Skopje City Mall

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #1
2012 година, Скопје, нов трговски центар, овој пат по најнов концепт, модерен и практичен. Инвеститорот Fashion Group кај Канал во Скопје (до салата Партизан) гради трговски центар по Светски стандарди кој ќе се протега од Илинденска до Партизанска. Трговскиот ќе држи познати пордавници од светските брендови Miss Sixty, Springfield, Timberland, како и Zara и мн. други.

Еве го и визуелниот идентитет на City Mall Skopje.

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Re: City Mall Skopje

WOW изгледа прекрасно. Препоставувам дека робата ќе биди надвор од можностите на просечните семејства.

Одлично за Скопје. Во Прилеп ништо вакво ни се гради, ни пак има најава освен катните гаражи и некој бутик во нив ( далеку од екслузивни се бутиците, а цените повисоки од останатите ). Се надевам ќе дочекаме нешто вакво и во остатокот од Македонија. Сепак не е само Скопје, без навреда ова до сите што сте од таму
 
Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Re: City Mall Skopje

Јовица... да земам првен еден гооолем воздух...
спомна ЗАРА! Ах едвај чекам... таман во 2012 доаѓам на факс...
бит че јако! :se poklonuva::

само што сакам и еден кино комплекс :haha:
 
Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Re: City Mall Skopje

Ова во Канада на секој чекор го има,и баш ми е мило што и во Скопје (не Македонија 46464 ) се гради вакво нешто. И супер локација одбрале. Само што малку е глупо што ке се дуплираат Спрингфилд,Мис Сиксти едно друго,нека се потрудат да донесат нешто што го нема у Мк до сеа,а што е со пристојна цена (значи не Гучи,Прада ау). Али да не зборам пред време,можно е да донесат,да изненадат со нешто.
Леле коа ке дојдам у Мк кој знае колку нови работи ке видам.:D
 
Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Re: City Mall Skopje

Мислам дека ако ја донесат Зара брзо може и нејзините "браќа и сестри" да ги донесат: Pull and Bear, Stradivarius, Sfera, Bershka, Oysho или Massimo Dutti (која е најкласа од сите од таа групација). Во Хрватска и Србија знам почнаа со Зара и за некој месец ги донесоа сите други, а уште позитивни мисли ми дава тоа што некоја фирма од Србија го прави ова и можно е да ги видиме сите овие работи.

90.000 м2 задоволително :ehh:
 
darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

сепак скапа ке биде киријата така да ништо ново нема да очекуваме, исто Зара не е баш некоја евтина фирма (цените ке бидат превисоки)
чекавме за нју јоркер - еве ни дојде, али слаба посетеност зашто цените не се толку ниски како во странство
 
Losteech

Администратор
663
0
0
Re: City Mall Skopje

Интересно изгледа. Светски... Ама ќе видиме како ќе испадне. :)
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #8
Re: City Mall Skopje

Еве да го дорадувам Боби, ќе има и Бершка, барем така денес наслушнав. Некој спомена дека продавниците ќе се повторуваат. Веднаш да негирам, бидејки во Сити Мол сите брендови од групацијата Фешн Груп (Спрингфиилд, Сиксти, Енерџи, Геокс, Бата, Манго, Бицијани, Хуго Бос, Окаиди, Голден Поинт, Тимберленд, со Зара и Бершка и плус новите брендови) ќе имаат свои продавници само во Сити Мол, бидејки веќе постоечките ќе се затворат во ГТЦ и Рамстор со цел купувачите да се намамат кон новиот трговски.

А некој погоре спомна Њу Јоркер? Зар тоа го сметате за бренд? Мене ми е исто срање како Калиопе и Теранова.
 
Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Re: City Mall Skopje

Голема грешка ќе биде ако се тргнат бутиците од ГТЦ и Рамстор. Тие се сепак најфреквентни центри во Скопје, додека другите и покрај тоа што на почетокот ветуваа (како Сити Галери, Соравиа...), сега не се нешто многу популарни. Да не спомнувам дека Сити Галери комплетно пропадна, со се продавници. Новото Веро гледам дека е ОК со посетеност.
Скопјаните имаат најмногу навика да се шетаат и купуваат во ГТЦ, тоа е факт.
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #10
Re: City Mall Skopje

Да, ама па ако останат истите бутици во Гтц и Рамсторе тогаш Сити Мол губи на посетеност, а вака сите купувачи на тие брендови ќе одат таму.
 
darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

LucasScott напиша:
Еве да го дорадувам Боби, ќе има и Бершка, барем така денес наслушнав. Некој спомена дека продавниците ќе се повторуваат. Веднаш да негирам, бидејки во Сити Мол сите брендови од групацијата Фешн Груп (Спрингфиилд, Сиксти, Енерџи, Геокс, Бата, Манго, Бицијани, Хуго Бос, Окаиди, Голден Поинт, Тимберленд, со Зара и Бершка и плус новите брендови) ќе имаат свои продавници само во Сити Мол, бидејки веќе постоечките ќе се затворат во ГТЦ и Рамстор со цел купувачите да се намамат кон новиот трговски.

А некој погоре спомна Њу Јоркер? Зар тоа го сметате за бренд? Мене ми е исто срање како Калиопе и Теранова.
фешн груп бутиците што се во соравиа (енергие, битциани, бата...) се купени така да нема да се затворат ...
а зашто ти што мислиш дека Бершка или Зара некој бренд се???
за 2-3 евра маици и фармерки купуваш
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #12
Re: City Mall Skopje

фешн груп бутиците што се во соравиа (енергие, битциани, бата...) се купени така да нема да се затворат ...
Очигледно знам повеќе од тебе, под кирија се а договорот за две годишно користење истече во ноември годинава, сега е продолжен на неодредено време, значи дур не се изгради Сити Мол.
 
darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

LucasScott напиша:
Очигледно знам повеќе од тебе, под кирија се а договорот за две годишно користење истече во ноември годинава, сега е продолжен на неодредено време, значи дур не се изгради Сити Мол.

изгледа дека не... сум бил вработен во спрингфиелд
и знам дека тогаш ни кажале дека купени се тие продавници
 
Крис

Администратор
4,813
11
38
Re: City Mall Skopje

Ana-Marija напиша:
Ова во Канада на секој чекор го има
Леле Ано среќо моја колкави чекори ти тоа правиш? :off: :haha:

Браво за трговскиов, а баш се чудев што ли почнаа да градат на тоа место. Се надевам дека по ова, сегашното ГТЦ ќе замре затоа што обиектот е крајно мизерен, ладно ми е додека шетам таму! По Веро Центар и Рамстор ова ќе биде уште едно одлично место каде ќе можеш да го поминеш целиот ден тотално релаксирачки. Скопје секој ден станува се поубав град, кој што сака нека каже.
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #15
Re: City Mall Skopje

darko напиша:
изгледа дека не... сум бил вработен во спрингфиелд
и знам дека тогаш ни кажале дека купени се тие продавници

Добро, чим ти така викаш.
А уште работиш таму, и ако не кога имаш работено во SPF?
 
darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

LucasScott напиша:
Добро, чим ти така викаш.
А уште работиш таму, и ако не кога имаш работено во SPF?
не работам веќе...
многу работа има - мала плата - многу часа работење - обврски на факс - не вреди
работев во тој период кога се отвори соравиа
(тогаш менаџерите се фалеа дека ги купеле продавниците во соравиа)
 
Крис

Администратор
4,813
11
38
Re: City Mall Skopje

Ау види чудна работа, имам неколку пријатели таму и цело време ми се фалат за условите кои им ги нуди работното место... :neznam:
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #18
Re: City Mall Skopje

Брат ми работи во еден од дуќаните на Фешн Груп и со сигурност знам дека најмала плата на вработен е 16 илјади, што никако не е малку за денешен стандард, особено за млади луѓе на кои им е прва работа. Затоа ме чуди искуството на Дарко. Долго време беше во Спрингфилд?
И знам дека се работи по шест сати, што и не е баш премногу работно време, напротив.
 
али тоа е ако почнеш со нормална плата, јас бев пред вработување, како да се каже пракса, во тоа не издржав и излегов
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #20
Re: City Mall Skopje

Па нормално дека зборам за нормална плата, пробно никој не ти плаќа.
 
Top