Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Да, да, се согласувам, но гневот ми беше општо кон нашиве кои функционираат на базa на полтронство. И чиновници, новинари, бизниси, сите.

Ниедна граѓанска организација, телевизија, партија не земе вака јавно да атакува за овие лаги со цените.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,694
13,071

Тоа да, ама и состојбите во новинарството се лоши. Често се одбира да се пренесе само информација без некој аналитички пристап, буквално исто незамарање и работење колку да се сработи нешто како во државно. Чест на исклучоци, секако.
 
dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Слободен печат истражуваат, ама не читаш. Фатија некој скандал со софтвер за разузнавање деновиве, а ниеден тв канал немам прочитано дека го објавил тоа.
 
Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Да, Слободен печат и те како е влијателен, па дури ни портали не го пренесоа.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
 
Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Според податоците објавени од Евростат, минатата година посиромашни од Македонија биле само Албанија и Босна и Херцеговина. Пред нас е Србија, на четвртото место.
Тос е тоа, сиромаштија во раскош, новогодишни прослави фрчат, весеље како никогаш досега, песни, урлање, пијани фаци ...
 
Steff

Добро-Познат Член
33,688
45,239
113
Србија и Македонија, то су срца два.

Тос е тоа, сиромаштија во раскош, новогодишни прослави фрчат, весеље како никогаш досега, песни, урлање, пијани фаци ...
Па да, еден ден ќе се фрлаат пари па потоа до плата ќе се јаде сув леб.
 
Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
И Босна си е тука секако

Само за ЦГ ми е нејасно, што се дешава со нив, негде читав имале јака куповна ноќ.... :okokoren:
 
Beauty

Администратор
49,875
61,886
113

Вакви анкети во кои од цел свет граѓаните на МК најмногу симпатии имале кон Груевски, Турција и Сител, говори дека земјава е тло на вмровски пензионери.

Ќе биде интересно следниве години. Веќе има муабет за влез и на медиуми и др ентитети од една друга земја, промена на политиката и историјата на земјава, што мислам и ќе се случи.
 
Beauty

Администратор
49,875
61,886
113
Најстрашно.

Канал 5 исто дели прво место во однос на доверба со Сител иако не го спомнале тоа на Сител.

Ова е деф најстрашно. Верувам е точно. Граѓани кои не гледаат Телма за информирање, кои не слушнале очигледно за Левица... Ноу комент.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ова е оценката за шареноликиот идиотизам кој ја опфати македонската земја во 2015 и 2016 година.

Памет за кога ќе планирате да го тргате Александрето од власт во Србија, не е поентата само во тоа да го тргнете бидејќи не ви чинел од било какви причини, туку со кого и со што ќе го замените.

Србија мора да остане неутрална, а Македонија мора да го следи нејзиниот пример.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,688
45,239
113
Памет за кога ќе планирате да го тргате Александрето од власт во Србија, не е поентата само во тоа да го тргнете бидејќи не ви чинел од било какви причини, туку со кого и со што ќе го замените.
Немаш гајле, твојот миличок Александар нема да биде тргнат, зошто никој нема корист од неговото тргање. Ниту прост народ сака да го смени, ниту 700 илјада членови од неговата партија, а пак за целата мрежа на уценети и подмитени луѓе за гласови и да не зборуваме. 2 милиони луѓе му дадоа глас на последните избори, ете, супер.

Гледам и партнерите од САД се задоволни со него, така да јас не се грижам за него, ќе си тера доживотно како Тито. И подобро и не треба за овој забеган народ, ниту може да излезе подобар.

Просто немаме капацитет за нешто подобро зошто интелектуална елита се намалува секојдневно и генерално демографската структура е катастрофална.

А тоа што секојдневно оваа држава пропаѓа веќе 10 години во секоја општествена, политичка, економска сфера, тоа не те засега и не треба да те засега. Ниту оваа нација не се грижи за тоа, па немој ни ти.

Најбитно е Македонија да не ја следи Србија во ниту еден сегмент, зошто тоа е рецепт за пропаст. Ни сега не сте Швајцарија, ама барем имате каков таков плурализам на мислење, јаки опоцизиони политички опции и релативна можност за смена на власта, сѐ што во Србија не постои.

Не велам дека со овие има некаква надеж, генерално нема надеж во балканските племенски заедници. И тоа е константа и за Србија и за Македонија, proudly since 1987.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Немаш гајле, твојот миличок Александар нема да биде тргнат, зошто никој нема корист од неговото тргање.

...
Александрето твое не ми е на мене миличок по ниту еден основ, ниту направил нешто за мене, ниту можам да го гласам дури и кога би сакал, не сум државјанин на неговата матична држава.

Ако ти е криво бидејќи ја држи Србија неутрална во американско-европската војна против Русија, тоа е твој проблем, повелете најдете си друг неутралист и него изгласајте го.

...

Гледам и партнерите од САД се задоволни со него, така да јас не се грижам за него, ќе си тера доживотно како Тито. И подобро и не треба за овој забеган народ, ниту може да излезе подобар.

...
И пвеводбениците во Македонија и нивниот пастир наводно не им сметаа на западните хиени, за на крај да им извршат државен удар во 2015 и 2016 година. Батали ја фасадата и погледни убаво под површината, влада која има уво за музиката на западњаците, но сепак не им игра на нивната мелодија, не е влада која може да ги задоволи западните хиени.

...

Најбитно е Македонија да не ја следи Србија во ниту еден сегмент, зошто тоа е рецепт за пропаст. Ни сега не сте Швајцарија, ама барем имате каков таков плурализам на мислење, јаки опоцизиони политички опции и релативна можност за смена на власта, сѐ што во Србија не постои.

Не велам дека со овие има некаква надеж, генерално нема надеж во балканските племенски заедници. И тоа е константа и за Србија и за Македонија, proudly since 1987.
Е па Македонија за жал од 13 август 2001 па наваму воопшто не ја следи Србија, а последиците се повеќе од видливи: од Србите сепак се бара да се откажат од Косово и можеби од Војводина, но не се бара да се одречат од сопствената историја, од сопствениот мајчин јазик, од сопствениот национален идентитет и од самите себеси.

На Македонија и на Србија им требаат македонска и српска комбинирана верзија на Виктор Орбан и Владимир Путин, лидери кои ќе расчистат еднаш и засекогаш со невладините крвопијци, а потоа и со либерално-фашистичките и со прогресивистичко-фашистичките внатрешни структури.

Надежта лежи во расчистување со странските елементи кои секојдневно ги поткопуваат темелите на македонската и на српската држава, корупцијата и криминалот секако дека се фактор, но се додека имаш внатрешни структури спонзорирани од надвор, а кои ги поткопуваат темелите на државата, додека не расчистиш со нив поголеми ти се шансите да останеш без држава во блиска иднина, а криминалот и корупцијата и после тоа никаде нема да си заминат, отколку да ја задржиш државата, а криминалот и корупцијата магично да ги снема.

Повторно земи ја Македонија како пример, ете ти ја анкетата за кого вели дека мнозинството Македонци и понатаму имаат доверба - во поранешен македонски премиер кој живее во азил во Будимпешта. До вакво дереџе не се стигнува преку ноќ, туку со постојано копање на нови дна, а алатите за тоа копање во 2015 и 2016 година ни ги дадоа западњаците.

И како што можеш да видиш соборувањето на "режим" со пенкало донесе само уште поголема и помасовна корупција и уште поголем и помасовен криминал, овој пат масовно поддржани од страна на истите тие западни хиени кои на тебе ти делува како да не им смета Александрето во Србија, а прашање на време е кога ќе му организираат српско издание на шареноликиот идиотизам во Македонија.

Колку и да не ти чини Александрето на власт во Србија, слободно повели смени го од власт, но прво обрни убаво внимание со кого и со што ќе го менуваш. Ако си заменил алигатор со кобра или кајман со поскок, ништо не си постигнал.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,688
45,239
113
На Македонија и на Србија им требаат македонска и српска комбинирана верзија на Виктор Орбан и Владимир Путин, лидери кои ќе расчистат еднаш и засекогаш со невладините крвопијци, а потоа и со либерално-фашистичките и со прогресивистичко-фашистичките внатрешни структури.
Да, да, симболите на мир и антифашизам.

Мислам дека единствено посмешно од фанатиците на НАТО се фанатиците на "миротворци" како Путин и Орбан.

Да не те задржувам повеќе, а ни ти мене.
 
Top