Skopje City Mall

darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

сепак јас не сум задоволен... може заради тоа што немав време, и требаше повеќе да сум на факс
а за тоа дали земат добра нето плата не знам
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Re: City Mall Skopje

Не ми ја отворај устата те молам или во случајов не ми ги разработувај прстите, помалку боли кога не го кажувам до крај своето мислење, верувај!
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Re: City Mall Skopje

А што кажав лошо јас што треба да ти ја отвори толку устата? :p
 

darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

Ana-Marija напиша:
А што кажав лошо јас што треба да ти ја отвори толку устата? :p
аман бе девојче ти како родена од париз да си...
толку ниско што испаднавме ние од ск
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Re: City Mall Skopje

Офф леле:off: Баш реков дека ми е мило што во Скопје се отвараат повише вакви светски моливи. Што не знам е лошо во ова???
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Re: City Mall Skopje

Се радувам за сите брендови што ги наброи Јовица.

Него, Зара и Бершка што оти не се некои скапи марки, навистина се еден бренд, кој е популарен низ цел свет, посебно во Европа го има на секој чекор во големите метрополи, па дури и во помалите градови. Иако мене од сите Pull and Bear најмногу им се свиѓа, кој знае може и тоа ќе допре, има време за се. :ehh:

А некои шушкања за кино комплекс, сепак голем простор е? :neznam:
 

darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

ке има и кино... и 3Д кино... али ке треба да чекаме до 2012-2013
има време

(проектиран е исто како софија сити мал) така ми изгледа
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Re: City Mall Skopje

darko напиша:
ке има и кино... и 3Д кино... али ке треба да чекаме до 2012-2013
има време

(проектиран е исто како софија сити мал) така ми изгледа
само ќе си голтнам... :se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Re: City Mall Skopje

Како што прочитав, би требало денес во 13:00 да бил поставен камен-темелник за трговскиов.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
17,693
5,216
113
Re: City Mall Skopje

добар дизајн има ,мене ми заличи на хотел со базен а не на трговски центар
 

darko

Нов Член
182
0
0
Re: City Mall Skopje

па овојт трговски центар фирма од албанја ја гради... фешн груп само како партнер го имат (исто и во тирана има вакво нешто - со бутиците на фешн груп)
на вести слушнав, сега ми е јасно зашто биле сите министри градоначалници албанци таму
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Re: City Mall Skopje

Еве до каде е проектов... Сликано на 29.06.2011 и превземено од Build.mk.

http://www.skopjecitymall.mk

Некои податоци што ќе има:

Подземен паркинг и три ката со продавници и локали за разонода и забава
90.000 м2 бруто градежна површина
39, 000 м2 бруто закупна површина
1.300 паркинг места, едно подземно ниво и повеќекатна гаража
150 продавници со различни големини кои ќе ја задоволат побарувачката за мал и голем простор
Супермаркет 4.000 м2
Хипермаркет за електроника 3.000 м2
Ресторани и кафе барови со тераси
Мултиплекс кино
Куглање, куглана со 12 ленти и дополнителна забава
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Нема посреќен човек од мене во моментов. Мултиплекс кино :jupi: Таман кога ќе се тргне на факс, септември 2012 :uzivkanje:
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
  • Автор на оваа тема
  • #35
Да напоменам дека се отвара во Септември 2012, значи за година дена.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
Уште трговски центри, изникнуваат како печурки, исто како и катните гаражи, и исто како што немаме никаква корист од катните гаражи, освен ако сме луѓе со длабоки џебови, така немаме никаква корист ни од трговски центри.

Мило ми е бидејќи се гради и ќе се отворат нови рабони места, ама колкав процент од населението во Македонија има доволна куповна моќ за да купува од светски брендови ?

Моја претпоставка, околу 15% до 20%, а тоа е поразителна цифра ако се земе во предвид концентрацијата на трговски центри во Скопје.

Јас лично, секогаш кога се отвора нов трговски центар, правам оценка врз тоа колку се достапни работите кои што јас најчесто ги купувам: облека, електроника, хардвер и софтвер.

Облека се продава буквално речиси насекаде, електроника најчесто во трговските центри, бидејќи најчесто (ако не и секогаш) се обезбедени и мали се шансите за кражба, хардвер ретко се наоѓа во трговските центри, еве конкретно во Рамстор има само 2 продавници и двете се крадци невидени, лесно се наоѓаат дилери кои го продаваат истото што го продаваат и овие 2 продавници во Рамстор, оригинални производи се разбира, со гаранција и фискална сметка, 100% легално, а сепак по многу поразумни и поприфатливи цени, во Веро никој не продава хардвер, телефонските и мобилните оператори не се земаат во предвид како продавачи на хардвер бидејќи тие не продаваат од лагер, туку од што ќе им стигне, а софтвер не се продава речиси никаде, ретки се исклучоците како Југотон во ГТЦ кои продаваат видео игрици, по некој дилер во Беверли Хилс и Бисер, а во Рамстор и Веро нема ама баш ништо од софтвер.

А бидејќи јас работам со компјутери, најчесто купувам хардвер и софтвер, барем еднаш неделно, електроника (телевизори, ДВД и видео плеери, озвучувања, фрижидери, бела техника итн.) еднаш на секои 6 месеци, односно 2 пати годишно, а облека еднаш на секои 2 до 3 месеци, односно 4 до 6 пати годишно.

Од моите најчести шопинг потреби, хардвер и софтвер, скопските трговски центри, со исклучок на ГТЦ, се вистинско разочарување, а овој Скопје Сити Мол, колкав сака нека биде, слушнав дека ќе бил најголем не само во Македонија, туку и на целиот Балкански Полуостров, но колку ќе ги задоволува моите потреби, земајќи ги во предвид и цените, толку и ќе купувам во истиот.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Ако не ти се допаѓа игнорирај ги центрите, има луѓе кои уживаат во нив и не би рекол дека тоа се само 20%. Ова е главен град и неопходно е тој да изгледа светски. Доколку на некој му е скап животот во Скопје постојат провинции колку сакаш.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,039
378
83
^

Па најчесто и ги игнорирам, барем за моите секојдневни потреби, но тоа е веќе друга приказна, а и да не забораваме дека секој си има свој вкус, јас го потенцирав мојот вкус, а не верувам дека многумина го следат истиот.

Сепак, ова ветува:

• Подземен паркинг и три ката со продавници и локали за разонода и забава
• 90.000 м2 бруто градежна површина
• 39, 000 м2 бруто закупна површина
• 1.300 паркинг места, едно подземно ниво и повеќекатна гаража
• 150 продавници со различни големини кои ќе ја задоволат побарувачката за мал и голем простор
• Супермаркет 4.000 м2
• Хипермаркет за електроника 3.000 м2
• Ресторани и кафе барови со тераси
• Мултиплекс кино
• Куглање, куглана со 12 ленти и дополнителна забава

Големината на хипермаркетот за електроника ветува дека сепак можно е да изникне нешто квалитетно таму, ќе повторам, според мојот вкус, па ќе видиме што како ќе испадне, септември 2012 е далеку, има време до тогаш.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Мило ми е бидејќи се гради и ќе се отворат нови рабони места, ама колкав процент од населението во Македонија има доволна куповна моќ за да купува од светски брендови ?
Па скоро во секој можен трговски во Скопје има светски брендови. А и скоро истите кои се напоменуваат во проектот ги има и на други локации низ градот. Единствено можеби ако се отворат Зара, Бершка, Масимо Дути, Страдивариус и Pull and Bear би биле еден вид на новини. Исто би сакал и Сефора да се дигне во Македонија.

А народ секогаш ќе има и ќе има продажба, ако се отворат гореспоменатите продавници, шопингот во Солун верувам ќе се намали.

Не е скап животот во Скопје, горе-долу низ цела Македонија е ист, така да нема голем фактор животот во провинцијата или во главниот град (освен секако кафетериите/рестораните ја дигаат повеќе цената).

Иако живеам во центарот на Македонија, едвај чекам да се отвори овој проект, па поради тоа и што од наредната година делумно ќе живеам во Скопје уште повеќе го очекувам! :)
 
Top