Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Целта на овие протести во Срб не е пад на власта, барем не е тоа директната причина, туку стоп за насилството кое се промовира во телевизии како Пинк и Хепи, во печатени медиуми, на РТС, распуштање на членовите во регулаторното тело, РТС итн.
Баш сега читав на Телма и ова е сосема легитимно, оправдано и паметно. Барањата се одлични и на ова треба да реагира владата доколку сака да си ја задржи позицијата.

Слични барања беа и со Шарената револуција, што мислам дека е една од придобивките од промената на власта тука. Барем немаме веќе страхотни вести како што беа тие на Канал 5, МРТ и првенствено ужасот на Сител. Се гледа промена кај телевизиите во однос на тоа, буквално сите во моментов се транспарентни и објективни. Квалитетни не, но бар транспарентност во информирање има и тоа кај сите буквално.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83

Колку само не ти држи вода споредбава, македонските телевизии емитуваа глупости пред 2015/2016 година и до денешен ден емитуваат глупости, исто како што и пред 2015/2016 година беа партиски мегафони и до денешен ден се партиски мегафони.

И не заборавај дека првите масовни протести на шареноликите идиоти започнаа откако беа објавени - сега веќе докажано сечени, лепени и монтирани - снимки од телефонски повици во кои наводно се говори за заташкување на убиство.

Подоцна вистината излезе на виделина, при што се откри дека пвеводбеничкиот пастир кој тогаш беше премиер, всушност убаво им посочил на МВР и истражните органи да се истражи смртта на младиот дечко до крај, ама снимките не би биле сечени, лепени и монтирани ако ги објавеа и тие делови од нелегално снимените телефонски разговори. Вистината излезе на виделина малку предоцна - после 2019 година, кога анти-македонските структури кои сега се на власт во Македонија веќе цврсто се втемелија во сите пори на македонското општество.

Па слушавме приказни од типот "ќе излезе вистината за Смилковско езеро", "ќе излезе вистината за Никола Младенов" и слични приказни, за подоцна да бидеме сведоци на ослободување на терористи кои убивале тинејџери пред Велигден чисто поради разонода, ама ако рамковнистите велат дека убијците треба да бидат ослободени, тогаш ќе бидат ослободени - сега по ново бараат меѓународна истрага за убијците бидејќи замисли, сепак имало асални судии на некои места низ Македонија, па во 2021 година убијците повторно си заработија доживотни затворски казни, ама па тоа повторно не им чини на рамковнистите, па сега бараат меѓународна истрага за нивните злосторства.

За Никола Младенов до денешен ден знаеме дека загина во сообраќајна несреќа - ако тоа е вистината која требаше да излезе на виделина, тогаш немаше потреба од масовните протести, вандализам со балони и кондоми наполнети со песок и боја, како и бројни други гнасотилаци бидејќи таа вистина за Младенов ја знаевме и пред 2015 година.
 
Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Ма се сложувам со ова апсолутно, но муабетот ми беше конкретно за медиумите, не дека главна цел на Шарените беше тоа :hehe: Само протестот опфаќаше и ирититаност од тоа што се случуваше тогаш на телевизиите.

А инаку, голема грешка си за сега. Не е воопшто така како до 2017-та. Било кои вести на Сител, Канал 5, Телма, МРТ или 24 па и на македонските на Алсат, ТВ 21 отвори, ќе видиш и те како разлика. Пренесуваат партиски соопштенија од сите, пренесуваат настани, конкретно Телма, Алсат се најкритички застанати не контра власт, туку контра сите глупости што се прават со судство, тендери итн. Комплетно се неспоредливи информатините редакции од тоа што беше тогаш. Исто отворени дебати има секој ден на Канал 5 и ТВ 24, исто и на ТВ 21 и Алсат, на Сител вести има простор за гости.

Муабетот ми беше конкретно за медиумите, ова денес е далеку подемократски амбиент во кој функционираат медиумите отколку тогаш.

А тоа што Левица не оди на телевизии е друга приказна, тоа е затоа што им го блокираше законот со кој телевизиите ќе добиваа пари и тоа огромни пари за владини/државни реклами. Мислам, и јас да сум газда на тв, исто ќе реагирам. Ако некој ми сопира приход, нема што да се појавува во мојот бизнис. А телевизијата е бизнис, како и сите други бизниси.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Целта на овие протести во Срб не е пад на власта, барем не е тоа директната причина, туку стоп за насилството кое се промовира во телевизии како Пинк и Хепи, во печатени медиуми, на РТС, распуштање на членовите во регулаторното тело, РТС итн.
Баш сега читав на Телма и ова е сосема легитимно, оправдано и паметно. Барањата се одлични и на ова треба да реагира владата доколку сака да си ја задржи позицијата.

Слични барања беа и со Шарената револуција, што мислам дека е една од придобивките од промената на власта тука. Барем немаме веќе страхотни вести како што беа тие на Канал 5, МРТ и првенствено ужасот на Сител. Се гледа промена кај телевизиите во однос на тоа, буквално сите во моментов се транспарентни и објективни. Квалитетни не, но бар транспарентност во информирање има и тоа кај сите буквално.

Лиска се врати дома, собирот беше величествен и покрај дождот!
 
Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Со бус се врати, кога е иначе последен и сама беше или со некој ?
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Со бус се врати, кога е иначе последен и сама беше или со некој ?
Со бус во 21, последен е околу 22 и 30 ама не е сигурен тој па се вратив со тој од 21. Со брат ми бев, минатиот петок со другарите.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
А тоа што Левица не оди на телевизии е друга приказна, тоа е затоа што им го блокираше законот со кој телевизиите ќе добиваа пари и тоа огромни пари за владини/државни реклами. Мислам, и јас да сум газда на тв, исто ќе реагирам. Ако некој ми сопира приход, нема што да се појавува во мојот бизнис. А телевизијата е бизнис, како и сите други бизниси.
И тука некаде реално престанува муабетот дека се целосно транспарентни и демократски. :406389:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Е да, да не ја заборавам вистинската ѕвезда на овие протести, ни помалку, ни повеќе, туку - Сека Алексиќ.

Сѐ почна со овој твит (спрдња со срамотна изјава на Брнабиќ во Собранието):

За да продолжи со следните твитови за поддршка на протестите (има уште твитови но да не ја полнам темава):

Сите ја засакаа (додуша, не само поради протестиве туку и поради некои други случки), дури и оние што мразат турбофолк.

Turbofolk unites Serbia and we love to see that!!! Turbofolk wins once again!
 
Beauty

Администратор
49,859
61,846
113
Уште еден феномен тукашен да споменам.

Таа голема љубов и поддршка за водачите на револуцијата и новите властодршци денес е претворена во најголема омраза и бес. На крајот на денот, народот знае што прави, може ќе биде еднаш два пати излажан, ама трет пат тоа се претвора во страшна омраза и гнев, па Господ нека се симне од небо ако треба.
 
Делумно си во право, да - револуцијата секогаш раѓа контра-револуција, исто како што и толеранцијата секогаш раѓа нетолерантност, но во Македонија немало револуција од 1944 година па наваму, исто како што и во Србија немало револуција од 1943 година па наваму, и од тој период па наваму Македонците и Србите сеуште не ги имаат откриено границите на сопствената толеранција за да откријата каде им завршува толеранцијата, а каде им започнува нетолерантноста.

Државен удар како тој што го спроведоа шареноликите идиоти во 2015/2016 година во Македонија, исто како и протестите во Србија во октомври 2000 не е исто што и револуција, туку само заменување на едни изроди со други изроди.
 
Прашање е што ќе испадне со уставната измена.
Мене ми мириса дека некако ќе помине по што одма паѓа владта.
Или нема да помине па со следната власт тоа ќе се развлече. Со оглед дека Америка и Европа напнуваат страшно да мине до ноември… којзнае што ќе биде.

СДС не го интересира народот, битно им е само да помине ова затоа што ветувале пред Сад и Еу. А дали потоа ќе паднат, мислам ич не им е битно.
 
Плавите жолтици не знаат да водат ниту држава, ниту економија, знаат само да ограбуваат и опустошуваат држава, и да осиромашуваат економија.

Разликата помеѓу плавите жолтици и пвеводбениците е во тоа што пвеводбениците знаат да глумат дека знаат да водат држава и економија, додека во пракса само дополнително ги задолжуваат државата и економијата, а сето тоа го прикриваат под фасадата на економски раст.

Како анти-македонско движење кое не знае да води ниту држава, ниту економија, плавите жолтици единствено знаат да купуваат дополнително време со било какви понатамошни поткопувања на државата и на националните интереси. Се` додека успеат да избегнат нови вонредни избори на кои би изгубиле, подготвени се на секакви отстапки само за да останат на власт па макар уште само еден ден повеќе.

Дури и да бидат усвоени тие нови анти-македонски уставни измени, тоа нема да придонесе за никаков понатамошен напредок во однос на било какви преговори за било какво членство во ЕУ, само децата и луѓето без памет би верувале во таквите приказни.

Всушност, како во Македонија, така и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, политичарите единствено знаат да ветуваат членство во ЕУ бидејќи не знаат да водат држава и економија. Членството во ЕУ ќе им донесе дополнителни извори за грабеж, а истовремено и заштита од кривично гонење поради таквиот грабеж. Добредојдена си да го истражиш криминалното портфолио на буквално сите сегашни раководни лица во ЕУ, поточно во Европската Комисија, Европскиот Парламент и Европскиот Совет, па ќе откриеш дека балканските политичари се почетници во областа на криминалот и корупцијата во споредба со брисељаците.

Ете ти ги балкански татарстан, Романија, Хрватска како примери, ако членството во ЕУ навистина придонесува за економски напредок, по логика на нештата младината не би требала да ги напушта овие држави и да бега по Германија, Австрија, Франција, Италија и други држави членки на ЕУ во централна и западна Европа.

Ако ме прашуваш мене, има одлични услови за живот на поранешните југословенски простори и без било какво членство во ЕУ, но ќе мора да се расчисти со корупцијата и организираниот криминал, со кои ниту балкански татарстан и Романија не расчистија, а тие се полноправни членки на ЕУ повеќе од 15 (ПЕТНАЕСЕТ) години.

Добар пример ти е Твитер, кој и понатаму успешно функционира дури и откако Илон Маск отпушти над 80% (ОСУМДЕСЕТ ПРОЦЕНТИ) од вработените за кои, како што беше откриено, во пракса баш и не работеле некоја вистинска работа во Твитер, туку претежно се занимавале со бришење на коментари, отстранување на членови од платформата и во целина се занимавале со државна цензура по барање на федералната влада на САД. Пред Маск да го купи Твитер, беа објавени видео снимки од Проект Веритас, во кои добар дел од вработените се фалат дека работата во Твитер буквално е пандан на социјализмот - работат колку сакаат и ги плаќаат колку сакаат, без да сносат одговорност за сопствените постапки и за сопствената мрзеливост.

Твитер да ти бил најдобриот комунизам што некогаш постоел

Ако една приватна компанија како Твитер може да боледува од социјалистичко уредување и да се ослободи од истото со масовни отпуштања на непотребни работници, можеш само да замислиш колку илјадници - ако не и десетици илјадници - непотребни бирократи ги има во македонската држава, во српската држава и во другите држави низ Балканот кои клатат врата за да земаат плата, а чии што отпуштања само би ги олесниле финансиските товари на економијата и би ослободиле капитал кој би бил далеку покорисен кога би бил инвестиран во вистински проекти, а не во партиски паразити.

Било какво членство во ЕУ нема на ама баш никаков начин да го реши овој проблем, туку токму спротивното - ќе го зголеми и ќе го направи уште потежок за решавање.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
Баш чудно :pie kafe:

Project Veritas is an American far-right[14] activist[15] group founded by James O'Keefe in 2010.[19] The group produces deceptively edited videos[13] of its undercover operations,[5] which use secret recordings[5] in an effort to discredit mainstream media organizations and progressive groups.[20][21] Project Veritas also uses entrapment[12] to generate bad publicity for its targets,[2] and has propagated disinformation[23] and conspiracy theories[31] in its videos and operations.
As a non-governmental organization, Project Veritas is financed by conservative fund Donors Trust[2] (which provided over $6.6 million from 2011 to 2019)[20][36][37] and other supporters including the Donald J. Trump Foundation.[38] In 2020, The New York Times published an exposé detailing Project Veritas' use of spies recruited by Erik Prince, to infiltrate "Democratic congressional campaigns, labor organizations and other groups considered hostile to the Trump agenda". The Times piece notes O'Keefe's and Prince's close links to the Trump administration, and details contributions such as a $1 million transfer of funds from an undisclosed source to support their work. The findings were based in part on discovery documents in a case brought by the American Federation of Teachers, Michigan, which had been infiltrated by Project Veritas.[39]

The organization's board fired O'Keefe in February 2023 for what it said was financial malfeasance with donor money.[40]
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Добар си, ако Википедија ти е извор на веродостојни информации, тогаш подобро собери си ги парталите и фати си џаде за Северна Кореја, и таму ќе бидеш згрижен и ќе имаш државна телевизија која е речиси целосен пандан на Википедија за веродостојни информации. :of lele:

И во гулаг ќе си имаш покрив над глава и загарантирана работа и оброк, нема да мораш да се замараш со протести и незадоволство од властите и нивните политики.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,678
45,224
113
off.mk=wikipedia

На твојата "сериозност" и "вистината" која тука ја шириш како сведоците на Јехова од тој опскурен портал си го доби адекватен одговор.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
off.mk=wikipedia

На твојата "сериозност" и "вистината" која тука ја шириш како сведоците на Јехова од тој опскурен портал си го доби адекватен одговор.
Во статиите објавени на Off.net имаш безброј референци за изворите на информациите кои се објавени во тие статии и истите се предмет на проверка и одобрување на уредниците на тој Интернет портал, добредојден си да ги оспориш истите. Имаш објавени статии на тој Интернет портал кои се од спротивставени страни, па добредојден си истите да ги прочиташ и да ги оспориш.

Од друга страна уредниците на Википедија од поодамна расчистија со веродостојноста на информациите, повели прочитај што им пишува во статијата за пандемијата на корона вирусот за потеклото на истиот, без воопшто да бидат објавени спротивставени ставови - онака чисто колку за пример. Толку од нивната објективност и транспарентност.

Кога сме кај Проект Веритас, добредојден си да ги изгледаш нивните видео снимки, па повели проценувај колку се веродостојни или не, и какви се твоите заклучоци од истите.
 
Top