Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Мене ме чуди зошто во ниеден пакет немаат бесплатни СМС. :neznam:
Не треба бесплатни СМС туку побрз и поголем интернет и не потрошениот интернет да се префрла во нареден месец. Денес имаш Viber, WhatsApp, Messenger, Facebook, Instagram и што уште не од апликација за комуникација Многу од младава генерација и луѓе што се разбираат технологија користат интернет апликации за комуникација со пријатели.

Сега телефоните, компјутерите, телевизорите не се целосно функционални ако нема добар или воопшто интернет.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,597
113
Македонски Телеком и Српски Телеком :haha::haha::haha:

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Македонски Телеком и Српски Телеком :haha::haha::haha:

Мислиш германски и српски
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
На татко ми му се јавиле за договор да направи во Телеком и он си направил телефонски. Е сега мене ме интересира дали треба нешто да се потврди или како иде после?
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,597
113
Види како ти стои во Телеком МК апликацијата кај некој од мобилните броеви (Тарифен модел инфо)
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
На татко ми му се јавиле за договор да направи во Телеком и он си направил телефонски. Е сега мене ме интересира дали треба нешто да се потврди или како иде после?
Договор со било кој телекомуникациски/телевизиски оператор се склучува или на лице место во салон на операторот, или преку поштенски курир ангажиран од страна на операторот кој го носи договорот на лице место на адресата на крајниот корисник или на било која адреса договорена телефонски помеѓу корисникот и поштенскиот курир.

Било какви други компјутерски, телефонски или Интернет согласности немаат никаква правна вредност, ниту било каква правна тежина.

А кај корисниците кај кои допрва треба да се прави монтажа во куќа/стан, дури и доколку корисникот веќе однапред потпишал договор, истиот тој договор не стапува на сила додека не се направи монтажата, така што доколку корисникот се премисли во последен момент бидејќи не сака да му се пуштаат кабли или да му се буши во домот, слободно може да ја откаже монтажата, а со тоа и самиот договор се поништува, бидејќи никогаш не стапил правно на сила бидејќи монтажата не била направена.

Истото важи и во случај корисникот веќе да потпишал договор, а подоцна дошла екипата за монтажа и открила дека нема техничка можност на таа адреса за монтажа на приклучок - нема слободен приклучок на постоечкиот доводен кабел или па можеби воошто не е спроведен доводен кабел до таа адреса.

И во двете можни сценарија - дали корисникот откажува бидејќи се премислил во последен момент или екипата за монтажа откажува бидејќи нема техничка можност за монтажа, иако договорот е веќе потпишан, сепак истиот останува неважечки, односно неправосилен бидејќи монтажата не е направена.
 
Се јави еден веројатно е од тие што нудат понуда на врата :neznam: Значи ниту го побарав ниту дошол на врата, само се јави и го бараше татко ми и јас му дадов број бидејќи не бев дома на работа а не можев многу да зборам на телефон.

Веќе поодамна ни е истечен договорот, и најверојатно гледаат кому му е истечен договорот па искористуваат да не доаѓаат на врата :neznam:
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Па дури е добро што ти јавиле хахха

Иначе сигурно тие опасници имаат некоја ставка во договорот со фонт 0,5 напишана дека автоматски ти продужува договор :smeenje: :smeenje: :smeenje:
 
Дали дошол било кој или не дошол, без потпис ништо не е договорено, ниту е важечко, ниту е правосилно.

Па дури е добро што ти јавиле хахха

Иначе сигурно тие опасници имаат некоја ставка во договорот со фонт 0,5 напишана дека автоматски ти продужува договор :smeenje: :smeenje: :smeenje:
Значи никогаш нема да можеш да ги откажеш без да платиш пенали за раскинување на договор кој сеуште е правосилен ?

Ако познаваш такви будали - со сета почит - кои потпишале нешто такво, слободно упати ги во Агенција за електронски комуникации - АЕК, за да видиш какви одговори ќе добијат таму.

Уште од време на пвеводбениците додека беа на власт до 30 мај 2017 таквите идиотизми се законски укинати и забранети.

Има такви кои работат продажба и ги лажат корисниците велејќи им дека доколку не потпишат нов договор ќе им бидат укинати услугите, надевајќи се дека некој несреќник и/или наивник ќе загризе на јадицата и ќе им потпише нов договор.

Или кај корисниците на Македонски Телеком, ако некој досега бил поврзан преку старата бакарна мрежа, па му направиле миграција и го префрлиле на новата оптичка телекомуникациска мрежа, го залажуваат дека бидејќи го префрлиле ќе мора да потпише нов договор. Или па ако од една адреса се преселил на друга адреса, мора повторно да потпишува нов договор бидејќи на новата адреса морале да прават монтажа - што не е секогаш вистина, понекогаш има постоечки приклучок од претходниот корисник кој живеел на таа адреса. Повторно чисти лаги, никој не може да те тера да потпишуваш нов договор, а уште помалку па да ти ги укинува услугите и претплатата само бидејќи си одбил(а) да потпишуваш нов договор.
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Па во договорот сигурно пишува дека автоматски продужува доколку некоја од страните не сака прекун. Дури и од чиста волја може ѕвонат да потсетат дека завршува.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Па во договорот сигурно пишува дека автоматски продужува доколку некоја од страните не сака прекун. Дури и од чиста волја може ѕвонат да потсетат дека завршува.
Прочитај си го твојот договор и информирај се поубаво.

Единствена причина зошто би се јавувале на корисник на кого му е веќе истечен обврзувачкиот претплатнички договор, е за да се обидат да го убедат или да го исплашат корисникот за да потпише нов договор.

Што им прават на тие кои потпишуваат договори на неограничен временски период за да не бидат врзани со обврзувачки претплатнички договор, а затоа плаќаат повисока месечна претплата, како ќе ги убедат нив да прифатат обврзувачки договор на 12 или 24 месеци ?

Јас сум имал претплати на повеќе различни телекомуникациски оператори и никогаш немало автоматско обновување на договорот, тоа е рецепт за тужба од било кој корисник на кого би му рекле дека иако договорот веќе му истекол, сепак ако ја откаже претплатата ќе мора да плаќа пенали бидејќи во меѓувреме договорот автоматски бил обновен.

Па мене лично Македонски Телеком се обиде да ме олесни за 4000 денари во 2014 година кога им ја вратив опремата откако ги откажав нивните услуги, а објаснувањето им беше дека ми наплаќаат пенали бидејќи опремата која сум им ја вратил била неисправна. Им отидов во салон, им поднесов приговор, недела дена подоцна ми пристигна известување со кое ми потврдуваат дека приговорот е прифатен и ја поништуваат сметката од 4000 денари за вратена неисправна опрема. Ако ми го одбиеја приговорот, нареден чекор ќе ми беше да поднесам приговор до АЕК.

Конкретно за Македонски Телеком можам да ти потврдам дека на вработените во салоните од поодамна - поточно со години - им е забрането да даваат попусти на постоечки корисници на кои им истекуваат обврзувачките претплатнички договори.

Тоа им е дозволено на агентите за продажба кои се шетаат низ населбите од врата до врата, поточно дозволено им е да даваат попуст на постоечки корисници доколку корисникот одбере поскап пакет, па на поскапата претплата да му дадат попуст. За ништо друго не им е дозволено да им даваат попусти на постоечки корисници.

Таква им е политиката на работењето која им ја имаат воведено раководителите и директорите, вработените во салоните си ги заработуваат бонусите од продажба на компјутери, мобилни телефони, телевизори и останати производи кои Македонски Телеком ги нуди на продажба, а агентите за продажба кои шетаат низ населбите од врата до врата си ги заработуваат бонусите од секој нов корисник кој ќе потпише договор и од секој постоечки корисник кој ќе потпише нов договор за поскап пакет.

И има одлични шанси ако некој непознат ти се јавува на телефон, а тврди дека е од контакт центар, всушност да е некој од вработените во салоните кој се обидува да те убеди или да те заплаши за да потпишеш нов обврзувачки претплатнички договор, не заработуваат бонуси од постоечки корисници кои потпишале нови договори, но сепак им се признава како остварено работно време, исто како да си бил(а) во салонот и си побарал(а) обновување на обврзувачкиот претплатнички договор.

Од друга страна, во А1 сите даваат попусти - и вработените во салоните, и агентите за продажба кои шетаат низ населбите од врата до врата. Ова не можам лично да го потврдам бидејќи не сум корисник на А1, но така имам слушнато од луѓето кои ги познавам.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Унгарија влегува на телекомуникацискиот пазар ?

А што прави унгарски Матав - сопственик на Македонски Телеком, од 2001 година па наваму ?

Како и да е, додека не им проработи првиот мобилен број ќе си останат ветер во магла.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,597
113
Мтел ја презеде Лајка
МТЕЛ го финализираше купувањето на Lyca Mobile: Корисниците добиваат беспрекорна транзиција кон подобри и поквалитетни услуги
Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, успешно го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile, што означува значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија.

„Особено сме задоволни што можеме да објавиме дека преговорите и сите административни постапки за преземање на телекомуникацискиот оператор Lycamobile се успешно завршени и од денеска Lyca mobile станува МТЕЛ. Уверени сме дека корисниците кои со овој договор преминуваат во МТЕЛ семејството ќе бидат задоволни од зголемениот квалитет на услуги и поволности кои што им ги нудиме како телекомуникациски оператор. Како компанијата, сме горди што ќе им овозможиме да искусат едно поинакво дигитално искуство со користење на мобилната телефонија од МТЕЛ, но и останатите услуги како сателитска телевизија, интернет, стриминг платформата MOVE. Станува збор за аквизиција која што е дел од нашите стратешки планови за раст и развој на македонскиот телекомуникациски пазар, план кој што продолжуваме да го реализираме и понатаму со цел зголемување на пазарниот удел, бројот на корисници, бројот на вработени и понудата на врвни телекомуникациски услуги за македонските корисници“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Со овој договор, кон МТЕЛ семејството се придружуваат близу 60 илјади корисници на кои компанијата е посветена да им обезбеди непречена транзиција кон МТЕЛ услугите.

Што значи ова за Lyca мобилни корисници?

Постојните клиенти на Lyca Mobile ќе имаат беспрекорна транзиција кон МТЕЛ мрежата, со неколку нови придобивки:

1. Подобрени Интернет-пакети: Корисниците ќе продолжат да ги уживаат истите поволности како претходно, со зголемени дозволени податоци за тековните пакети. Дополнително, МТЕЛ воведе два нови пакети дизајнирани да понудат уште поголема вредност.

2. Флексибилни опции за обновување на пакетите: за дополнителна погодност, клиентите сега можат да се одлучат за автоматско обновување на пакетите за 3, 6 или 12 месеци.

3. Бесплатни минути во МТЕЛ зона: Сите корисници ќе добијат пристап до 1.000 минути бесплатни разговори во MTELзоната, што дополнително ќе ги подобри нивните опции за комуникација. МТЕЛ зона се состои од: Македонија (MTEL MK), Србија (mts), Црна Гора (m:tel), Босна и Херцеговина (m:tel), Швајцарија (MTEL Switzerland), Австрија (MTEL Austria) и Германија (MTEL Germany)

4. Постпејд понуда и купување уред: За оние кои сакаат да се префрлат на постпејд план, МТЕЛ нуди флексибилност за пренос на нивниот број во постпејд и купување мобилни уреди на рати.

5. Пристап до поширокото портфолио на услуги на MTEL: Корисниците сега можат да ги здружат своите постоечки услуги со други понуди од портфолио на производи на МТЕЛ.

Непречен процес на миграција

Миграцијата на корисниците ќе се врши во фази за да се обезбеди непречена транзиција. Корисниците ќе добијат SMS известување 24 часа пред нивната закажана миграција на мрежата MTEL MK.

Kако ќе функционира процесот?

Корисниците ќе добијат СМС со известување за нивниот претстоен трансфер.Откако ќе се мигрира, името на операторот на уредот на корисникот ќе се смени во „MTEL MK“. Ако сè уште не е видлива промената ќе биде потребно рестартирање на уредот. Во случаи кога е потребно, ќе се обезбеди замена на SIM картичката.

Фокусот на МТЕЛ останува на обезбедување висока квалитетна услуга за корисниците и обезбедување непречен премин за сите корисници кон МТЕЛ семејството.

За повеќе информации, посетете ја www.mtel.mk или јавете се на 15 010.
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Немате впечаток дека М Тел е тежок феил кај нас ?
Мислам унгарскиот оператор може да биде ок и да конечно им замати цени на А1 и Телеком лудаците.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,597
113
Немате впечаток дека М Тел е тежок феил кај нас ?
Во последниов период јако удрија на маркетинг, па ваљда ќе има некаков ефект од тоа.

Мислам унгарскиот оператор може да биде ок и да конечно им замати цени на А1 и Телеком лудаците.
Да се надеваме.
 
Top