Немаш гајле, твојот миличок Александар нема да биде тргнат, зошто никој нема корист од неговото тргање.
...
Александрето твое не ми е на мене миличок по ниту еден основ, ниту направил нешто за мене, ниту можам да го гласам дури и кога би сакал, не сум државјанин на неговата матична држава.
Ако ти е криво бидејќи ја држи Србија неутрална во американско-европската војна против Русија, тоа е твој проблем, повелете најдете си друг неутралист и него изгласајте го.
...
Гледам и партнерите од САД се задоволни со него, така да јас не се грижам за него, ќе си тера доживотно како Тито. И подобро и не треба за овој забеган народ, ниту може да излезе подобар.
...
И пвеводбениците во Македонија и нивниот пастир наводно не им сметаа на западните хиени, за на крај да им извршат државен удар во 2015 и 2016 година. Батали ја фасадата и погледни убаво под површината, влада која има уво за музиката на западњаците, но сепак не им игра на нивната мелодија, не е влада која може да ги задоволи западните хиени.
...
Најбитно е Македонија да не ја следи Србија во ниту еден сегмент, зошто тоа е рецепт за пропаст. Ни сега не сте Швајцарија, ама барем имате каков таков плурализам на мислење, јаки опоцизиони политички опции и релативна можност за смена на власта, сѐ што во Србија не постои.
Не велам дека со овие има некаква надеж, генерално нема надеж во балканските племенски заедници. И тоа е константа и за Србија и за Македонија, proudly since 1987.
Е па Македонија за жал од 13 август 2001 па наваму воопшто не ја следи Србија, а последиците се повеќе од видливи: од Србите сепак се бара да се откажат од Косово и можеби од Војводина, но не се бара да се одречат од сопствената историја, од сопствениот мајчин јазик, од сопствениот национален идентитет и од самите себеси.
На Македонија и на Србија им требаат македонска и српска комбинирана верзија на Виктор Орбан и Владимир Путин, лидери кои ќе расчистат еднаш и засекогаш со невладините крвопијци, а потоа и со либерално-фашистичките и со прогресивистичко-фашистичките внатрешни структури.
Надежта лежи во расчистување со странските елементи кои секојдневно ги поткопуваат темелите на македонската и на српската држава, корупцијата и криминалот секако дека се фактор, но се додека имаш внатрешни структури спонзорирани од надвор, а кои ги поткопуваат темелите на државата, додека не расчистиш со нив поголеми ти се шансите да останеш без држава во блиска иднина, а криминалот и корупцијата и после тоа никаде нема да си заминат, отколку да ја задржиш државата, а криминалот и корупцијата магично да ги снема.
Повторно земи ја Македонија како пример, ете ти ја анкетата за кого вели дека мнозинството Македонци и понатаму имаат доверба - во поранешен македонски премиер кој живее во азил во Будимпешта. До вакво дереџе не се стигнува преку ноќ, туку со постојано копање на нови дна, а алатите за тоа копање во 2015 и 2016 година ни ги дадоа западњаците.
И како што можеш да видиш соборувањето на "режим" со пенкало донесе само уште поголема и помасовна корупција и уште поголем и помасовен криминал, овој пат масовно поддржани од страна на истите тие западни хиени кои на тебе ти делува како да не им смета Александрето во Србија, а прашање на време е кога ќе му организираат српско издание на шареноликиот идиотизам во Македонија.
Колку и да не ти чини Александрето на власт во Србија, слободно повели смени го од власт, но прво обрни убаво внимание со кого и со што ќе го менуваш. Ако си заменил алигатор со кобра или кајман со поскок, ништо не си постигнал.