Прашање е што ќе испадне со уставната измена.
Мене ми мириса дека некако ќе помине по што одма паѓа владта.
Или нема да помине па со следната власт тоа ќе се развлече. Со оглед дека Америка и Европа напнуваат страшно да мине до ноември… којзнае што ќе биде.
СДС не го интересира народот, битно им е само да помине ова затоа што ветувале пред Сад и Еу. А дали потоа ќе паднат, мислам ич не им е битно.
Плавите жолтици не знаат да водат ниту држава, ниту економија, знаат само да ограбуваат и опустошуваат држава, и да осиромашуваат економија.
Разликата помеѓу плавите жолтици и пвеводбениците е во тоа што пвеводбениците знаат да глумат дека знаат да водат држава и економија, додека во пракса само дополнително ги задолжуваат државата и економијата, а сето тоа го прикриваат под фасадата на економски раст.
Како анти-македонско движење кое не знае да води ниту држава, ниту економија, плавите жолтици единствено знаат да купуваат дополнително време со било какви понатамошни поткопувања на државата и на националните интереси. Се` додека успеат да избегнат нови вонредни избори на кои би изгубиле, подготвени се на секакви отстапки само за да останат на власт па макар уште само еден ден повеќе.
Дури и да бидат усвоени тие нови анти-македонски уставни измени, тоа нема да придонесе за никаков понатамошен напредок во однос на било какви преговори за било какво членство во ЕУ, само децата и луѓето без памет би верувале во таквите приказни.
Всушност, како во Македонија, така и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, политичарите единствено знаат да ветуваат членство во ЕУ бидејќи не знаат да водат држава и економија. Членството во ЕУ ќе им донесе дополнителни извори за грабеж, а истовремено и заштита од кривично гонење поради таквиот грабеж. Добредојдена си да го истражиш криминалното портфолио на буквално сите сегашни раководни лица во ЕУ, поточно во Европската Комисија, Европскиот Парламент и Европскиот Совет, па ќе откриеш дека балканските политичари се почетници во областа на криминалот и корупцијата во споредба со брисељаците.
Ете ти ги балкански татарстан, Романија, Хрватска како примери, ако членството во ЕУ навистина придонесува за економски напредок, по логика на нештата младината не би требала да ги напушта овие држави и да бега по Германија, Австрија, Франција, Италија и други држави членки на ЕУ во централна и западна Европа.
Ако ме прашуваш мене, има одлични услови за живот на поранешните југословенски простори и без било какво членство во ЕУ, но ќе мора да се расчисти со корупцијата и организираниот криминал, со кои ниту балкански татарстан и Романија не расчистија, а тие се полноправни членки на ЕУ повеќе од 15 (ПЕТНАЕСЕТ) години.
Добар пример ти е Твитер, кој и понатаму успешно функционира дури и откако Илон Маск отпушти над 80% (ОСУМДЕСЕТ ПРОЦЕНТИ) од вработените за кои, како што беше откриено, во пракса баш и не работеле некоја вистинска работа во Твитер, туку претежно се занимавале со бришење на коментари, отстранување на членови од платформата и во целина се занимавале со државна цензура по барање на федералната влада на САД. Пред Маск да го купи Твитер, беа објавени видео снимки од Проект Веритас, во кои добар дел од вработените се фалат дека работата во Твитер буквално е пандан на социјализмот - работат колку сакаат и ги плаќаат колку сакаат, без да сносат одговорност за сопствените постапки и за сопствената мрзеливост.
Твитер да ти бил најдобриот комунизам што некогаш постоел
Ако една приватна компанија како Твитер може да боледува од социјалистичко уредување и да се ослободи од истото со масовни отпуштања на непотребни работници, можеш само да замислиш колку илјадници - ако не и десетици илјадници - непотребни бирократи ги има во македонската држава, во српската држава и во другите држави низ Балканот кои клатат врата за да земаат плата, а чии што отпуштања само би ги олесниле финансиските товари на економијата и би ослободиле капитал кој би бил далеку покорисен кога би бил инвестиран во вистински проекти, а не во партиски паразити.
Било какво членство во ЕУ нема на ама баш никаков начин да го реши овој проблем, туку токму спротивното - ќе го зголеми и ќе го направи уште потежок за решавање.