Dexter26
Добро-Познат Член
- 4,071
- 405
- 83
И сега ќе прашуваш на буквално секој форум во кој си зачленет ?И што е различно од NeoTV?
Разликата е во тоа што РиплејТВ е услуга од Кабелнет со ТВ канали за кои Кабелнет ги има откупено телевизиските права за емитување и ре-емитување, а НеоТВ е услуга од Неотел со ТВ канали за кои Неотел ги има откупено телевизиските права за емитување и ре-емитување.
Неотел се години пред Кабелнет и со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа и со сопствена IPTV платформа, а сега од никаде почнуваат да нудат ТВ услуга од Кабелнет, истовремено тргнувајќи ја сопствената НеоТВ услуга од понудата.
Порано вака функционираа кабелските Интернет провајдери, на пример Он Нет и МОЛ немаа сопствени телекомуникациски мрежи, па нудеа кабелски Интернет преку локалните и регионалните кабелски оператори во градовите. Во меѓувреме кабелските оператори почнаа самостојно да нудат сопствен кабелски Интернет, па Он Нет беше купен од страна на Телеком Словенија, кој потоа го купи и Космофон, и почна да нуди Интернет и фиксна телефонија преку бакарната мрежа на Македонски Телеком, а МОЛ се повлече од пазарот на Интернет услуги за домашни корисници и денес се фокусира исклучиво на Интернет услуги за деловни корисници.
Неотел ги нуди сопствените услуги или преку сопствената оптичка телекомуникациска мрежа или преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, па така од инфраструктурна гледна точка тој проблем е или решен или полурешен. Истовремено Неотел веќе има сопствена IPTV платформа, поради што крајно бесмислено и нелогично е со сиот памет да нудат туѓи ТВ услуги на сопствените корисници.
Единствено логично објаснување е дека наследниците на покојниот Трајче Черепналковски не знаат како да го водат Неотел, наводно им пропаднала зделката за продажба на Неотел на Мтел, па сега или сакаат да ја обезвреднат компанијата и да ја уништат одвнатре за потоа полесно да ја распродадат, или се бесмислено алчни, па за да не вработуваат програмери да им направат нова апликација за НеоТВ, полесно им е вака да нудат туѓа ТВ услуга на сопствени корисници.
Крајно глупаво и бесмислено.