А што е страшно ако имаат нивни таблици? Што сакаат нека имаат или лошо е за Србите што живеат таму, па ќе мора да трпат тоа ?
На крај краева, тоа нели функционира засебно, веројатно здравство, образование, локална самоуправа не им е српска.
Не е таму ништо повеќе српско, освен неколку стотици илјади луѓе кои живеат таму. Сѐ друго е веќе дефакто република Косово, имаат влада, премиер, па дури и филијала на партијата на Вучиќ учествува во таа влада како коалиционен партнер.
Лошо е што таблици имаат РКС (Република Косово), и што српските таблици мора да се менуваат во тоа. И тоа е проблем, затоа што Вучиќ тоа не може да изманипулира пред неговата франкенштајн партија сочинета од разноразни фракции, па така и од тие кои вриштат дека Косово не смее никогаш да биде држава. Прости гледачи ќе проголтат сѐ, тие се небитни, ама тие негови од партија малку потешко.
Косово е црна дупка на Европа, ваква состојба им одговара на сите мафии, поврзани со српските и албанските политичари. Само што сега албанските плус глумат некакво лудило користејќи војна во Украина и моментална геополитичка состојба за дневно-политички потреби.