Човече, не ми се верува дека го имавме Зоки
Целата таа филозoфија на зборување и кажување детски приказни со детски гримаси се бесценети. Замислете кои глупости ќе се кажеа да беше актуелен периодов. Последно беше онаа приказна со чекич и танцување во време на корона. Како некој основец кој ќе прочита два реда и ја раскажува лекцијата како да е научник.
Да не зборам пред време, може и пак да го имаме.
Прегризај бре јазик, помести се од место, чукни во дрво, поплукај три пати хахахаха може и пак да го имаме вика хаххаха бреееј сус таму администраторке, ајде сега не коби да не чуе натемагото...
Доста беше и он и оваа гарнитура... Да не ме сфатите погрешно овде, не сум ДПМНЕ, ВМРО ок е оти сум македонец (кој сфати - сфати разликата). Но да гласам за СДС на нашата земја, нц, тешко, никогаш... Попрво за ДУИ него за овие црпкиве хахаха.
Политичарите се огледало на луѓето. Ги заслужуваме сите, од Грујо, до Вучич, до Заев.
Ха, не се сложувам од политиколошки аспект. Сметам дека е обострано. Како што народот си го избира својот лидер, така и лидерот го насочува и креира својот народ.
Сакам да речам следново: да не беше одредена личност, за пола македонски револуционери немаше да се знае, со што не би се издигнало македонското национално чувство. Да не беа одредени проекти, немаше да се знае кои сме и кој се' гинел за нас.
Но од друга страна, ние како народ не мора да значи дека сме лоши ако и лидерот е таков. Лично ме навредува ваквото индиректно споредување со црпко... И со Бране да ме споредиш е океј, ама со Црпко немој живти све.
Да не навлегувам, политичката психологија и политичката култура се комплексни гранки на мојата струка, но накусо, тврдењето не ти е до крај издржано, иако одреден ден од луѓето може да се поистоветат со политичарите.