Интернет и ТВ оператори

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
И што е различно од NeoTV?
И сега ќе прашуваш на буквално секој форум во кој си зачленет ?

Разликата е во тоа што РиплејТВ е услуга од Кабелнет со ТВ канали за кои Кабелнет ги има откупено телевизиските права за емитување и ре-емитување, а НеоТВ е услуга од Неотел со ТВ канали за кои Неотел ги има откупено телевизиските права за емитување и ре-емитување.

Неотел се години пред Кабелнет и со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа и со сопствена IPTV платформа, а сега од никаде почнуваат да нудат ТВ услуга од Кабелнет, истовремено тргнувајќи ја сопствената НеоТВ услуга од понудата.

Порано вака функционираа кабелските Интернет провајдери, на пример Он Нет и МОЛ немаа сопствени телекомуникациски мрежи, па нудеа кабелски Интернет преку локалните и регионалните кабелски оператори во градовите. Во меѓувреме кабелските оператори почнаа самостојно да нудат сопствен кабелски Интернет, па Он Нет беше купен од страна на Телеком Словенија, кој потоа го купи и Космофон, и почна да нуди Интернет и фиксна телефонија преку бакарната мрежа на Македонски Телеком, а МОЛ се повлече од пазарот на Интернет услуги за домашни корисници и денес се фокусира исклучиво на Интернет услуги за деловни корисници.

Неотел ги нуди сопствените услуги или преку сопствената оптичка телекомуникациска мрежа или преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, па така од инфраструктурна гледна точка тој проблем е или решен или полурешен. Истовремено Неотел веќе има сопствена IPTV платформа, поради што крајно бесмислено и нелогично е со сиот памет да нудат туѓи ТВ услуги на сопствените корисници.

Единствено логично објаснување е дека наследниците на покојниот Трајче Черепналковски не знаат како да го водат Неотел, наводно им пропаднала зделката за продажба на Неотел на Мтел, па сега или сакаат да ја обезвреднат компанијата и да ја уништат одвнатре за потоа полесно да ја распродадат, или се бесмислено алчни, па за да не вработуваат програмери да им направат нова апликација за НеоТВ, полесно им е вака да нудат туѓа ТВ услуга на сопствени корисници.

Крајно глупаво и бесмислено.
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #25
Еве ги и будаливе да не останат покуси
Телекабел во колку градови има?
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #27
Нема Тетово, Гостивар, Куманово, Маврово, Крушево, Дојран..

И немаат HBO колку што читав. Единствено спортот го држат понуа се што може да се понуди Еurosport, Arena Sport и Sport klub aма слабо со HD. Ваква понуда а поскапуваат :off:
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Ја ств не можам баба ми да ја натерам да го остави тоа Телекабелиште.
Жено аман ХРТ имаш на М Тел и тоа за 175 ден месечно. АМАН, кај живеете ја не сфаќам, и да сте стари и престари аманм бре, конкуренција има, избор има, менувај.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #29

Затемнуваат ли на Телекабел и МТЕЛ на HRT каналите?
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Нема ХРТ на Телекабел, а нејзе и се омилени. Откако и ги тргнаа, се разболе, па некако ја вративме во живот, со тешки маки.

А на М Тел не знам што прават со ХРТ, но зошто некој би затемнувал ХРТ хахаха
ОК, спортот е сигурно на ХРТ 2, тој канал не се ни нуди, туку кец и тројка.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #32

Mислам на HRT 1 има и филмови, серии, квизови, шоуа. На Total TV во Србија Zvjezde pevaju се затемнува, Мilijunaš не се затемнува.

Ја има и HRT 2 на MTEL MK
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
За тука сигурно не се затемнува ништо освен спортот.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,599
113
Ја ств не можам баба ми да ја натерам да го остави тоа Телекабелиште.
Жено аман ХРТ имаш на М Тел и тоа за 175 ден месечно. АМАН, кај живеете ја не сфаќам, и да сте стари и престари аманм бре, конкуренција има, избор има, менувај.
Да и кажиш дека Телекабел поскапват, па можи ќе се убеди. На крај краева, не мора да знае, договори и монтажа од Мтел и готово. Ем поевтино, ем повеќе канали.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Mислам на HRT 1 има и филмови, серии, квизови, шоуа. На Total TV во Србија Zvjezde pevaju се затемнува, Мilijunaš не се затемнува.

Ја има и HRT 2 на MTEL MK
Кај мене на локалниот каб. оператор затемнуваа Zvijezde pjevaju и кога како им текне и бразилските ги затемнуваа.
 
Beauty

Администратор
49,859
61,847
113
Да и кажиш дека Телекабел поскапват, па можи ќе се убеди. На крај краева, не мора да знае, договори и монтажа од Мтел и готово. Ем поевтино, ем повеќе канали.
Кажав
Џабе !!!!
Она ќе потпишела така договор и ако умрела, не сакала деца и внуци да и ги отплаќаат долговите

Кои црни долгови, долг кон М тел хахаххахаха
 
Steff

Добро-Познат Член
33,680
45,227
113
Кажав
Џабе !!!!
Она ќе потпишела така договор и ако умрела, не сакала деца и внуци да и ги отплаќаат долговите

Кои црни долгови, долг кон М тел хахаххахаха
А и па јак долг, 175 денари месечно :haha:
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
  • Автор на оваа тема
  • #40
Знам дека темава е за Интернет и тв оператори во Македонија но ајде ќе пишам овде нема соодветна тема.

Нова вест која се појави за гласините дека United Group е на продажба

Додека пак Тotal tv се ребрендираше во EON Sat. Не знам дали воопшто и во Македонија ќе се ребрендира Total tv или воопшто ќе згасне.
 
Top