Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Ее тоа со маскирање е кај нас за Василица :406389: И за Василица ние делиме зелник со паричка, не погача. Абе различни места-различни обичаи.
Еве најточно како е за утрешниот бадников ден кај нас Тетово

Тоа со погача со паричка баба ми го прави за Бадник. Некој кажуваат тоа било правилно за Василица да се прави.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,961
9,599
113
Кај нас лепче со паричка се прави и за Бадник и за Василица (на Василица само кај некои, не кај сите).
На Бадник е во кругот на семејството, а на Василица обично се собираат пријатели, соседи итн. и имаат заедничка вечера.
Вечерта спроти Василица (на 13 јануари) се маскираат луѓето и одат по куќите и собираат ракија, грав, пари, такви работи.
Исто и на 2 јануари децата одат по куќите (немаскирани) и собираат пари, бонбончиња, костени, ореви итн. Ова е т.н. празник јаренце-пиленце.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
@Steff кај вас во Срб нема ништо од ова?
Не да јас знам. Има секакви обичаји и кај нас ама за Василици, Коледи, кумови, јаренца-пиленца досега немам слушано.

Ова маскирање има и кај нас во одредени делови на земја, но тоа се разликува од село до село, од град до град. Јас знам за некаква Бела недеља кога се луѓе маскираат, но мислам дека тоа врска нема со овој период на година и празници.

Лепче со паричка е стандард, некој прави за Бадник, некој за Божиќ, некој и за таа Василица што вие викате.
 

Beauty

Администратор
49,900
61,927
113
Мене Коледе/Бадник ми се омилени. Од огнот, до децата што пејат, до лепчето..... преубаво 334545 Само имам впечаток дека порано многу деца одеа на Коледе, денес доста помалку.

Лепче со паричка е стандард, некој прави за Бадник, некој за Божиќ, некој и за таа Василица што вие викате.
За Божиќ??? За Божиќ не се прави :406389:
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Прво празникот е Бадник и не е пагански, поповите ја нарекуваат песната паганска ради тоа што го содржи, па сега почнаа по градовите да одат поворки да пеат христијански песни ала Вечниот бог. Мене ваквите поворки ми се сосема без везе и ако сто години се пеело Коледе леде, нема зошто тоа да се менува.

Самото тоа што поповите во најстроги пости мрсат, што локаат ракија и покрај тоа што не смеат и што прават пагански работи и се расшетуваат со џиповите што ги купиле од маката на народот не е паганско, ама песнава е паганска. Така што луѓе почитувајте си традициите во вашите места и уво да не ве боли што зборат поповите, бар од мене поп почит не добива. Они треба да се за пример како треба да се однесуваат верниците, а не да ги кршат верските заповеди.

Кај нас се дели паре за Бадник, а оган не се пали ни сега ни за Василица, оган се пали за Прочка и со самото прескокнување на огнот тогаш се симболизира проштевање на гревовите, за разлика од огновите што ги палат сега без никакви симболики.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,703
45,248
113
Последен пат уредено:

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Христос се роди. Среќен празник, убав пријатен празничен ден каде и да сте и со кого и да сте денес.
 
Последен пат уредено:

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Дечки најпрво Христос се роди и нека е за многу години новото лето Господово. А воедно и среќна Нова 2020 година нека е со задоцнување.
Здравје, среќа, љубов, пари и успех на сите полиња и нека биде мир Божји меѓу нас.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,757
6,116
113
Касниш доста ова со Бојана и Сергеј е уште додека 1тв постоеше.
 
Top