Skopje City Mall

Крис

Администратор
4,813
11
38
Цените во Скопје споредени со цените во другите градови воопшто не се исти, ако зборуваме за дневно или вечерно излегување. Видено-проверено.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
Се согласувам дека цените не се разликуваат многу со цените во останатите градови, всушност, Македонија важи за најевтина држава на Балканот, заедно со Бугарија и Босна и Херцеговина, но едно се цените, а друго е животниот стандард.

Јас можам да си дозволам купување од светски брендови, не секогаш, но одвреме навреме можам да си дозволам, но од друга страна, многумина кои ги знам не можат да си дозволат ни најосновни средства за живот, а камо ли па купување од светски брендови.

Ќе повторам, добро е што се гради и мило ми е бидејќи ќе се отворат нови работни места и бидејќи ќе дојдат светски брендови, особено бидејќи сакам помалку наши пари за завршат во српскиот, бугарскиот и грчкиот буџет, бидејќи на крајот на краиштата, со тоа што им ги полниме џебовите на тамошните продавачи, автоматски им го полниме и државниот буџет, бидејќи и тамошните продавачи плаќаат даноци кон државата со кои се полни државниот буџет, за волја на вистината грците се исклучок за кој говори сегашната криза во која се наоѓаат, но тоа е друга приказна.

Одлично е тоа што ќе се намали купувањето во странство и ќе се зголеми купувањето по дома, но животниот стандард не им го дозволува тоа на многумина, а не мислам само на тие од провинција, и по Скопјево ги има многумина кои што не можат да си дозволат купување од светски брендови.

Но сепак, прерано е да се прогнозира што како ќе испадне, ќе повторам, далеку е септември 2012, има време до тогаш.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Chris напиша:
Цените во Скопје споредени со цените во другите градови воопшто не се исти, ако зборуваме за дневно или вечерно излегување. Видено-проверено.
Вистина. Не ми се веруваше пред месец-дена кога бев во Битола на Широксокак ладно Нескафе е 60 денари, а Кока-Кола е 50 денари! Порано убеден сум дека поскапо беше.
Кај нас во Скопје во центар на град (еквивалентно со Широксокак во Битола) Кока-Кола доаѓа и до 80-90 денари, а Нескафе исто околу 80-90.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Burrows напиша:
Вистина. Не ми се веруваше пред месец-дена кога бев во Битола на Широксокак ладно Нескафе е 60 денари, а Кока-Кола е 50 денари! Порано убеден сум дека поскапо беше.
Кај нас во Скопје во центар на град (еквивалентно со Широксокак во Битола) Кока-Кола доаѓа и до 80-90 денари, а Нескафе исто околу 80-90.
Па тоа сакам да кажам, цените при излегувањата се разликуваат, ДА, и тоа многу. Истото тоа што го напомена за Битола е и во Кавадарци, цените воопшто не се скапи за излегувања, а во Скопје вечерни влегувања не сум искусил премногу па затоа и не знам какви се цените по дискотеките.

Но сепак, општо земено, гардероба/храна во другите градови и Скопје не се разликуваат цените, но животот во Скопје е малце поскап, повеќе трошоци ти требаат за сите сфери од животот, горива, џепарлак и се` останато.

А иначе и треба на Македонија повеќе вакви центри, јест да многу треба државава да вложе пари и во други работи, и повеќе вработувања како на пример, но има доста голема маса на луѓе кои може да си дозволат услови кои ги овозможува еве пример новиов Трговски центар.

И во врска со мултиплексот кино се надевам многу нови премиерни филмови, попусти еден ден во неделата, потоа предпремиери (како што во секоја земја го има) и секако барем една 3Д кино сала.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Цените се разликуваат и тоа поприлично. Проектот како проект ми се допаѓа многу и жалам што во другите градови не се прави нешто вакво слично. Ова ќе значи напредок и во вработувања, култура и како туристичка локација и на секое поле.

За нас од Прилеп пред 10-12 години значи како ученици од 3то или 5то одделение при посета на Скопје ( опера, балет, планетариум) ГТЦ беше нешто WOW што мора во слободното време од пола час-час да се посети посебно за тие што ретко оделе Скопје така да за понатаму верувам дека и овој центар ќе биди нешто слично
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Скопје и Охрид се најскапи градови во Мк. Моментално сум во Кочани и таксите е само 40ден а кај нас за најкратка дестинација не е помалку од 100. Се е поскапо во Скопје. Се надевам дека нема да биде ко Веро центарот кај што е тотално неискористен убав простор. Овој мол ветува многу и баш ми е драго што се отвараат вакви во Скопје. Се разубавува нагло Скопјево,баш ми е убаво тука :D
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Само да напоменам дека изјавија дека ќе има 10 кино сали и 3Д кино.

:)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,734
5,271
113
Е ова нешто ќе му дојде како во Србија што е Delta City
Подземен паркинг и три ката со продавници и локали за разонода и забава
90.000 м2 бруто градежна површина
39, 000 м2 бруто закупна површина
1.300 паркинг места, едно подземно ниво и повеќекатна гаража
150 продавници со различни големини кои ќе ја задоволат побарувачката за мал и голем простор
Супермаркет 4.000 м2
Хипермаркет за електроника 3.000 м2
Ресторани и кафе барови со тераси
Мултиплекс кино
Куглање, куглана со 12 ленти и дополнителна забава
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,734
5,271
113
вака изгледа добро ,ама останува да видиме со цени како ќе се движат
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2DEE9EEB3F15DB469C8A2AE3565D74E2

ПОЗНАТИ БРЕНДОВИ ЌЕ ПРИСТИГНАТ ВО „СKОПЈЕ СИТИ МОЛ“

„Зара“ и „Kарфур“ се пакуваат за Скопје



Инвеститорот „Балфин МK“ вчера потпиша три договори за заем на вкупно 46,9 милиони евра со ЕБОР, Рајфајзен банка Албанија и Kомерцијална банка, со кој ќе се заокружи финансирањето на трговскиот центар, кој се очекува да биде отворен во октомври в година



Модната куќа „Зара“ и синџирот маркети „Kарфур“ се светски познатите брендови за кои во моментов е најизвесно дека ќе имаат свои продавници во новиот трговски центар „Скопје сити мол“, кој се гради во населбата Kарпош 4. Освен овие два бренда, во јавноста се споменуваат и имињата на модните куќи „Маркс и Спенсер“ и ГАП, како и на популарниот синџир кафетерии „Старбакс“.

Инвеститорот на трговскиот центар во изградба, компанијата „Балфин МK“, с` уште не сака да открие со кои компании и брендови има потпишано договори за закуп, ниту пак сака да каже со кого преговара. Единствениот официјални информации се дека во 150-те продавници во новиот трговски центар, кој според најавите треба да биде еден од најголемите и најмодерните во земјава, ќе има реномирани светски трговски марки. Дел од нив за првпат ќе влезат во Македонија.

Даница ТУНТЕВСКА
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
M@RKO напиша:
„Старбакс“ кафиќ ќе има ,тоа ќе биде добро кафе после шопингот
Прочитајте тука што всушност е „Старбакс“
http://mk.wikipedia.org/wiki/Starbucks
Знаеме Марко, дури дел од нас и имат пиено кафе во Старбакс. Јас имам и во Англија, и во Солун и во Минхен. :)

Иначе навистина не знам зошто после овој трговски, нашиве би оделе во Солун, секако доколку имаме попусти и намалувања како кај нив :)
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Па тоа е и целта, потрошувачите да се задржат тука. Трговскиов е на пет минути од мене, чувствувам дека ќе биде мојот втор дом. :ehh:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Кога веќе сме кај светскиве брендови, дали знае некој што се случи со „Бургер Кинг“? Кога би требало да се отвори првиот ресторан во Скопје?
Едвај чекам повторно да јадам Whopper или Double Cheeseburger. :mhhh:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
Chris напиша:
Па тоа е и целта, потрошувачите да се задржат тука. Трговскиов е на пет минути од мене, чувствувам дека ќе биде мојот втор дом. :ehh:
Ти завидувам Chris.

Јас живеам во Автокоманда и од ветувани трговски центри, единствено сопствениците на Скопски Саем ветија дека ќе граделе огромен трговски центар Ера Сити помеѓу саемот и хотел Континентал, но на крајот не оставија со една голема дупка што ја ископаа и така го оставија земјиштето, дури и трева зарасна на земјиштето бидејќи го оставија на милост и немилост на природата.

Burrows напиша:
Кога веќе сме кај светскиве брендови, дали знае некој што се случи со „Бургер Кинг“? Кога би требало да се отвори првиот ресторан во Скопје?
Едвај чекам повторно да јадам Whopper или Double Cheeseburger. :mhhh:
Бургер Кинг веќе го отворија својот прв ресторан на новиот терминал на аеродромот Александар Велики, а за останатите 2 или 3 ресторани за кои се шпекулираше дека ќе ги отвора во Скопје, наводно не нашле локации или барале партнер бидејќи финансиски не биле подготвени за откупување на локации во централното градско подрачје во Скопје, па ќе барале партнер кој ќе им даде локации под заем.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Burrows напиша:
Кога веќе сме кај светскиве брендови, дали знае некој што се случи со „Бургер Кинг“? Кога би требало да се отвори првиот ресторан во Скопје?
Едвај чекам повторно да јадам Whopper или Double Cheeseburger. :mhhh:
Леле мене ми се многу тешки таму сендвичите :haha: Oд Мекдоналдс Биг Мекот сосема ми е доволен, ама тој што го јадев во Минхен беше Breakfast burger со кајгана, кашкавал, плескавица :hehe:. Ама некако повкусни ми се од Мек :)
 

bakigvg

Нов Член
208
0
0
Незнам што се палите на овој вид храна, па ова во УСА ја сметаат за храна за сиромашни, за чудо на апсолевентска екскурзија само во мекдоналдс јадев, а зошто? Затоа што за 5-8 евра пристојно бев најаден, се друго беше поскапо. Значи во право биле американците.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Мене од Мекдоналдс ми е без врска храната. Не дека не јадам таква, јадам ама во недостаток на друго подобро. За скара и таков тип на храна само во Прилеп. :)

Инаку за трговскиве општо жалам што не се прават и други градови, повеќе да се разбие монотонија отколку од други причини, сепак немаат сите можност постојано да одат во Скопје или да купуваат нешто брендирано.
 
Top