Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Нормално сакаат да ги привлечат корисниците повеќе да се заинтересираат за поскапите пакети. И покрај што на корисниците им се поскапи тие пакети сепак сакале или нејќеле заради некој одредени работи одреден број корисници се одлучиваат да земат поскап пакет.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Пролетно постпејд освежување од ONE



Додека Телеком ги зголемува цените, ONE ги намалува. Истата тарифа што во Телеком е 800/900 денари, во ONE моментално е 560/680
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Пред некој ден наидов на информација дека од претходната година Црногорскиот Телеком нуди хибриден пристап до интернет за оние корисници кои што имаат потреба од оптички брзини, но во нивниот регион нема покриеност со оптичка мрежа. Хибридниот пристап до интернет функционира преку заедничко користење на фиксната и мобилната мрежа, што значи оние корисници кои што имаат АДСЛ интернет, со помош на 4Г мобилната мрежа можат да остварат оптички брзини.

Ова би било добро да се воведе и кај нас.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Не бе, како полошо? Со спојвањето имам сега неограничени и кон ОНЕ. :jupi:
Плус, Комбо пакетите им се поевтини. Не гледам ништо лошо во ова.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Vip со нова понуда за Vip Комбо пакетите - Со Vip Комбо, цело лето без претплата за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија!

http://www.vip.mk/documents/10521/11684 ... 460e2fbd92

Значи после истекот на промотивниот период од три месеци без претплата, се добива и попуст на месечната претплата за останатиот период (во зависност од избраниот Vip Комбо пакет) и плус може да се направи комбинација и да се избере било која тарифа за постпејд мобилните линии.

Е ова е веќе друго
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
НОВИТЕТИ ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

- Измерена најголемата брзина на мобилната мрежа во регионот од над 500 Mbps
- Надградба и на фиксната мрежа – над 100 000 корисници до крајот на годината ќе имаат техничка можност за двојно поголеми брзини
- Заштита на корисниците од небезбеден интернет сообраќај со Телеком Safe Net услугата

Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава и во регионот од над 500 Mbps за симнување (download). Се планира во наредните години, со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.

Во јуни, годинава, со воведување на нова технологија, се постигна двојно поголема брзина во споредба со 4G. Овие брзини, како што беше најавено, веќе се достапни за корисниците на Скопје, центар, а до крајот на годината ќе бидат достапни и во другите поголеми градови.

„Со новата технологија, ќе можете да симнете филм од 2 гига бајти за 20 секунди, додека го спремите вашето еспресо. Направивме уште еден еволуциски чекор во технологијата, брзината што денес ја измеривме е најголема измерена брзина, не само во Македонија туку и во регионот и работиме на тоа да стане достапна за сите корисници во наредните 2 години“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Освен мобилната, Македонски Телеком ја надградува и фиксната мрежа. Иако брзината од 1гигабит во секунда веќе е достапна за корисниците со оптика, надградба се прави на постојната бакарна линија со понапредна технологија, со што до крајот на годината над 100 000 корисници кои се на бакар ќе имаат техничка можност за двојно поголеми брзини. Оваа технологија ќе им овозможи побрз интернет и подобра ТВ услуга.

Освен надградбата на мрежите, кои сега достигнуваат големи брзини, Македонски Телеком воведува и услуга – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа. Услугата функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем и ќе може да се активира преку веб страна која ќе се појави во интернет прелистувачот кога корисникот ќе биде поврзан на мобилната мрежа. Со оваа услуга, која се воведува за прв пат на пазарот, корисниците ќе бидат заштитени од небезбеден интернет сообраќај и освен најбрзата, ќе ја користат и најбезбедната мрежа.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Не е баш некоја новост и нема да има ама баш никакво влијание на македонскиот пазар, но вреди да се спомне дека од денес и официјално оне.Вип е во целосна сопственост на Телеком Австрија, откако Телеком Австрија се договори со Телеком Словенија да го откупи неговиот сопственички удел од 45% од оне.Вип, или со други зборови кажано, прашање на време е кога ќе го снема тоа "оне." од "оне.Вип".

Согласно со договорот за спојување на Вип и Оне од 2014 година, Телеком Словенија имаше право до 2018 година - поточно до почетокот на 2018 година - да се откаже од партнерството со Телеком Австрија, што оставаше отворена врата за враќање на Оне како посебен телекомуникациски оператор и за враќање од технички дуопол кон технички триопол на македонскиот телекомуникациски пазар, но со одлуката на Телеком Словенија да го продаде својот сопственички удел во оне.Вип на Телеком Австрија, таквата врата дефинитивно се затвора.

Повеќе од сигурно е дека нема да се врши ребрендирање од оне.Вип во Вип, туку прашање на време е кога Телеком Австрија ќе го ребрендира оне.Вип во А1 Телеком.

http://fokus.mk/avstriski-telekom-stana-tselosen-gazda-na-one-vip/

Австриски Телеком стана целосен газда на Оне.Вип

10/11/2017



Телекомуникацискиот оператор Оне.Вип е во целосна сопственост на Телком Австрија откако оваа компанија ги докупи преостанатите 45 отсто од акциите на македонскиот оператор од Телеком Словенија, објави словенечката компанија на берзата во Љубљана. Акциите се купени за 120 милиони евра.

Меѓу македонските подружници на двете компании беше договорено спојување во 2014 година. Договорот предвидуваше Телеком Австрија Групацијата да има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп да поседува 45 проценти. Договорот, исто така, вклучуваше опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Телеком Австрија Групацијата котира на Виенската берза од ноември 2000 година, и претставува водечки комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа со околу 23 милиони корисници на пазарите каде што работи.
https://plusinfo.mk/vest/133340/telekom-avstrija-stana-celosen-sopstvenik-na-onevip

Телеком Австрија стана целосен сопственик на Оне.Вип

14:50 10 ноември 2017

Продажбата е извршена за 120 милиони евра.



Телеком Австрија стана единствен сопственик на оператор Оне.Вип, објави Словенечка берза.

Телеком Австрија ги купи 45 отсто од акциите кои беа сопственост на Телеком Словенија.

Продажбата е извршена за 120 милиони евра.

Спојувањето на Вип и Оне беше договорено во 2014 година. Догоборено беше Телеком Австрија да има 55 отсто од акциите и целосна контрола во новосоздадената компанија, а Телеком Словенија 45 отсто, со отворена можност за докуп на акции.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Владата почнува процедура за влез на трет мрежен мобилен оператор

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Најверојатно третиот ќе биде Телекабел. Роби Телекабел најавуваше дека ќе станат и мобилен оператор.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Владата не го продава уделот во Телеком, прифатливо спојувањето на позициите на извршни директори

Владата на Република Македонија не го продава уделот на државата во Македонски Телеком, а таква информација немаме ниту од партнерите од Дојче Телеком, информираат за МИА од Владата.
Оттаму додаваат дека сега веќе поранешниот главен извршен директор Андреас Елснер самиот поднел оставка и оти тоа е негова лична одлука која не ја коментираат.
- Во насока на поголема ефикасност на работењето на компанијата еден од акционерите поднесе предлог за спојување на двете позиции на извршни директори во една. За Владата ова решение е прифатливо, но ќе ги разгледаме сите детали од новиот предлог концепт за работа на компанијата по што нашиот став ќе го кажеме на Собранието на акционери, каде државата ја има златната акција, наведуваат од Владата.
Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски Телеком Андреас Елснер на 1 јули годинава заминува од компанијата.
На позицијата главен извршен директор на компанијата Елснер беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата со успешни резултати во првото тромесечје од 2018 година, со раст од 2,6 отсто во однос на минатата година и водечки позициониран бренд.
https://mia.mk/Mobile/mk/Home/RenderSin ... =134279550
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Ниту владејачките плави жолтици, ниту опозициските пвеводбеници било кога би се осмелиле да го продадат државниот сопственички удел во Македонски Телеком.

Македонски Телеком е златна кокошка за перење пари, за партиски вработувања, и се разбира, за крадење на народните пари, а од таква златна кокошка ниту плавите жолтици, ниту пвеводбениците би го продале државниот сопственички удел од 34.81% .

Прашањето е:

Дали Дојче Телеком навистина планира да го продаде својот мнозински сопственички удел во Македонски Телеком од 51% ?

Првата половина од веста дека Андреас Елснер - генералниот и извршниот директор на Македонски Телеком - планира да поднесе оставка, испадна точна и веродостојна информација.

Сега останува да видиме дали и втората половина од веста дека Дојче Телеком преговара за да го продаде својот мнозински сопственички удел во Македонски Телеком од 51% на Виваком Бугарија или на Турк Телеком е точна и веродостојна информација или не.

Ако Дојче Телеком навистина планира да го продаде својот мнозински сопственички удел во Македонски Телеком од 51% , подобро би било да го продадат на некој светски бренд како британски Водафон, шпанска Телефоника или норвешки Теленор, а не на некој регионален телекомуникациски оператор како Виваком Бугарија, чија што сопственичка структура до денешен ден не е разрешена и за која до денешен ден се водат судски спорови, или Турк Телеком, кој веќе е вмешан во афери за прислушкување и за заразување на компјутерите на своите корисници со вируси за шпионажа за потребите на турските разузнавачки служби.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Vip во Хрватска одсега е A1. Кога Vip во Македонија ќе го смени името во А1 знае некој ?
Приметив кога се оди на А1.mk ми се отвар овој сајт https://www.a1.group
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Некој се подготвува за влезот на Телекабел...

 
Последен пат уредено:
Top