По што ќе ја памтите годината што измина?

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #1
Ајде, ретроспектива на вашите случувања од годината која веќе е при самиот крај. :)

Мене дефинитивно најпозитивно случување ми е што станувам попаметен во однос на претходните години (наредната година повторно ќе си мислам дека од оваа гледна точка сум бил глупав :haha:), како и да е успевам полека да сфаќам во какво општество живееме и како може да се успее во него, се надевам дека искуствава што ги собирам еден ден добро ќе ме послужат.

Годината ми почна споро, така што се навлеков повторно на Бинго и на Лото, со мали утешни добивки кои ме поттикнаа и понатаму да им ги фрлам парите на Лотарија, првите 5-6 месеци ми поминаа во зајакнување на дружбата со стекнатите другари од средно, кулминација на сето ова беше дефинитивно најјаката собиранка на половина клас во Крива Паланка за 1-ви мај каде што најубаво се запознавме кои сме и што сме. Меѓутоа потоа почнуваат и некои разочарувања, но не комплетни, бидејќи не беа неочекувани. Летото си поминав супер 14 дена во Охрид со друштво, одмор кој ми заврши одлично со концертот на Дејвид Гета.

Почетокот на новата учебна година ненадејно ни ја донесе матурската екскурзија, која дури и нееуфорично дојде, но сепак доживувањето беше прекрасно. Таа недела никогаш нема да ја заборавам, ги заборавивме сите кавги и суети меѓу нас во класот и се дружевме супер. Благодарност и до класните покрај кои прошверцувавме и алкохол и слични работи кои нормално не би можеле, но сепак и тие се свесни во кој период сме. Професорите навистина се покажуваат во поинакво светло на вакви настани.

Овој период нема да го заборавам како прво тромесечие после она во прва година во кое буквално се оставив над книга, имав многу малку слободно време, меѓутоа и со многу маки на крајот трудот ми се исплатеше. Ваквите залагања оставија послаби резултати на љубовен план, ама не се жалам за тоа. :haha: Воопшто негативните работи ги оставам на страна, кои среќа и ги немав многу.

На телевизиски план, во духот на форумот, најмногу ќе ја памтам дефинитивно по The Big Bang Theory. Мило ми е што се повеќе луѓе ја сакаат серијата, како во моето опкружување, така и воопшто. Исто така ќе ја памтам и по згаснувањето на А1... Годинава мислам дека немав пропуштено ни еден ден да прочитам американски телевизиски рејтинзи, секако освен кога немав пристап на Интернет. Ми се случи кога бев во Прага, во еден од трговските центри во Apple Store да отидам на Safari специјално на TV by the Numbers. :smeenje: Ама не можам да ги баталам искрено, рејтинзите ми станаа порок и забава истовремено. Ни по година и пол активно пратење на американските рејтинзи не ми здосадија воопшто.

Годината ќе ја памтам како година во која комплетно ја свртев замислената иднина и се преориентирав кон друг предизвик. Година во која посебно место ќе добие септември, месец во кој сите се сплотивме и навивавме. Нема да го заборавам преполниот скопски плоштад во некои наврати.

Сега редот е на вас. :)
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Re: По што ќе ја памтите 2011. година?

Годинава ми почна многу лошо, но за среќа лошото остана само како спомен од почетокот на годината, дедо ми умре првите неколку часа од самата новогодишна прослава, тоа беше страшен момент за мене, никогаш пред тоа немав отидено на погреб, така да годината ќе ја паметам и по тој лош настан.

Но за среќа, потоа се случуваа само добри работи. Прво, се дооформив како човек, научив многу работи за животот и кога ќе видам што сум правел пред две години, слатко си се смеам, среќен сум поради тоа што повеќе не сум тој човек. Се надоградив себеси и во однос на она што го работам, оваа година стекнав и многу вистински пријатели, ретко кој ги има во толкав број, среќен сум поради тоа. На љубовно поле немав ништо особено, веројатно затоа што љубовта ја посветив на својата работа, факултет и слично, не почуствував потреба за сериозна врска во ниту еден момент. После толку години одлучив да отидам на одмор со голем дел од мојата фамилија, сите заедно, тоа беше вистински одмор, прекрасно си поминав. Годинава сигурно ќе ја паметам и по тоа што го сменив местото на живеење, нова средина, нови предизвици...

Ме мрзи да навлегувам во детали, така да во глобала, 2011-та година за мене беше идеална, постојано бев среќен, имав толкава енергија во мене, во секој момент, (и уште имам) што многумина ми коментираа дека ќе биде вистинска штета ако јас се начукам или напушам. :) :) :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Re: По што ќе ја памтите 2011. година?

Почетокот добар/ не феноменален ама добар секако.
Потоа нов семестар на факулет за кој сите викаат дека е најтежок според предметите, па така многу сериозно го сфативме и резултатите се и повеќе од одлични и така до мај тоа ми беше главна преокупација. Во септември повторно факултет и последна година како апсолвент. Со тоа добив и некои можности за напредок. Имав учество на некои натпревари
без поголем успех ама секако тоа не го намалува стекнатото искуство.

Лето - незаборавно. Многу нови познанства посебно со ПивоФест по Прилеп кога доаѓаат луѓе од секаде. Неколку незаборавни одмори различни места низ Македонија со друштво и повторно нови познанства. Искусив многу работи кои никогаш ги немав пробано ( од страна на различни видови на спорт ) кои придонесоа за уште позабавно лето.
Кога сме кај спортот поврерно се навлеков на редовно гледање тенис и со кошарката и на тоа. Кошарка не гледам толку многу сега колку со првенството

Во главно интересна година пред се заради летото
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,982
7,122
113
Re: По што ќе ја памтите 2011. година?

Јас годинава ќе ја паметам по неколку убави нешта

Летото т.е беше тоа две недели во септември кој ќе ги паметам по тоа што со моето семејство и девојката на брат ми бевме на одмор во Грција и убаво си поминавме секоја вечер игравме карти,моабети,одење на плажа,пливање.... но едно од моите по драги работи е дека си купив DSLR фото апара NIKON D3100 со кој сеуште се учам на фотографирање

Исто така ќе ја паметам 2011 година по тоа што почнав да гледам тенис за првпат во мојот живот го следев без да пропуштам ниеден убав меч со Ѓоковиќ а и со Надал , мојот омилен тенисер Ѓоковиќ стана првиот во свет тенисер ,бев премногу радосен, тука беше и кошарката со кој Македонија покажа дека може да биде добра и надвор од нејзините граници,видов толку многу радосни лица Македонци кој се гордееа на успесите на кошаркарската репрезентација.

После летото и сите овие случувања активно се вклучив во семејниот бизнит ,почнав да работам во мојот бутик :) малку на почеток ми беше чудно ,но сега за сега се навикнав

Тие се тие неколку работи кој ќе ги паметам оваа 2011 година, се надевам нареднава ќе биде уште подобра :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Re: По што ќе ја памтите 2011. година?

Може темава да се прекрсти поинаку пример „По што ќе ја паметите годината што изминува“ или нешто слично за да не се отвора нова тема за секоја година? Или пак нека си има нова тема за секоја година, а постов префрлен таму

По што ќе ја паметам 2012 година?

Како и претходната најуспешно поле образованието. Дипломирав на економски факултет, а за кратко време и на педагошка доквалификација со надеж дека ќе имам повеќе можност за работно место кое сеуште го очекувам. После се заклучив дека повеќе ми лежат овие економски полиња и работи ама сепак и уште едното уверение/диплома не е на одмет. Исто така неколку завршени обуки пред се за поминување на времето, а и сепак за надгларба на знаењата, нови познанства и слично.
На приватен план онака добра. Научив кои ми се најдобрите пријатели на кои моѓам да сметам и во добро и во лошо меѓутоа никако да го сменам мојот карактер и да почнам да ги игнорирам оние кои го заслужиле тоа. Во најголем дел попуштам јас како помала или ајде нема причина за кавги и слично ама тоа наскоро ќе мора да се смени така да тоа е прва цел за 2013 година. Исто поминавме забавни одмори и еднодневни патувања низ Македонија и Грција со друштвото. Посакувам да сме во можност да го повторуваме тоа често.
Потоа многу-многу прослави како родендени, имендени дипломски. Мислам цело лето, па и есен само со прослави го поминавме.
Некои нови познанства и средби со личности кои ги немав одамна видено, а исто запознав и многу роднини од други држави кои за првпат по 20тина и повеќе години дојдоа во Македонија.
Чести излегувања и забави што на многумина им падна чудно бидејќи не сме тип на друштво кој секој ден во неделата на кафе средби, излети или прошетки надвор од градот ама имавме можност да го сториме сето тоа и го искористивме.
Неколку нови pen-friends... Ми се врати старата желба за размена на писма и разгледници така да голем дел од времето поминував со тоа.
Започнав некои серии да гледам на интернет напоредно со Америка и дел од членовите на форумов

Во главно на приватен план без некои бомбастични настани ама сепак забавна година.
 
Top