Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
Хуманитарен концерт за 10 годишната Тамара Димовска.

 

hakuna_matata

Активен Член
840
77
28
Дечки, знаете ли како можам да ги измамам Параходот.тв и да ги гледам епизодите а да не плаќам. Зошто знам и претходно стававте линкови тука од епизодите, можело некако. Ај ако сакате кажете или пак стајте ги линковите од епизодите. :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,596
6,802
113
ако си на gogle chrome оди на линков
view-source:http://www.parahodot.tv/?inv_sso_check=true

и кликни ctrl+f ќе ти се отвори срч бар и пиши таму vimeo. Со тоа во кодовите ќе ти најде сегде кај што пишува vimeo (обележан ќе биде зборот со жолто)
Со барање на зборот vimeo тачно ќе те однесе до линкот http://player.vimeo.com/external/112631 ... 2646088393

тој ти е линкот до епизодата :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
Ајде момичиња, додека сеуште не дошле Нова Година и Божиќ, почнете со испраќање на писма со желби до внук му на Дедо Мраз. :haha:



Еве некоја од желбите на момичињата :)

 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Некој можеби да не има да сподели искуство со Work & Travel? Преку која агенција сте оделе, дали сте биле задовлни итн.? :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,596
6,802
113
Добра колумна на Жаре

Жаре – Кад би дао карте, крви би ти дала!
Стотици прочки поминаа ама македонецот не научи да прости успех. Единственото нешто што останува непростено кај нас е успехот. Ко во песнана на Металика, така безброј луѓе низ историјата даваат се од себе и прават од гомно-торта и никако да го добијат признанието што го добиваат браќата срби, хрвати и останатите. Како манијакални швалери, на македонците по правило послатко и поубаво им е туѓото. Ова се јавува како доминантна карактеристика во 1001 домен ама во моментов конкретно мислам на ентертејнмент индустријата, што благодарејќи на таквите мразачи на своето се сведе на бедно фабриче кое едвај крпи крај со крај и во кое вработените се константно неплатени, а уште не ни чуле дека треба да им се даваат и придонеси.

Да научевме како да се гордееме со нашите музичари, спортисти, тв лица и уметници немаше да се доведеме до бедава. Истата не е производ на сегашниот однос на медиумите и публиката. Напротив, години и години од тој однос се во прашање за тоа што сме доведени до сегашнава ситуација. А таа е следна –

1. Ретко кој може да се нарече професионален музичар од проста причина што истото е неисплатливо. Македонските компани радо ќе фркнат четвртина од годишниот приход на Севе ама ни на крај памет нема да им падне да ги викнат Тамара или Елена. Македонската публика ќе дојде од секој од Господ заборавен ќош за да ја гледа Цеца и притоа ќе лупне 1500 денари само за карта, додека 99.9% од нашиве пејачи ќе си заминат во пензија без еден единствен прописен концерт. Македонските медиуми ќе ги убијат од давање Харис Џиновиќ и Шабан Шаулиќ додека ние забораваме како тоа изгледаат Наум Петрески и Миле Кузмановски (Миле беше тој брзо што му растеше брадата или обратно?). Што би рекол Пајак од Пеперминт – а да му кажевте на Тоше дека е најдобар додека беше тука?

2. Здравко Мамиќ скоро беше кај Ацо Станковиќ во “Недељом у 2” и збореа за тешкиот скандал дека на Динамо му доаѓаат просечно 3-4 илјади гледачи кога игра натпревари од хрватска лига. Ало! СКАНДАЛ им е тоа што не доаѓаат по 10 илјади на стадион кога модриве играат против Славен Белупо! Вардар, гордоста наша, нема видено 3 илјади од ноево време! Ќе дојде време кога Даре Панчев ќе биде единствениот “вардарец” што играл пред десетина полн стадион. А не дека за други спортови е различно. Мораше Сергеј од Русија да дојде и да го купи цел свет за одеднаш сите да се маваме во гради дека сме црвено-црни до гроб. Ќе помести човекот и брда и планини, па во прв момент кога не дај боже ќе зачкрипи ќе ни стане најголем душман, ви текнува на Кометал? Жити Металург што успеа сам да се крене од пепел и да направи нешто, па еве колку ја заболе јавноста за сегашната состојба таму. Кошаркариве требаше факинг 4то место во Европа да станат од нигде никаде за да почнеме да ги цениме. Друг спорт не ни постои.

3. Македонски Идол? К15? Некоја емисија на Игор Џамбазов? Некој наш ситком да наравевме? Не бе брате! Си гледаме ние Ѕвезде Гранда, Брачни Судија и бркати ликови во Карадај и Баба Ванѓа… Нема око да ни трепне кога сите наши креативци ќе ги снема од програма ама затоа ќе се убиеме од жалење како тоа немало асална македонска емисија и како тоа не сме биле способни да направиме саглам телевизиска програма.

4. Требаше нешто и за уметност демек? Нема уметност. Заради истите амеби споменати погоре.

Е баш затоа најмалиот ни братучед во фамилија “крви би ти дал” ако му дадеш 2 карти за концертот на Цеца, а не знае да каже една песна од Каролина дури и животот да му зависи од тоа (Каролина во 1на1 кажа дека има лудо типче што ја прати. Мислиш нема да му дојде на малиов со пиштол и да му рече – песна од Каролина или пукам?!).

Ќе завршам со мисла на генијалниот Игор Џамбазов. Тој вели – македонската телевизија (не мисли на “националниот сервис” како тие милуваат да си се викаат, туку на телевизиите општо) ќе умре во наредниве десет години и цела публика ќе се префрли на интернет. А на нас, единствените кои можат да и го продолжат животот тие одбираат да им ја затворат вратата на еден или друг начин. Епа, RIP телевизијо!

Жарко Димитриоски
 

alek

Добро-Познат Член
790
259
63
Заборавил да спомне една работа телевизијата на која оди неговата емисија уште што не почне и вестите да ги емитува на Српски, инаку браво за колумната само незнам колку се замарат челните луѓе на телевизите кај нас за вакви колумни, а и седодека народот гледа турски серии и други слични страња нив уво нема да ги боли за Македонсака продукција.
 

hakuna_matata

Активен Член
840
77
28
За време на отварањето на новиот театар во Велес. Уклучете од 01:25 и гледајте, кога ќе го дадат театарот од далеку има еден човек како оди по покривот на театарот. Што мајка барал горе само не ми е јасно. :neznam:

http://play.mrt.com.mk/play/46189/
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
^

Бог да го прости.

http://a1on.mk/wordpress/archives/426289

Почина актерот Васил Шишков

Објавено: 23:43, 21/12/2014



Вечерва, околу 18 часот, во Скопје почина актерот Васил Шишков. Тој е роден 1970 година. Шишков, на македонската театарска сцена работи од 1991 година, а има настапувано и во повеќе македонски филмови. Неофицијално се дознава дека тој починал ненадејно, од срцев удар. Оваа вест ја потврдија негови колеги актери. Тие на социјалните мрежи со тага и неверување се простуваат од својот колега и пријател. Шишков ќе остане запаметен по улогите во култните телевизиски серии „Бумбари“, „Македонски народни приказни“ и други. Васил Шишков е син на легендата на македонското глумиште, Ристо Шишков.
Васил Шишков
30 јануари 1970 - 21 декември 2014

Лесна му земја
нека почива во мир :(

R.I.P.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
На денешен ден, понеделник, 22 декември 2014, во 71-та година од својот живот, губејќи ја битката против ракот на плуќата, почина една од најголемите музички икони на втората половина на 20-от век, рок легендата Џо Кокер.

http://www.24vesti.com.mk/pochina-pejachot-dzo-koker

Почина пејачот Џо Кокер

22.12.2014 | 20:14



Легендарниот музичар Џо Кокер почина денеска во 71-та година од животот јави Би-Би-Си. Тој подолго време боледуваше од рак на белите дробови, но официјалната причина за неговата смрт не е соопштена.

- Ништо не ќе може да ја пополни празнината што во нашите срца ја остави неговото заминување, истакна агентот на Кокер, Бери Маршал

Џо Роберт Кокер е роден на 20 мај 1944 година во англискиот град Шефилд. За пошироката јавност стана познат со преработката на песната „With A Little Help From My Friends“ на „Битлси“, а неговата популарност порасна по бројните хитови како „You Are So Beautiful“ и „Up Where We Belong“. Неговата музичка кариера траеше повеќе од четири децении.
Џон Роберт "Џо" Кокер
20 мај 1944 - 22 декември 2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Нека почива во мир. И не на 71 туку на 70 години почина 1944 е роден.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
^

Убаво напишав дека починал во 71-та година од својот живот.

Бидејќи веќе го прославил својот 70-ти роденден во мај 2014, а починал на помалку од 6 месеци од својот 71-ви роденден, сосема во ред е да се спомне дека починал во 71-та година од својот живот.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Декс, ептен си ситничар. :)

Штета, многу луѓе заминаа последниве две недели, Игор Исаковски, Васил, Џо Кокер...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
Неделава исполнета со умирачки. 3454

Вчера, вторник, 23 декември 2014, во 85-та година од својот живот, од пневмонија почина Џереми Лојд, еден од креторите на еден од најпознатите британски ситкоми - Ало Ало.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/svet/227388-pocina-koavtorot-na-serija-alo-alo-dzeremi-lojd

Почина коавторот на серијата „Ало, ало“ Џереми Лојд

23/12/2014 - 18:42

Во времето меѓу 1982 и 1992 година оваа комедија беше најуспешната и најпродавата продукција на Би-Би-Си


фото:comedy.co.uk

Неговиот професионален агент соопшти дека Лојд починал во болница, откако заболел од пневмонија.

- Џереми беше навистина величествен и секогаш подготвен за некоја оригинална идеја, вели во соопштението за смртта неговиот агент.

Во периодот од 1972 до 1985 година, заедно со писателот Дејвид Крофт, тој учествуваше во бројни продукции за британската телевизија, меѓу кои кај гледачите во Велика Британија и низ светот, најмногу остана запаметена „Ало, ало“ и главниот јунак, Французинот Рене, во чие провинцско бистро се одвиваат сите настани.

Комичната серија „Ало, ало“ беше сместена во текот на Втората светска војна на територијата на окупирана Франција во која Лојд и Крофт ги исмејуваат сите учесници во војната - нацистичките окупатори, француското движење на отпорот, квинслишката власт, недоветните британски војници кои треба да им помагаат на Французите, како и италијсната фашистичка команда и локалните Французи.

Во времето меѓу 1982 и 1992 година оваа комедија беше најуспешната и најпродавата продукција на Би-Би-Си.

Лојд имаше три браќа, меѓу кои кусо време и со британската актерка Џоана Ламли. Во 2012 година, Џереми Лојд беше одликуван од британската кралица.

(Телеграф.мк/МИА)
Џон Џереми Лојд
22 јули 1930 - 23 декември 2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,120
443
83
Аман, уште колку животи ќе однесе неделава исполнета со умирачки ?

Завчера, петок, 26 декември 2014, после долго боледување, во 49-та година од својот живот, почина македонската ракометна легенда Боро Чурлевски, во повеќе наврати прогласуван за најдобар играч и за најдобар стрелец кој, со своето учество во ракометната репрезентација на Југославија, го освои бронзениот медал на Светското Првенство во Ракомет 1987 во Романија.

http://kajgana.com/pochina-rakometnata-legenda-boro-churlevski

Почина ракометната легенда Боро Чурлевски

26. декември 2014 - 12:56 | Макфакс

По долго и тешко боледување почина прославениот ракометар на битолски Пелистер и поранешен репрезентативец на Македонија, Боро Чурлевски.



Богатата играчката кариера Чурлевски ја започна во Пелистер во 1984 година со кој три пати го освојуваше второто место во Првата лига на поранешна СФРЈ во периодот помеѓу 1984 и 1990 година.

Една сезона (1989) помина во Црвенка, за повторно да се врати во Пeлистер од каде во сезоната 1991/92 премина во Тутунски комбинат од Прилеп, со кој ја освои титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ.

По осамостојувањето, кариерата ја продолжи во Борец од Велес со кој во 1993 го освои Купот на Македонија, пред повторно да се врати во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освои четири првенства и пет титули во купот на Македонија.

Во сезоната 1999/00 играше во грчкиот Килкис, а кариерата ја заврши во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освои шампионската титула во Црна Гора во сезоната 2000/01.

Чурлевски има одиграно многу натпревари за репрезентацијата на поранешна Југославија, со која освоил бронзен медал на Светското првенство во Романија 1987. Беше дел од првиот состав на македонската ракометна репрезентација со која учествуваше на ЕП во Италија во 1998 и СП во Египет наредната година.

Чурлевски своевремено важеше за еден од најдобрите централни бекови, а актуелната ракометна ѕвезда Наумче Мојсоски има изјавено дека токму Чурлевски му бил идол. По стапките на Боро Чурлевски тргна и неговиот син Филип, кој веќе шест години со успех настапува за првиот тим на Пелистер.

Тренерската кариера ја започна во Пелистер, а работеше и во грчкиот Килкис, косовските Кастриоти и Беса, во женската екипа на Патра и во Либија, а смртта го затекна на тренерското место на прволигашот Прилеп.
Боро Чурлевски
1965 - 2014

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Top