Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Какви работи да се случуваат ?
Па нешто да организираат таму да се случува некакви собири. Или ги отвараат само со единствена цел провокации да се прави меѓу народот ставајќи им имиња на некој историски личности?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Би те препратил у тајната полиција да прашаш, али они се бафтаат со други ср*ња наместо со нивните активности. :)
 

Beauty

Администратор
49,886
61,905
113
Само Телма од нашиве и Клан од албанските откриваат скандали и превари. Све друго е ужас.

 

Beauty

Администратор
49,886
61,905
113
:pie kafe:


Арсовска потоа си постави подвижен микрофон кој никој не може да го исклучи. Одеше по салата, стоеше на говорницата и се кареше со Славески и дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. На Славески му рече дека е Хитлер, деспот и крадец.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,905
113
:pie kafe:

ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРВПАТ НЕ ГИ ОБЈАВИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“, НЕМА ИНФОРМАЦИЈА НИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ
Лани, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на почетокот на својот мандат не дојде на свеченоста за доделување на 13-Ноемвриските награди, па таа не им ги врачи наградите на добитниците туку тоа го сторија од жири комисијата, а не присуствуваше ни на свеченоста во Филхармонија, која покрај со врачување на наградите се одбележа со балетска претстава посветена на ослободувањето на градот пред 77 години. Ова беше првпат градоначалник на Скопје да не ги врачи наградите.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Си ја продаде Жан Митрев клиниката на албанци.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Значи затоа му ги открија скандалите, за да го натераат да ја продаде.
Тој себеси им се продаде на плавите жолтици уште во 2018 година, исто како и Трифун Костовски, сестрите Тодевски, Владо Јаневски, Бубо Каров - и овој почнал да допира нови дна, според тоа што ми го кажале луѓе кои минатово лето 2022 биле во негова непосредна близина - како и бројни други паразити кои отворено и јавно го поддржаа анти-македонизмот.

Додека не се извинат отворено и јавно кон македонскиот народ, ги вратат сите пари кои ги добиле од македонскиот народ како плата за нивната отворена и јавна поддршка кон анти-македонизмот, и изразат искрено каење за своето велепредавство, не се за жалење.

А и баш кога сме кај кардиохирургот, да бидеме искрени не е за жалење човекот, вистински професионалец е во својата област на занимање, што говори дека ниту ќе остане без пари, ниту ќе остане без работа. Од друга страна, долгот кој го има кон македонскиот народ поради своето велепредавство е далеку поголем од вредноста на една болница, Бог знае дали воопшто ќе успее и дали воопшто ќе се потруди во овој живот да го исплати таквиот долг кон македонскиот народ.

За жалење се вработените во болницата.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Интересен момент, како да се постапи со тие кои ги линчуваа(т) луѓето кои се сомневаат во ефикасноста, ефективноста и безбедноста на вакцините чии што производители отворено и јавно потврдуваат дека не ги испитале за дејствијата за кои со години тврдеа дека се главната предност на овие биохемиски супстанци.

Нека е жив и здрав доктор Роберт Малоун, да дочека да си поживее и три цифрена возраст, неговата одлучност да поддржува доброволна вакцинација, но под никакви услови да не поддржува задолжителна и обврзувачка вакцинација е лекција по морал, етика и основни човечки вредности, слободи и права, која треба да ја научат сите сегашни и идни припадници на научната заедница.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/dilemata-na-nevakciniranite

Дилемата на невакцинираните

14 ноември 2022 - 21:21

„Ние нема да заборавиме. Тие ја славеа нашата смрт, тие играа на нашите гробови“, порачува никој друг туку Роберт Малоун, научникот кој иако се смета за изумител на мРНК вакцините на кои се темелат повеќето вакцини против ковид, беше доволно доблесен да ѝ каже не на пандемиската хистерија која заликуваше на атмосферата од наци Германија. Што, не се сеќавате?



После неодамнешните повици за „Пандемиска амнестија“ (види: Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија) од групите кои уништија животи и бизниси, затворија училишта, ни ги одземаа слободите и ги свртеа семејствата, пријателите и соседите еден против друг, невакцинираните и оние што ја кажуваат вистината се најдоа во небрано.

Моралот и цивилизираноста ни велат дека треба да им простиме на оние кои нè навредуваа што избравме медицински суверенитет, непочитување на неуставните задолжителности или само го доведувавме во прашање наративот, но, тоа не е толку едноставно. Некои „проваксери“ можеби беа само исплашени за слепо да ги следат здравствените упатства и беспоговорно да бидат послушни кон државните обврски. Но, менталитетот на толпата да ги демонизира невакцинираните и да манипулира дека тие се проблемот - ја преминаа границата после која не се простува.


„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“, напиша ЛА Тајмс во тие времиња, велејќи дека оние што одбиваат „трезвени медицински совети“ па не сакаат вакцина, кога ќе завршат в болница или в гроб, можеби го добиваат „заслуженото“.

Авторот на тој текст дури ја промовираше одвратната хејтерска веб-страница www.SorryAntivaxxer.com која објавуваше детали и фотографии од починати „анти-ваксер активисти“ и воспеваше свој колега кој се одушевуваше од фактот дека „исмевањето на антиваксерите кога ќе се разболат стана национален спорт“.

Има бескрајни примери на омраза и презир кон невакцинираните изминатите две години, но, да се ужива во нивната смрт е одвратно. Сега се јасни податоците и информациите дека вакцините не функционираа како што се ветуваше и дека пропагандната машина лажела. Дури и Центарот за заразни болести признава дека нема разлика во упатствата за вакцинирани и невакцинирани.

Па, што да прават невакцинираните?

НЕ бидете злонамерни, НЕ заборавајте и НЕ престанувајте да поставувате прашања!

Едно од првите прашања што треба да го поставиме треба да биде околу тоа дали младите и здрави луѓе кои ненадејно умираат, биле вакцинирани или не. Ова не треба да биде табу, и треба да биде тема за пошироката научна заедница, да дебатира и да учи од тоа.

Знаеме дека сега генералните стапки на смртност се зголемени и дека за смртните случаи на здрави млади возрасни, здравствени агенции ги обвинуваат несаканите ефекти од ковид.

За да се бара примирје и заедно да се работи на барање одговори, на маса мора да бидат и вакцините за ковид. Не е страшно да се праша дали бил вакциниран некој кој умрел ненадејно и од непознати причини. Одговорот ќе нè приближи сите до вистината, потенцијално ќе спаси животи и ќе се знае каде е линијата кога следниот пропаганден настан кој се храни со страв ќе се обиде да нè подели и уништи.

Значи вака, бандо една хејтерска која сега мавта со бело знаме, ве молам запомнете...

Ние НЕМА да ја славиме вашата смрт, ние НЕМА да ви посакуваме ништо лошо, но НЕМА да ви заборавиме што направивте.

доктор Роберт Малоун

*****

Види и:

Пред да ги вакцинирате децата

Живееме во масовна психоза како во наци Германија

Приватно-јавно партнерство во цензурата
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Дани, ти, Марче и јас кога ќе испоумираме од злобните вакцини, што мислиш?
 
Top