Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,599
113
Фалааааа
Па ова е баш поевтино од ултра скапите А1 и Телеком.

Сакаш да кажеш за 400 ден имам 22 гига на месец плус неограничени разговори и СМСи ???
Да. :) А ако платиш однапред за 3/6/12 месеци па ќе ти дојди уште поефтино (види тука https://www.lycamobile.mk/mk/bundle/lyca-mega-3/ )

Имаат ли овие продажни салони ?
За СК не знам, ама во другите градови немаат. Мислам дека и Скопје е исто, ама не сум сигурен. Можеш да ги начекаш со штанд некаде, веројатно во некој трговски, а можеш се` да средиш и онлајн.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
А префикс кој е ?
Знаете луѓе што ги користат? Задоволни се?
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,172
21,599
113
А префикс кој е ?
079.

Знаете луѓе што ги користат? Задоволни се?
Јас лично користам и за парите сум задоволен. Има недостатоци како на пример не можиш паркинг да платиш, не можиш донација да пуштиш...значи со такви специјални броеви ништо не можиш. Во роаминг има лоши искуства, не функционира како што треба. Има проблеми и со онлајн надополнување некогаш. Оние што секој месец надополнуваат, се жалат дека некогаш не им работи системот. Тоа е она што ми текнува како недостатоци. Инаку, ако имаш при-пејд бројче од Телеком или А1, како резерва во случај да ти затреба онаму каде што со Лајка бројче нешто не можи, тогаш за разговори/СМС/нет во МК, Лајка е многу добра, да не речам одлична за парите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: nina

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Ги имаш и на каса во рамстор маркетите и во анхоч.
Броевите се бесплатни
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Како тоа бесплатни?
Па како да активирам и платам пакет?
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Како тоа бесплатни?
Па како да активирам и платам пакет?
Бесплатно го зимаш бројчето от рафика, рамстор или анхоч секако со 0 денари кредит и после на некои од пунктовите на Лајка или на веб страницата ќе си го активираш бројоти од веб сајтот ставаш кредит и активираш пакет .

Јас бев на А1 операторот потоа се префрлив на лајка преносливост на број. Сега онлајн си ставав кредит 500 мкд и автоматски ми се активира пакетот
30 гигабајти (1 гигабајт на ден)
и бесплатни разговори и смс кон сите мрежи
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
И задоволен? Има нет, све е ок?
Да презадоволен сум. Не го трошам за музика дома си слушам музика на јутуб ако ми се допадне некоја песна си ја симнувам на тел, а вака да слушам надвор од дома музика на јутуб не.
Доволен ми е 1 гигабајт на ден за социјални мрежи за твпакет и веб сајтови. Инаку лајка ја има мрежата на А1
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Па чим имаш 30 гига, онда за све можеш да го користиш. Зошто би симнувал и би го трупал телефонот ако имаш нет за Јутуп ?
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Па тоа не троши 1 гига на ден чим не слушаш песни од јутуп, не гледаш цел ден видеа од Инста и Тик ток и не гледаш Султани на тел.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Јас мислам треба сите оператори да напраат да има префрлање на непотрошениот мобилен интернет нареден месец. Телеком тоа го има за другиве оператори не знам. Барем ова да е достапно за пакетите на претплата поспејд.

Има сигурно денови кога пример сме некаде на одмор 10 дена каде немаш прилика да трошиш мобилен интернет поради скап роаминг а одморот ти завршува некаде крај на месец и не си имал можност да потрошиш. Зошто да останатиот да не си го истрошиш нареден месец а со тоа да добиеш повеќе интернет.

Исто можноста некој од кругот на тие што се на иста претплатничка сметка да ти префрли интернет кога немаш е одлична опција.
 
Top