@Steff кога ти поминуваат 6 месеци од втора доза?
Тогаш треба трета.
1-ви октомври. Али не знам дали да земам и трета доза, барем не уште.
Читав еден наш микробиолог, вели дека млади луѓе немаат уште потреба за трета доза. Први две дози секако, третата уште не. Секако, тоа се односи на луѓе кои добија Фајзер вакцина, за Синофарм е препорака да се добие трета доза, без разлика која старосна група е во прашање, затоа што ефикасноста на таа вакцина е значително послаба од Фајзер или Модерна. И на тие луѓе им се генерално препорачува Фајзер поради снажен имунитет кој се добива од микс на Синофарм и Фајзер.
Човекот исто кажа за себе си дека доби две дози од Модерна и да планира да чека вистинската бустер доза која ќе покрие сите варијанти (вклучувајќи и Делта сојот), најверојатно на пролет тоа.
Исто така, гледам американската ФДА не дозволи давање на трета доза Фајзер на луѓе помлади од 65 години затоа што Фајзер нема доставено потполна документација која би можела да докаже потреба за давање на трета доза и на помлади.
Така да, најверојатно ќе почекам уште некое време, таа мојата трета доза можеби некому повеќе ќе значи.