Прво празникот е Бадник и не е пагански, поповите ја нарекуваат песната паганска ради тоа што го содржи, па сега почнаа по градовите да одат поворки да пеат христијански песни ала Вечниот бог. Мене ваквите поворки ми се сосема без везе и ако сто години се пеело Коледе леде, нема зошто тоа да се менува.
Самото тоа што поповите во најстроги пости мрсат, што локаат ракија и покрај тоа што не смеат и што прават пагански работи и се расшетуваат со џиповите што ги купиле од маката на народот не е паганско, ама песнава е паганска. Така што луѓе почитувајте си традициите во вашите места и уво да не ве боли што зборат поповите, бар од мене поп почит не добива. Они треба да се за пример како треба да се однесуваат верниците, а не да ги кршат верските заповеди.
Кај нас се дели паре за Бадник, а оган не се пали ни сега ни за Василица, оган се пали за Прочка и со самото прескокнување на огнот тогаш се симболизира проштевање на гревовите, за разлика од огновите што ги палат сега без никакви симболики.