Познатата српска и една од најдобрите и најатрактивни жени на југословенското глумиште, Неда Арнериќ, почина во 67-та година од животот. Според српските медиуми, била пронајдена мртва во нејзиниот стан.
Според српски Телеграф, Арнериќ ја нашол нејзиниот брат мртва, седната на трпезариската маса, без траги на насилство.
Веднаш се повикани Полиција и Брза помош. За Арнериќ беше познато дека пати од депресија и во неколку наврати проба да си го одземе животот.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 во Књажевац и имаше богат творечки опус како глумица. Поната е по многу главни и споредни женски улоги во филмови и театарски претстави. На нашата публика и е позната по улогата на Атина Бојаџи во „Исправи се, Делфина“ на режисерот Александар Ѓурчинов.