А плоштадот никаков ,авионска писта во буквална смилса на зборот. Од стана има само мал дел тревичка со 2-3 клупи и толку ,се што беше пред неколку години на плоштадот од споменици и фонтана денес нема ништо од тоа . Во лето плоштадот ни служи како луна парк за мали деца ,има изнајмување на колички на акомулатори за деца .

Но ај да не ја утепувам темава со вакви работи.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Вчера уплативме со уште еден другар за Виена, конечно ќе ја видам Виена во вистинска смисла на зборот - најукрасена за НГ.

:ehh: :ehh:
 

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Lol, што убаво :rock: И каде ќе одите во Виена, знаете? Колку дена?
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Beauty напиша:
Lol, што убаво :rock: И каде ќе одите во Виена, знаете? Колку дена?
5 дена е со пат, преку агенција од Скопје, две ноќевања во Виена, третиот ден пола се шета и се трга назад. Се посетуват повеќе места во Виена тие два дена, Шенбурн дворецот, Операта, Дунавска кула, за Нова година на плоштад има дочек а и утредента организирано се гледа на видеобим Виенскиот концерт.
 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Виена е преубава, посебно Шенбрун дворецот. :ehh:
Убав помин. :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Епа луѓе, се надевам дека сите ќе имате прекрасна вечер, каде и со кого да сте! :) Уживајте во ноќта!
 

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Фала, убав помин на сите.

Па во многу поголем број и за многу поквалитетни нешта да дискутираме следнава година.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
LucasScott напиша:
Ги гледав сликите на ФБ Боби! Екстра! Колку чинеше?
137 евра преку Фалкон... одлично си поминав, уживанции, си направив задоволство со Захер торта во најстарата слаткарница во Виена, Шенбурн не го посетив бидеќи бројката беше исполнета а и тоа го оставам за следната посета кога ќе одам на апсловентска екскурзија. Бев на Белведере, Дунавска кула, Операта, го гледаме Виенскиот концерт вчера утрото во паркот. Нова година во поинакво светло, немаше збиднување само на едно место туку на сите можни плоштади имаше стејџови со различна музика, од џез и Нина Симон музика, до класика, хаус, рок и слично. Очекував повеќе од огнометот само, може ради тоа што бев на друг плоштад а не кај што е катедралата па помалк се гледаше, се на се перфетно 334545 334545
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Нема одговори сеуште за годинава, па јас да почнам.

Овојпат во домашна атмосфера со блиски роднини и пријатели. Веќе бевме на неколку патувања, па работните обврски и временските услови не ни дозволуваат сега да имаме ново.

Како и да е на сите си посакувам многу среќа во наредната година, да бидете со добро здравје и со одлично расположение, форумов да добие нови поактивни членови, да имаме подобра дружба и забава итн. Се што ќе посакате да ви се исполни
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Јас бев дома па се мислев некаде да одам ама ладно и останав дома пред каминот :)
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Во Прага на гости кај братучеда моја, супер си поминавме, видов доста знаменитости, ноќен живот, убава храна и то.

Поубава ми е од Виена, обете града се фантастични но некако поразлична, Виена сите градби се исти австро-унгарско влијание, а овде има разни периоди и разни стилови. Посебно и еврејскиот кварт ми беше убав. Сега одмор малце цел месец :)

п.с следна must visit дестинација ми е Данска со Wizz Air до крајот на годината мора да ја реализирам!
 
Top