Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ма каква историја, ми притребала, па и ти.
Дaj нешто како Ендош, Естрамботика... историја па и ти :haha:

Се шалам, ама стварно немам ни време ни живци за да памтам дека сме дискутирале за еволуцијата на Чарлс Дарвин.
Па и не мораш да памтиш дека сме ги спомнале Чарлс Дарвин и неговата теорија на еволуцијата, историјата им се повторува на тие кои не си ја знаат, а повторувањето е мајка на знаењето, без разлика дали памтиш или не.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/koi-se-novite-dechki-na-koronata

Кои се новите дечки на короната?

7 Март 2021 - 18:56

Иако се чинеше дека со брзо произведените вакцини ќе го сардисаме вирусот, неговите нови варијанти односно соеви покажуваат дека тој не ни помислува да го предаде натпреварот. За новите играчи во екипата на вирусот.



По неколкумесечното примирје, загриженоста околу коронавирусот брзо прогресираше во последните месеци.

Прво научници во Велика Британија забележаа позаразна варијанта на коронавирус која како шумски пожар се пренесе во лондонската област. Потоа истражувачи во Јужна Африка регистрираа сој кој го избегнува имуниот систем а аларм вклучи и Бразил откако беше детектирана варијанта која се чини дека може одново да зарази луѓето кои гои прележале вирусот.

А да не биде тука крај, американски студии навестуваат дека и кај нив се развиваат автохтони соеви на новиот коронавирус.

Накратко, вирусот го прави она што му е работа и што му е неопходно за да преживее: еволуира и наоѓа нови начини да дојде до човечки организми.

„Вирусот досега зарази милиони луѓе и веројатно допрва развива поинтимен однос со нашиот вид“
, вели Џереми Камил од Универзитетот во Луизијана, истражувачот кој пријави американска мутација што се појавува во различни делови од земјата.

Поради новите соеви, во моментов се чини дека вирусот повторно е во предност а ние пред можна нова офанзива од новите варијанти со загрижувачка опција во меѓувреме да се појават и други соеви бидејќи короната и натаму нема сериозен проблем да доаѓа до нови домаќини во кои ќе ги вежба своите тактики.

...

Па да не испадне после дека не ви било кажано.

Второто ќе да е - задруга.

Од Чарлс Дарвин па наваму, современата наука се темели врз општо прифатениот став дека сите живи организми мутираат, односно еволуираат.

Општо е познат фактот дека вирусите - кои исто така се живи организми - исто така мутираат, односно еволуираат. Токму како последица на ваквата еволуција, вакцина против грип од пред 10 години нема да помогне нешто многу против денешниот грип, бидејќи како што човечкиот организам се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува до некаде ограничен имунитет против грипот, така и грипот се прилагодува на околностите и по пат на еволуција стекнува имунитет против одредени вакцини.

Истото важи за сите живи организми, вклучувајќи ги и сите вируси.

Но во балканската задруга, министер за здравство отворено и јавно изјавува дека пандемиски вирус мутирал - еволуирал - и како последица на тоа ослабел, односно повеќе не предизвикува иста штета врз човечкиот организам како што предизвикувал кога за прв пат се појави и кога беше прогласена пандемија од истиот вирус.

Научната заедница под мутација подразбира природни промени кои предизвикуваат еволуција, а не де-еволуција. Природна промена е преминувањето од зима во пролет, кога грипот не слабее, туку нема услови за да продолжи да се шири, што не значи дека му се случила де-еволуција, туку запрело неговото ширење, што не значи дека не живее во некој друг организам кој му служи како домаќин и ја чека наредната зима за да се пренесе повторно во нечиј човечки организам за повторно да почне да се шири.

Во нормална држава научната заедница веднаш јавно би реагирала со цел да ги оспори ваквите тврдења на министерот за здравство, нешто слично како што во САД научната заедница редовно ги оспорува приказните на Доналд Трамп од типот "станува збор за обичен грип", "лек за маларија помага против корона вирус", "треба да се обидеме да изнајдеме начин да им пружиме терапија со средства за дезинфекција на заболените од корона вирус" и слични бисери. Но во балканската задруга научната заедница или молчи - а како што знаеме, молчењето значи одобрување - или глуми лудило велејќи дека не се согласуваат со министерот за здравство, но сепак ги прифаќаат неговите одлуки.

Патем, има ли научна заедница во балканската задруга ?
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Ma и преку недела. Што ако работат кафичите кога не е тоа тоа. Некогаш сама си седам во кафич, зошто некои не сакат да идат уште во кафичи.
Викни ме мене да ти правам друштво. Ќе донесам и негативен тест. :smeenje:

Сама бе, сама си седела во кафиќ :haha:
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Од утре повторно полициски час од 22.00 часот до 05.00 наутро
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Во Чаир пак не се почитува полицискиот час. Синоќа во 23.00 часот си се шетав низ јаја паша улицата
 

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
А зашто си се шетал ?

Викни ме мене да ти правам друштво. Ќе донесам и негативен тест. :smeenje:

Сама бе, сама си седела во кафиќ :haha:
Нити лажам нити крадам, за што да се срамам ?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Во Чаир пак не се почитува полицискиот час. Синоќа во 23.00 часот си се шетав низ јаја паша улицата
Елај кај мене у Топанско, у комшии сум ти... Ќе пиеме заедно кафе на клупа...
Додуша ќе барам да те приведат ама тоа не е тема сеа, ти само намини пак... ;)
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Зашто е глупо да одиш сам во кафана. Што би рекол Зз опшествено правило. :haha:
Искрено и јас си одам сам некогаш во кафуле.

Сега откако не работат кафулињата до доцна полноќ, пред да воведат полициски час со друштво семки си грицкаме на клупа.
 

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
Зашто е глупо да одиш сам во кафана. Што би рекол Зз опшествено правило. :haha:
Ама кој тоа вика така ? Какво правило? Во Северна Кореја или Кина да не сум па да имам такви правила ?
Одам, пијам кафе или пијачка, ако е убава музиката може и да заиграм и толку. Нити правам зло нити му сметам некому.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Иди бе маци, нема закон за тоа, али многу пребираш, не викај после ко ќе останеш стара мома. :haha: :haha:
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
А кај виде ти дека пребирам ? :hehe:
Па ете те викам на кафе, Аслан ете ти посочува сам одел на кафе, мислејќи дека ќе ти текне да го викнеш, ама ти не јас сама идам. Оукеј. :406389:
 

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
А ти мислиш ја секој ден идам сама на кафе? :haha:
Кажувам дека се погодило, не знам, два три пати во пандемијава
 
Top