Малце во врска со корона ситуацијата...
Верувам а и лично мислам дека е неопходно да се зголеми полицискиот час, бидејќи сегашното од 21 до 5 е смешка, играчка работа... У најмала рака треба од 18 часот да се воведе полициски час. МВР нема доволно капацитет, затоа мора да се активираат резервните состави... Исто е и со АРМ, наместо да чува Собрание и Влада, да се ангажира на терен и таа со дополнителен резервен состав.
Ако ескалира состојбата, тек тогаш ќе е хаос по улици поради неконтролираната паника кај народов. Во случајов со короната има неколку клучни аспекти: најпрво економскиот кој е пред апсолутен колапс, вториот е медицинскиот кој у моментов колку толку се труди да опстои но и тој ќе пукне, а на крај е безбедностиот за кој што говорам погоре... Не дај Боже да тргне напливот на мигрантите, тек тогаш ќе имаме и четврти аспект во земјава, а тоа е хуманитарниот за кој реално немаме некоја поголема помош од странство, освен странска полиција на границата, но економска донација шипки варени.
Ќе речете дека медицинскиот аспект треба да е прво место, но грешите. Економскиот, од проста причина што ќе испоумрат луѓе од глад... Како? Е па кога ќе се врати нашата дијаспора и гастабајтерите од странство, ќе нема кој да праќа пари за да купуваат луѓево овде. Да не се лажеме, девизите ни ја крепат економијата, а без нив ќе бидеме и те како во колапс допрва. Да не зборувам што дојденциве од странство се голема здравствена закана поради можно пренесување на заразите. Враќањето на нашинциве, ќе е предизвикано од најмалце две работи: прво од немање работа таму, второ немање имот таму за да останат а можеби и како трета опција е: бркање од страна на земјите кај што престојуваат со цел да си се самозаштитат.
Економската борба допрва претстои, можеби у наредни 3-4 години... Да, најбрзо што може да се осетат некои подобрувања у најдобар случај се во месеците октомври-ноември т.е. четвртиот квартал. Но целокупно гледано на подолг рок, дури за некоја година.
Од здравствен аспект, не сум најстручен, но ако успееме да се справиме со вирусов до кај јули-август, ќе биде одлично.
Да не ме сфатите погрешно, неќам да се шири паника, едноставно полека да се спремаме дека работите се менуваат... Економијата е цикличка, се очекуваше криза, но не и со вирус... Но се' ќе се врати на старо, само треба подолго време од утопистичките размислувања. Но за да се врати на старо, треба да се има кадарни личности, што според мене лично, субјективно можеби, немаме премногу во моментов.