некако меркиве сега што ќе бидат ми се не толку разјаснети и некако задоцнети.
Па и нема потреба да ти бидат разјаснети кога власта насекаде е неспособна да се справува со вирусот и се прави луда затоа што ѝ така одговара. Е кога ќе дојде моментот за да се преполнат болници и да настапи хаос од големи размери, тогаш дај мерки.
Југославија можеби имаше 300 маани, ама тоа како се справуваше со вариола вера во 70тите дефинитивно не беше една од нив.
Тогаш никој не те праша дали сакаш да се вакцинираш или не, мораш и крај на приказната. Јавно здравје беше најбитно, во склад со тоа се и правеа вакви работи.
Тоа не беше демократски, точно, но денес постојат механизми кои можат да се искористат во процесот на заштита на јавно здравје, што прават Франција и Израел, на пример.
На Балканов нема шанси тоа да се случи затоа што на овие лудаци на власта им е гајле само за рејтинг, ништо друго. А такви одлуки не им одат во полза на рејтингот.