Burrows
Добро-Познат Член
- 4,814
- 41
- 48
- Автор на оваа тема
- #1
Ајде, ретроспектива на вашите случувања од годината која веќе е при самиот крај. 
Мене дефинитивно најпозитивно случување ми е што станувам попаметен во однос на претходните години (наредната година повторно ќе си мислам дека од оваа гледна точка сум бил глупав
), како и да е успевам полека да сфаќам во какво општество живееме и како може да се успее во него, се надевам дека искуствава што ги собирам еден ден добро ќе ме послужат.
Годината ми почна споро, така што се навлеков повторно на Бинго и на Лото, со мали утешни добивки кои ме поттикнаа и понатаму да им ги фрлам парите на Лотарија, првите 5-6 месеци ми поминаа во зајакнување на дружбата со стекнатите другари од средно, кулминација на сето ова беше дефинитивно најјаката собиранка на половина клас во Крива Паланка за 1-ви мај каде што најубаво се запознавме кои сме и што сме. Меѓутоа потоа почнуваат и некои разочарувања, но не комплетни, бидејќи не беа неочекувани. Летото си поминав супер 14 дена во Охрид со друштво, одмор кој ми заврши одлично со концертот на Дејвид Гета.
Почетокот на новата учебна година ненадејно ни ја донесе матурската екскурзија, која дури и нееуфорично дојде, но сепак доживувањето беше прекрасно. Таа недела никогаш нема да ја заборавам, ги заборавивме сите кавги и суети меѓу нас во класот и се дружевме супер. Благодарност и до класните покрај кои прошверцувавме и алкохол и слични работи кои нормално не би можеле, но сепак и тие се свесни во кој период сме. Професорите навистина се покажуваат во поинакво светло на вакви настани.
Овој период нема да го заборавам како прво тромесечие после она во прва година во кое буквално се оставив над книга, имав многу малку слободно време, меѓутоа и со многу маки на крајот трудот ми се исплатеше. Ваквите залагања оставија послаби резултати на љубовен план, ама не се жалам за тоа.
Воопшто негативните работи ги оставам на страна, кои среќа и ги немав многу.
На телевизиски план, во духот на форумот, најмногу ќе ја памтам дефинитивно по The Big Bang Theory. Мило ми е што се повеќе луѓе ја сакаат серијата, како во моето опкружување, така и воопшто. Исто така ќе ја памтам и по згаснувањето на А1... Годинава мислам дека немав пропуштено ни еден ден да прочитам американски телевизиски рејтинзи, секако освен кога немав пристап на Интернет. Ми се случи кога бев во Прага, во еден од трговските центри во Apple Store да отидам на Safari специјално на TV by the Numbers.
Ама не можам да ги баталам искрено, рејтинзите ми станаа порок и забава истовремено. Ни по година и пол активно пратење на американските рејтинзи не ми здосадија воопшто.
Годината ќе ја памтам како година во која комплетно ја свртев замислената иднина и се преориентирав кон друг предизвик. Година во која посебно место ќе добие септември, месец во кој сите се сплотивме и навивавме. Нема да го заборавам преполниот скопски плоштад во некои наврати.
Сега редот е на вас.