21.01.2015 | 13:20
Сараевскиот пејач починал во Загрепската болница, а се претпоставува дека настанале компликации по трансплантацијата на бубрег.
Пејачот Кемал Монтено починал денес во 67-та година од животот, во 11 часот.
Оваа информација од синот на Монтено, Џани, пред неколку минути ја потврдил и пејачот Халид Бешлиќ, неговиот голем семеен пријател, пишува српски
Kurir.
Менаџерот Гане Прецикоза потврдил дека пејачот починал утрово во болница, по компликациите добиени по трансплантација на бубрегот.
Пејачот бил сместен во Загрепскиот клинички центар, поради зголемена температура која не се стабилизирала со денови.
Сараевскиот пејач, кој кон средината на декември по повеќегодишно чекање направил трансплантација на бубрегот, неколку денови пред Божиќ добил зголемена температура. Наместо во Шпанија, каде што требало да отпатува на краток одмор, Кемал повторно заминал во болница.
Потсетуваме, Кемал Монтено пред две години преживеал инфаркт, а со години одел на дијализа, по што следела трансплантација на бубрег во декември.
Извор: Точка