Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Ова ми е најубавиот ден, првиот ден од годината.
Мирно, нема многу гужви, повеќето одмараат дома. Иако јас повеќе сакам лето сепак штета што нема и снег да го пополни амбиентот зимски празничен. Излегов на балкон на кратко и времево есенско или како рана пролет со сонце.

Нова година, Бадник и Божиќ без снег како жена без цицки :406389:
 
alek

Активен Член
785
249
43
Среќна и од мене се нај добро.
Инаку како се движеа новгодишните менија по другите градови во Кавадарци од 2000 па нагоре, и неделата пред нова година имаше пред новогодишно мени 600 денари во секој ресторан.
 
anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245

Кај нас во кафич беше 1400
 
Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Среќна нова година на сите. Ви посакувам успех и здравје во животот.
Сакам да ви се извинам за сите навреди и глупости. Се надевам ќе ми простите.
Ваш Аслан
 
kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Среќна нова година на сите. Ви посакувам успех и здравје во животот.
Сакам да ви се извинам за сите навреди и глупости. Се надевам ќе ми простите.
Ваш Аслан
Ова беше ШОК, ШОК, ШОК!!!

Инаку, фала. И тебе среќна нова година, здравје среќа и успеси.
 
anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245
113
Другари, за многу години Коледе
Како е кај вас, се пали оган, се дели погача со паричка?
 
kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Другари, за многу години Коледе
Како е кај вас, се пали оган, се дели погача со паричка?
За многу години.
Кај нас се собираат друштва, се пали оган вечер. Погача со паричка се дели утре, на Бадник. Некои делат и на Василица.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
Другари, за многу години Коледе
Како е кај вас, се пали оган, се дели погача со паричка?
За многу години. Кај нас оган не се пали. Паричка делиме и за Бадник и за Василица (за ова второто не сите, ама ние делиме :) )
 
anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245
113
Кај нас не на Василица, туку сега и утре
Се пали оган и се дели паричка, кај кого се падне, тој е кум и наредната година и спрема трпеза кај оганот

Да ви се пофалам, јас сум новиот кум :904400: :904400: :904400:
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,103
113
Другари, за многу години Коледе
Како е кај вас, се пали оган, се дели погача со паричка?
Kaj нас тоа со оган се прави вечерта на Бадник собиранка по малските места и плус има традиција некоја како да е маскембал за први април повеќето кој си сака да се маскира. Паметам како дете помал бев многу проблематичен за тоа маскирањето. Секоја година на крај дента се мислев за маската, нервози, расправии со мајка ми.

За лепче погача со паричка кај мене во фамилија го правиме за Бадник се собираме кај баба ми вечерта. Годинава најверојатно нема да правиме затоа што баба ми е во малку лоша состојба здравствено :(( Додека пак за Василица комад со паричка прави мајка ми и семејно само се дели и јаде.
 
Ее тоа со маскирање е кај нас за Василица :406389: И за Василица ние делиме зелник со паричка, не погача. Абе различни места-различни обичаи.
 
kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Ее тоа со маскирање е кај нас за Василица :406389: И за Василица ние делиме зелник со паричка, не погача. Абе различни места-различни обичаи.
Кај нас со маскирање е на Прочка, а на Коледе немаскирани и ја пеат познатата песна.

Коледе леде паднало греде
утепало деде деде се мачи
баба го квачи со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе, утре е Божиќ
ќе колеме теле теле вика леле
не колете мене ќе ви купам зеље
да месите пита да јадете сите.
Коледееееееееее…
:haha: :haha: :haha:
 
Top