Сеиротека

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
:smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje:

Како се воздржува водителката да не се насмее на имињава? :smeenje:

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Значи најдобро е венчален лист да се извади / заклетва за верност пред Бога се додека смртта не не раздели да се даде после барем 30 години поминати заедно со партнерот/партнерката.

 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
срамно е еден вака просто-народен човек да биде шеф на држава! како муабет на пазар да слушам! ужас.
 

Beauty

Администратор
50,155
62,426
113
Телма го поканиле на телевизиски дуел и ги одбил со оправдување дека нема он да им го зголемува рејтингот. Ама затоа ќе оди на кабловската Сител 3.

Браво за храброста на Телма

Но , Телма нема да е тоа што е, ако е иста како другите. Во духот на новинарската професија и професионалноста, не игнорирајќи никого , повторно кажуваме , повелете на дебатна емисија, сите кандидати за претседател , и покажете дека им велите не- на наместените и со однапред познат исход разговори, од кои си заминувате среќни, задоволни , насмеани и вооодушевени самите од себе, бидејќи им покажавте на сите дека - ви се може!

http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... item=36259
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Сиромавиот од пациенти гледачи него го фана лудилото..

 

DarkAngel

Активен Член
2,861
1
38
Или ги трола, или човекот е печен за психијатрија, нема друго. :smeenje: :smeenje:


Погледнете ги дислајковите. :haha:

Инаку фала им на "Фчерашни Новости" што ми овозможија да го видам и слушнам ова ремек дело. :D
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,965
6,290
113
Ова не е ништо во споредба со тоа што еднаш вртејќи по тв каналите на онаа Сонце телевизија имаше една емисија за rock and roll и метал музика на кој водител беше Канго.
Човеков цело време нешто напињаше додека поставуваше прашања на музичариве што ги интервјуираше. Бетер беше од оваа песнава што му е, дури и глава ме заболе од него.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,965
6,290
113
Вучиќ сака да направи нешто во стилот како на Fear Factor и Killer Karaoke али мене ми е тотално тоа безвезе и не ми е смешено.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Ми се смачи од објавување на некролози на форумов, десетици познати личности починаа во 2016 година, престапна година со престапни настани.

Време е за малку сеир. Плејбек сеир.

Па со плејбек и онаа Бугарката која пред неколку години беше предмет на потсмев на бугарскиот Идол - или не помнам кое музичко шоу беше - добро ќе отпееше. :haha:

http://makfax.com.mk/zanimlivosti/estrada/видео-мараја-кери-последната-жртва/

ВИДЕО. Мараја Кери последната „жртва“ на 2016-та

02.01.2017



Традиционалниот пречек на Новата година на њујоршки Тајмс сквер мина без инциденти благодарејќи на силното обезбедување, но концертот на телевизијата ABC се претвори во скандал за малерозната пејачка Мараја Кери.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио и генералниот секретар на ОН на заминување Бан Ки-мун го покренаа традиционалното спуштање на пет тони тешката кристална топка со што беа испратени последните секунди од 2016 година.

Потоа на сцената настапи Мараја Кери којашто со песната „Emotions“ требаше да ја поздрави новата 2017 година во рамките на телевизиското шоу „Dick Clark’s New Year’s Rocking’ Eve“, но нејзиниот настап не беше беспрекорен.

Кога беше пуштена матрицата, таа не можеше во почетокот да се вклучи. Не почнаа да пее, и безуспешно се обидуваше да го најде преносникот на звукот за синхронизација на својата облека и ги поткреваше рамениците.

„Па среќна нова година. Не ја проверивме оваа месна. Но таа стана број еден (на топ листите... “, се обиде да се оправда пејачката и ги покани присутните самите да пеат.

Ни следната нумера не се покажа поуспешна, откако Кери насред песна престана да пее на плејбек, бидејќи прерано го спушти микрофонот, поради техничка грешка. Потоа призна дека „не беше подобро“ и видно вознемирена замина од сцената.

Потоа на социјалните мрежи им се извини на обожавателите, напомнувајќи дека во животот се јавуваат проблеми.

„Срањата се случуваат. Наздравувам на уште трачеви во весниците во 2017-та“, напиша на Twitter.

Во меѓувреме интернетот се наполни со шеги на нејзина сметка, дека Кери била „последната жртва“ на 2016 година, во која починаа десетици славни имиња од музичката сцена.

„На 15 минути до крајот, 2016 година ја зема последната жртва – кариерата на Мараја Кери“, се шегува еден корисник на Twitter.


/крај/мф/сн
 
Top