Missy напиша:
Боби, сподели некои импресии од екскурзијата...
И коментари, импресии за Парга? Веќе уплатив, па доколку сте биле кажете некои добри места за посета, барови, околни места итн
Имав веќе одено во Прага минатата Нова година, прекрасна е, заедно со Амстердам и Рим дефинитивно најдобар впечаток ми остави по втор пат. Три дена бев тогаш за Нова година и можев подобро да ја видам него сега само еден ден брз разглед. Има многу убав барови покрај Карловиот мост.
Амстедам е нешто a must, не сум видел град досега со таква душа и позитивна енергија, одма би се преселил!
Рим посебно нешто, знаев дека толку многу ќе го сакам! Прекратка посета, во најскоро време минимум три дена!
Шпанија веќе ми беше видена, Барселона по втор пат иако овој пат послаб впечаток ми остави не знам зошто, Љорет де Мар подобро си поминав него во трета, журката и нормално годините си го прават своето.
Париз - преценето, не сум тој тип што го сака, ете тоа имам да го кажам
Берлин исто не ме воодушеви многу, ама се мислам тука времето имаше влијание и поради тоа што пребрзо беше. Мислам дека подлабоко треба да се виде тој град, плени со уметност и култура што јас сакам да ја истражам!