Вистина. Не ми се веруваше пред месец-дена кога бев во Битола на Широксокак ладно Нескафе е 60 денари, а Кока-Кола е 50 денари! Порано убеден сум дека поскапо беше.Chris напиша:Цените во Скопје споредени со цените во другите градови воопшто не се исти, ако зборуваме за дневно или вечерно излегување. Видено-проверено.
Па тоа сакам да кажам, цените при излегувањата се разликуваат, ДА, и тоа многу. Истото тоа што го напомена за Битола е и во Кавадарци, цените воопшто не се скапи за излегувања, а во Скопје вечерни влегувања не сум искусил премногу па затоа и не знам какви се цените по дискотеките.Burrows напиша:Вистина. Не ми се веруваше пред месец-дена кога бев во Битола на Широксокак ладно Нескафе е 60 денари, а Кока-Кола е 50 денари! Порано убеден сум дека поскапо беше.
Кај нас во Скопје во центар на град (еквивалентно со Широксокак во Битола) Кока-Кола доаѓа и до 80-90 денари, а Нескафе исто околу 80-90.
„Зара“ и „Kарфур“ се пакуваат за Скопје
![]()
Инвеститорот „Балфин МK“ вчера потпиша три договори за заем на вкупно 46,9 милиони евра со ЕБОР, Рајфајзен банка Албанија и Kомерцијална банка, со кој ќе се заокружи финансирањето на трговскиот центар, кој се очекува да биде отворен во октомври в година
![]()
Модната куќа „Зара“ и синџирот маркети „Kарфур“ се светски познатите брендови за кои во моментов е најизвесно дека ќе имаат свои продавници во новиот трговски центар „Скопје сити мол“, кој се гради во населбата Kарпош 4. Освен овие два бренда, во јавноста се споменуваат и имињата на модните куќи „Маркс и Спенсер“ и ГАП, како и на популарниот синџир кафетерии „Старбакс“.
Инвеститорот на трговскиот центар во изградба, компанијата „Балфин МK“, с` уште не сака да открие со кои компании и брендови има потпишано договори за закуп, ниту пак сака да каже со кого преговара. Единствениот официјални информации се дека во 150-те продавници во новиот трговски центар, кој според најавите треба да биде еден од најголемите и најмодерните во земјава, ќе има реномирани светски трговски марки. Дел од нив за првпат ќе влезат во Македонија.
Даница ТУНТЕВСКА
Знаеме Марко, дури дел од нас и имат пиено кафе во Старбакс. Јас имам и во Англија, и во Солун и во Минхен.M@RKO напиша:„Старбакс“ кафиќ ќе има ,тоа ќе биде добро кафе после шопингот
Прочитајте тука што всушност е „Старбакс“
http://mk.wikipedia.org/wiki/Starbucks
Ти завидувам Chris.Chris напиша:Па тоа е и целта, потрошувачите да се задржат тука. Трговскиов е на пет минути од мене, чувствувам дека ќе биде мојот втор дом.![]()
Бургер Кинг веќе го отворија својот прв ресторан на новиот терминал на аеродромот Александар Велики, а за останатите 2 или 3 ресторани за кои се шпекулираше дека ќе ги отвора во Скопје, наводно не нашле локации или барале партнер бидејќи финансиски не биле подготвени за откупување на локации во централното градско подрачје во Скопје, па ќе барале партнер кој ќе им даде локации под заем.Burrows напиша:Кога веќе сме кај светскиве брендови, дали знае некој што се случи со „Бургер Кинг“? Кога би требало да се отвори првиот ресторан во Скопје?
Едвај чекам повторно да јадам Whopper или Double Cheeseburger.![]()
Леле мене ми се многу тешки таму сендвичитеBurrows напиша:Кога веќе сме кај светскиве брендови, дали знае некој што се случи со „Бургер Кинг“? Кога би требало да се отвори првиот ресторан во Скопје?
Едвај чекам повторно да јадам Whopper или Double Cheeseburger.![]()