Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Мачкање очи е затоа што ниеден од сегашниве не одговара ниту е обвинет за нешто.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Мачкање очи е затоа што ниеден од сегашниве не одговара ниту е обвинет за нешто.
Епа затоа сме гомна држава.

Додека се на власт си се штитат како бели мечки, уживаат, молзат од "државната цицка" и граѓаните не знаат за криминалите но после од како ќе заминат од влас во опозиција се откриваат во јавност криминалите. Така се врти тоа во круг.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,070
404
83
И велиш 10 (ДЕСЕТ) години подоцна ја открија Америка ?

Веста прв пат беше објавена во не толку далечната 2013 (ДВЕ ИЛЈАДИ И ТРИНАЕСЕТТА) година, па сега им текна повторно да пуштаат стари плочи за да замачкуваат очи на јавноста.

https://a1on.mk/macedonia/valentina-stefanovska-25-pati-na-smetka/

Валентина Стефановска 25 пати на сметка на Центар патувала во Италија

16/08/2013 - 13:57

Од: А1он



1,5 милион евра поранешни градоначалници, раководители и скулптори потрошиле за патувања во Италија.

Одговарајќи на прашањето на советничката Весна Милосавлевска, дали има информации за потрошена голема сума пари за патување до Италија од екс-градоначалници, скулптори и вработени во општината, Жерновски одговори дека 57 лица на товар на Општина Центар патувале во Фиренца, Верона, Милано за поблиску да се запознаат со условите каде ќе се леат спомениците од проектот Скопје 2014.

Како што рече Жерновски, патувале и скулпторката Валентина Стефановска и тоа не еднаш туку 25 пати.

Патувал и поранешниот претседател на Советот, Владимир Здравев. И тој бил 8 пати.



Нејасно е, рече Жерновски зошто тој морал да отиде во Италија, а уште помалку што бара екс-раководителот на секторот урбанизам, или пак екс-раководителката за јавни набавки.

" Трошокот за авионски билети е нешто помалку од 1 милион евра, или вкупно 1.5 милион евра се потрошиле за патување и сместување во Италија. Прашувам што барал претседателот на Советот таму и кој се согласил буџетот на Центар да се олесни за 1.5 милиони евра ", рече Жерновски.
 

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Ма чукнати се, прост народ забегал скрос со памет
 

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Скопје пред еколошка катастрофа од осамостојувањето - Данела Арсовска нит се видела нит се чула досега !





Вечерва, општините сами ќе го чистат ѓубрево.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Вака е многу години наназад во Тетово со ѓубрето и кантите. Преку лето е ужас преполни канти, до кантите кутии. Во ваквите канти се фрла и отпад некој што реновирал дома па се фрлаат стари прозорци, може по некогаш да се најде стара фотеља... Брдо ѓубре во лето во кантите а се празнат еднаш или два пати во текот на денот.Чистење со вода и сретство кантите непостои, паднало тркалце од канатата не се поправа со години.

Колку што човек може да испрља толку ни 1000 служби не можат да исчистат. Дома
да ни е чисто а надвор е ужасот од нечистотија.
 

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Леле ќути, спектакл од народ дефинитивно :plac:
Ама милион пати е кажано дека при реновирање и опремување на дом не треба да се фрла тоа ѓубре во контејнери, си има посебни служби. Ама ЏАБЕ, како за инает мислам дека фрлаат намерно.
 

Beauty

Администратор
49,853
61,841
113
Лелееее колку е луда, не ги пуштала камионите на општините да го фрлаат ѓубрето :smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje:

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,730
6,088
113
Леле ќути, спектакл од народ дефинитивно :plac:
Ама милион пати е кажано дека при реновирање и опремување на дом не треба да се фрла тоа ѓубре во контејнери, си има посебни служби. Ама ЏАБЕ, како за инает мислам дека фрлаат намерно.
Па јас не ни знам дали воопшто во мој град функционира служба за да зема отпад поголем од мебел и такви работи.

Од дрга страна една општина или улица кај што имаш по 10 и повеќе дуќани, кафиќи, маркети е безвезе да има само 4 канти и кантите да се отворени да се гледа ѓубрето.

Мора некој систем да се воведе како други држави посредени што имаат. Ама ние се чудна држава и тоа тешко да се направи.
 
Top