Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
А плус како што беше претходно 100 минути кон другите мрежи? Мизерија.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Нека влези Телекабел, ќе ги "стутка" малку. Само не знам дали ќе биди распространет низ цела територија или само каде што можат другите услуги да се користат.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,092
113
Јас мислам Телекабел ќе биде виртуелен како Lycamobile што е.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Некој се подготвува за влезот на Телекабел...

А кој ти рекол дека ќе биде баш Телекабел ?

Воопшто не е во корист на нас корисниците трет мобилен телекомуникациски оператор во Македонија да биде Телекабел, особено не сега, кога им тргна бизнисот со плавите жолтици преку пропагандата на телевизија 24. Ако Телекабел стане трет мобилен телекомуникациски оператор во Македонија, наместо трет мобилен телекомуникациски оператор, ќе добиеме трет телекомуникациски профитер од типот на Македонски Телеком и Вип.

На нас во Македонија ни треба светски бренд од типот на норвешки Теленор или шпанска Телефоника, а не локален телекомуникациски оператор да прерасне во мобилен телекомуникациски оператор, а ние обичните корисници да останеме главните - ако не и единствените - губитници.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
А ти имаш сомнеж дека нема да биде Телекабел?
Цела година слушаме чаршиски муабети дека Телекабел се подготвува да стане трет мобилен телекомуникациски оператор во Македонија.

Јас велам не дај Боже, бидејќи не ни треба трет телекомуникациски профитер од типот на Македонски Телеком и Вип.

На мене лично ништо нема да ми смени постоењето на трет мобилен телекомуникациски оператор во Македонија, но лично сакам тој оператор да биде светски бренд, а не локален оператор.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,092
113
Знае некој точно кога би требало Телекабел да почнат со мобилнава виртуелна мрежа ?
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Вип станува А1



Телекомуникациската компанија Vip, која е присутна на македонскиот пазар речиси 12 години e член на А1 Телеком Австрија Групацијата, водечкиот комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа. А1 Телеком Австрија Групацијата обезбедува услуги (мобилни и фиксни) за приближно 24 милиони корисници вклучувајќи телефонија, безжичен интернет, мултимедијални услуги, податочни услуги, решенија во облак и ИТ услуги, решенија за наплата и дигитални услуги.

Во 2017 година, А1 Телеком Австрија Групацијата ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Vip на македонскиот пазар. Оттука, во текот на оваа година Vip брендот ќе биде заменет со А1брендот.

Со континуираните инвестиции и иновации уште од самиот влез на македонскиот пазар, Vip значително придонесува во развојот и унапредувањето на телекомуникацискиот пазар во земјата. Овој тренд и натаму ќе продолжи и под брендот А1, со нови вложувања во мобилната и фиксната инфраструктура, технологии и мрежа на нови генерации, притоа поттикнувајќи го развојот на дигитално општество. Во исто време, под новиот А1 бренд, компанијата ќе продолжи да нуди иновативни решенија кои ќе одговараат на сите комуникациски потреби на корисниците , притоа зацврстувајќи ја дигиталната трансформација на македонското општество.

“Пред речиси 12 години, Vip влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и предизвика вистински конкурентен натпревар. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Vip силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво. Водејќи се од едноставното мото „Повеќе за вас“, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Оттогаш па сè до денеска, континуирано воведуваме иновативни производи и услуги, како и изградба на сопствена 3G и 4G мрежа. Во текот на овие години, Vip се трансформираше од само-мобилен оператор, во потполно конвергентна компанија која нуди мобилна и фиксна телефонија, ТВ и ИКТ услуги. Но, ние не застануваме тука. Со прилагодување на дигиталната еволуција која се случува околу нас, еволуираме и ние и стануваме дигитална компанија. Со брендот А1, сакаме да ја зајакнеме нашата позиција како партнер од доверба за нашите корисници, кој ќе им понуди соодветни решенија кои ќе ги збогатат нивните животи и потреби за дигиталната ера. Во соработка со нашите корисници, ќе осмислуваме нови паметни решенија со кои тие ќе можат да уживаат во дигиталното време“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство. И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега.

За повеќе информации посетете ја веб страницата www.A1.mk

За А1 Телеком Австрија Групацијата:

А1 Телеком Австрија Групацијата која котира на берзата во Виена е водечки провајдер на комуникациски решенија во Централна и во Источна Европа, со околу 24 милиони корисници во седум земји: Австрија (А1), Бугарија (A1 Bulgaria), Белорусија (Velcom), Хрватска (A1 Hrvatska), Словенија (A1 Slovenija), Србија (Vip mobile) и Македонија (оне.Вип). На крајот на 2017 г. приходот на Групацијата изнесува околу 4,38 милијарди евра обезбедувајќи комуникациски и платежни услуги, интернет , решенија за наплата и интегрирани деловни решенија. Околу 19 илјади вработени и врвна широкопојасна инфраструктура овозможуваат дигитално работење и начин на живот истовремено овозможувајќи поврзување на луѓето, на компании и на нештата било каде и било кога. А1 Телеком Австрија Групацијата е европска деловна подружница на еден од најголемите телекомуникациски провајдери América Móvil со седиште во Виена и овозможува пристап до глобални решенија.

Извор: https://www.fakulteti.mk/news/03042019/vip-stanuva-a1
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ај да видиме што ќе се смени.
Апсолутно ништо. :)
И понатаму истите проблеми и нервози. Од менување, само името на пакетите, но не и понудата.
Не се способни да променат нешто. Изминативе месец-два само се расправам со нив за буквално секоја можна услуга која им ја плаќам.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Мислам дека ќе ги подобрат тарифите за мобилната телефонија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,092
113
Гледам Vip на Facebook ставиле слика наскоро А1 што можеби значи дека некаде во септември би требало да се случи ребрендинг.
Да видиме дали нешто плус ќе има промена освен дизајн и име.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Гледам Vip на Facebook ставиле слика наскоро А1 што можеби значи дека некаде во септември би требало да се случи ребрендинг.
Да видиме дали нешто плус ќе има промена освен дизајн и име.
Ќе има, ќе има... Промена у цените... У нагорна насока, ќе поскапат како во Бугарија и Хрватска. :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,733
6,092
113
Изгеда на 14 септември ќе биде менување од Vip во А1 гледам тогаш има закажано некаков си концерт A1 world of music во Скопје со Róisín Murphy, Каролина и Македонска Филхармонија и уште некој плус кој не ги откриваат сеуште.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Изгеда на 14 септември ќе биде менување од Vip во А1 гледам тогаш има закажано некаков си концерт A1 world of music во Скопје со Róisín Murphy, Каролина и Македонска Филхармонија и уште некој плус кој не ги откриваат сеуште.
Сигурно тој средниот ќе биде некој балкански изведувач обожаван од народот како Северина, Здравко Чолиќ, Дино Мерлин..
 

Beauty

Администратор
49,864
61,855
113
Кој среден, има слика некаква?

Какви промени, цени... јас мислам уште поскапо ќе биде. ВИП беа супер пред некоја година. Наместо да тераат така, они сега се тркаат со Телеком кој поскапа понуда ќе даде на пазарот.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Јас претпоставувам дека ќе има некој измеѓу. Така беше и за Мангента. Каролина-Северина-Дејвид Моралес.
 
Top