Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Само да ве поздравам, жив сум, ама немам време да ви ги прокоментирам сите настани...

Ама накусо, првиот настан, смртта на Војче, братот на претседателот Пендаровски... Интересен настан :) Војче беше вработен во Агенцијата за разузнавање, која е под надлежност на Претседателот на Републиката. Со неа раководи Еролд Муслиу (звани клето-турче, не е навреда кон турското етничко малцинство). Војче имал проблеми со алкохолот, а и се заканувал често со службеното оружје и бил со дисциплинска. Вработен е уште во времето кога Стево не беше прв човек на државата. Шо непотизам, шо судир на интереси? Заташкувањето на случајов го спроведе Тони Ѓуровски, викан Ѓуро палица, по директна наредна на Еки, на барање на Стево. А зошто би се заташкало ова, останува да размислите.

Дипломатскиот скандал со дипломатот Миле Миленкоски шо го апсеа на граница од страна на српската БИА (безбедносно-разузнавачката служба на Србија)... А да, тука е и другиот пензиониран дипломат, што никој не го спомнува или го даваат со иницијали, а се вика Стево Симоски. Се сеќавате на случајот дека поранешни оперативци на УБК надвор од свои надлежности, работеле надвор од Македонија, за странски служби? Е па ај да видиме дали Фросина Ременски е во право за двојните идентитети на тие агенти што оперирале со жолто комбе надвор од Македонија... Иначе оперативците извлекувале криминалец, за кого Македонија немала интерес, но некој друг имал.
Наводната роднинска поврзаност на „дипломатов“ Миле Миленкоски со Мијалкови е демантирана, но што ако роднинската поврзаност е со Фрчко, а не со Сашо... Дополнително, за тројцата дипломати/агенти, има исто проблеми од аспект како добиле безбедносен сертификат... Каде е тука АНБ на Викторио Димоски што извршила безбедносна проценка на овие дипломати што работат со класифицирани информации... И секако, како тоа Стојан Славески од ДБКИ го издал сертификатот без соодветна безбедносна проценка од страна на безбедносната агенција?
А да, да прашам за што беа наменети пола милион евра што сакал да ги внесе во Македонија... Сигурно е чиста коинциденција со локалните избори и пописот наредниве месеци.

А за крај, во врска со случајот со Кицеец... Јавна тајна е дека никогаш не влегол у затворот, туку цело време е по струшките плажи... Тоа со слободни денови, одмори, не знам што ли уште не, нема да го коментирам, оти е ноу сенс. Но јас би прашал, што мајка бара Милош Трајановски, агент оперативец на Агенцијата за национална безбедност во придружба со криминалецов? Гарант нешто случајно се погодил дечково на Стража, еве можеби вршел проценки околу мигрантите што се во хотелот Белви во периферијата на Скопје.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Не знам, нели има некој асален и нормален од Европа, Америка, било каде да види што се дешава тука?
Не ми е јасно како се дозволува ваков башибозук.
Ги заболе надворешните држави за тоа што се случува тука.

Еве како за споредба, колку ти е на тебе гајле што се случува кај нив ?

Еве ти примери, сигурно не си можела да заспиеш од пуста секирација откако (НЕ) си ги прочитала.

Антифа наставникот и неговите мали револуционери

Дали Калифорнија после 10 години ќе добие републикански гувернер?


Колку што ти се секираш за нив, толку и тие се секираат за тебе.

Секоја лага содржи одреден процент вистина, па така на пример, првиот говор на Адолф Хитлер како канцелар на Германија на 10 февруари 1933 не е исклучок.

Во својот прв говор како канцелар на Германија, Хитлер им вели на Германците да не очекуваат помош од надвор, туку самостојно да си ги решат проблемите. Тоа е само една од вистините во само еден од многуте негови говори кои не важат само за Германците, туку и за нас Македонците и за остатокот од светот.

Со зборови од типот "нас никој не не` прашува, се` е одлучено одозгора" се правдаат само тие кои чекаат некој друг да им ги решава проблемите, додека нивната мрзеливост и апатија ги водат кон бездната на пропаста.

Доста му ја мислите што велат и/или што мислат странците, вашиот двор е ваш имот и вие треба да си го исчистите и да си го потсредите.
 

Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
Ама како да се исчисти овој двор кога ова сега е страшно, ова е буквално страшно, безизлезно, срамно, понижувачки, лошо.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Скопје.
 

Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
Ау, Ветување, подобра пауза немало досега!
Да потраеш уште сто години 334545
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,181
21,626
113
А глупите од Сител наместо да го пуштат пресот во живо, ја пуштиле изјавата на Филипче од вчера. :of lele:
 

Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
Сител се изгубија информативно, не знам зошто. Ниту на сајт ажурираат инстантно вести.
Испаѓа реално дека Канал 5 е најбрза во пренос на информации.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ау, Ветување, подобра пауза немало досега!
Да потраеш уште сто години 334545
Чисто информативно, ветување е најсоодветен израз за најавата од Вилипчето од вечерва, буквално ветил дека ќе поднесе оставка, што не значи дека истата ќе ја поднесе.

Подобро кажано, ќе поднесе писмена оставка, но истата не е неотповиклива, што значи дека останува простор за зајко кукурајко да ја одбие оставката и толку од ветувањето.

Не се радувајте предвреме.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,181
21,626
113
За да може да ти падне, прво треба да ја имаш.

 

Beauty

Администратор
49,884
61,903
113
-Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа на претседател на државата.

Не да не си дозволуваш, не можеш ни да замислиш што е тоа анализа, а не па длабинска :smeenje:
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Жално што има луѓе кои искрено го мислат ова.

 
Top