Значи ние сме дно од народ. Насекаде прост народ, причина повеќе да сакаш да си одиш од државата.
Кога купувам карта за концерт во Јане Сандански или Борис Трајковски, ако не идам во првите (а сепак си одам на време пред да започне концертот), во 2 од 3 пати, некој седеше на моето место кое си е уредно платено.
Пред некој месец, бев со моите на патување, и дека постари луѓе, им купив карти со седишта да седат заедно во авион. И многу се чекаше на бординг, и за да не стоиме во првите, велам ајде да чекаме гужвата да помине и да одиме со последните патници кои се качуваат. Кога влеговме, од 4 карти, на 3 ни беа зафатени седиштата.
Вчера одам на кино. Уредно купена карта онлајн, со седиште по мој избор. Влегувам 10 мин пред проекција, седиштето зафатено, и ми вели "па седи дека и да било".
Во сите три ситуации, јас си го земав тоа што сум си го платил. Културно си покажувам билет, се додека не ми го отстапат местото.
Па како може сите да се до толку не ми е јасно, во секоја сфера од секојдневието.