Неќам да навредам нит па да бидам сфатен погрешно, ама се глеа дека си гласал за сдс на нашата земја...
Со другар ми на шега (а може и пола вистина), си велиме, не дај Боже да дојдам на власт, има да ве ставам на детектор за лаги, а тој шо гласал раката да му ја сечам... МУхахаха
Ја пак ќе си речам, младината што не преживеала транзиција и не ги знае СДС на нашата земја, гласаше за нив оти веруваше... Тој што видел мака од таа багра, си знае и никогаш нема да гласа.
Исто и тие што имаат одредено национално чувство не би гласале за тие што има да редиш и да редиш негативни постапки против националните интереси на македонскиот народ.
И чисто да те поздравам дека не сум гласал за ВМРО за да бидам во администрација... Тотално со други работи се занимавам во животот, далеку сум од администрација, ниту пак имам членска книшка... Ако ја сум цитирам: „невреден“, тогаш стварно не сакам да знам каков си ти брат ми... Јас зад себе имам доволно со што можам да се пофалам...
Од друга страна, ме интересира како ќе реагираат и другите членови што можеби ќе се осетат навредени оти нели, и тие се невредни и сакаат да бидат во администрација.
Ќе се повторам, не го оправдувам крадењето на пари, ја оправдувам целта: спасување на македонската економија и будењето на националното чувство.
Нема да именувам за кој лик станува збор, но ќе го цитирам: „му викавме дај бе не ставај галиите, не ти треба тоа, ама не, он ги лупна“.
Но не може да ми каже некој и да ме убеди дека не требаа споменици на Карев, Питу, Гоце, Јане, Карпош, Чакаларов и плеада на други знајни и до тогаш не знајни јунаци. Или да ми каже дека не трбеаше МНТ да се изгради или пак Музејот на македонската борба за државност и самостојност... Или да ми каже дека МНР треба да плаќа кирија и да е во крш простории за некој од сдс да зема кирија... Имаа многу маани, да, се сложувам, ама во споредба со неспособната багра сега што е, ќе си ги бара народот и нема да му текне да ги гласа пак едно 10 години...
За 10 години ќе дојде пак Омладинава и ќе се праи препаметна и ќе зафркне повторно цела нација...
ps: да, свесен сум дека сум политички некоректен, ама морам оти чувствувам таква потреба да се искажам на оваа тематика... Без притоа да навредам некого, како што се осеќам навреден од погоре дека сум неспособен административец или како да го парафразирам.
Ај сети се дека имаше седници на комитите и ги исклучија тие кои продолжија да играат... Не верувам да си слушнал, секако дека и немаш ни такви информации, но имаше Панорама 3...
И откако ги исклучија, пак си продолжија тие со бракот, но напоменувам, не се тие веќе во партијата.
Секако, не си оперативец за да знаеш работи.