bakigvg
Нов Член
- 208
- 0
- 0
Интересен текст
Мајсторе, застани да купам леб
Додека стигнете до саканата дестинација ќе ви се роди чувство како да ја читате „Тегобност“ на Жан Пол Сартр
Приградските автобуси ем преполни ем ретки
На пат до Матка
Ако случајно ви текне да ловите пеперутки на Матка, веднаш откажете се од идејата, освен ако немате дебели нерви и неподносливо голема желба за авантура. Ова не важи за оние што, за жал, живеат таму, зашто тие, се разбира, и немаат некој избор. Додека стигнете до саканата локација ќе ви се роди чувство како да ја читате „Тегобност“ на Жан Пол Сартр. Мачнина. Најпрвин тешко дека ќе се снајдете да фатите автобус до таму зашто автобусот не вози низ град, туку почетната, односно последната станица се наоѓа во Ѓорче Петров. А дотаму ќе стигнете само со автобусите со број „2“, „5“ и „12“. Откако ќе се симнете, сигурно ќе се изначекате. И не дај боже да сте женско. Дури чекате, на секоја минута ќе ви подзастанува по некој автомобил со тетовски регистарски таблички, со затемнети стакла, и ќе ви нуди превоз. Ако не се истрауматизирате премногу и посакате да се вратите дома, следен чекор е жолто комбе број „60“. И ете го, триумфално настапува на автобуската станица со својот пребучен мотор. Внатре, пак, откако ќе извадите билет, кој чини скромни 40 денари, можете да се сопнете на вреќа брашно, легната во должина на целиот под. Некој патник си ја купил и си ја носи дома. И ќе немате избор, освен да ја прескокнувате, притоа правејќи јога-зафати. На следната станица, пак, ќе се изнакачат толку многу патници, што вие ќе се збутате до крај и ќе дишете длабоко за да земете колку-толку воздух. И невозможно е да не забележите, дека освен вас, никој друг не вади карта. Возачот си молчи. Си има човекот трауми.
Контрола, еднаш во месецот, ако се посреќи и двапати. И забавата почнува... или не разбирате што зборуваат, или слушате муабет од типот - што бе, вистина на Петре ќерка му останала трудна... - да бе, сирот човек, што ќе прави, слушам зетот веќе бил женет... Или, пак, Рајна најубаво млеко од коза продава. Такво нема во продавница да најдеш... А може и - мајсторе, дај застани кај продавничкава леб да си купам, заборавив од град. Ако не ви е симпатичен муабетот, лесно одлучувате да си ставате слушалки и го пуштате Леонард Коен или Аструд Жилберто за да си глумите култура сам со себе. Арно ама, за нецела минута ќе чуете „Зар ти није жао Зоко што ме твоји не воле, што причају против мене, о другог ти говоре&хеллип;“, пуштена гласно од нечиј мобилен телефон. И расположението се грева до најгорна граница, како да си во некоја југословенска кафеана. Само без кршење чаши. И ги вадиш слушалките оти џабе се мачиш да ја слушаш „Сузан“, кога „Зоко“ успешно ти се провира во ушните тапанчиња. Не можеш да не се запрашаш како е можно нивните мобилни телефони секогаш да бидат погласни од твојот. И зошто никогаш не користат слушалки. И така, си патуваш, си патуваш, си патуваш, и наместо да стигнеш за десетина минути, колку што е потребно во нормални услови, до саканата локација се стигнува за половина час, ако не и повеќе, во зависност од тоа со која брзина вози шоферот.
И трасата е интересна - првин ќе ве одведе во Горна Матка. Кривини колку сакаш, цврсто го стегаш држачот зашто имаш чувство дека ќе излеташ од прозорец или од врата. Таму, пак, вистинска селска идила. Како Марк Шагал од таму да ја добивал инспирацијата за своите дела. Крави по патот, чешма на сретсело, мирис на сено.... и на некој чуден начин ќе бидете задоволени. Ви се топли душата и за момент заборавате на она што ви се случило претходно. И ќе си почекате во комбето пет-десет минути, и на пат кон Долна Матка. Броите станици и сфаќате дека треба да се симнете. А комбето преполно. Кај преполно, па и жив мрак. Викате - мајсторе, дај бе пушти светло, ништо не гледам, ќе се сопнам. Тој, пак, - нема, расипано е.
И го вадите својот мобилен телефон и сами си го осветлувате патот. И потоа, го добивате она што сте го посакувале - дишете воздух и го пуштате мозокот на пасење. Барем до оној момент додека не ви текне дека со истото жолто комбе треба да се враќате назад.
http://www.time.mk/read/NONE/52abe3d1cb/index.html