Јас мислам дека таа и многу тогаш везе немаа што поддржуваат, уште беа под еуфорија од глупостите што ги презентираше Заев за бесплатно здравство, сидра, камшикари итн. Не знам што да мислам, ај да сфатам дека таа наивност се должеше на надеж, ама реално до толку да е наивен човек е ту мач.
Нејзин проблем е што знаела или не знаела, треба да и` се укинат секакви бенефиции на товар на државата која ги прима или би ги примала во иднина - државна пензија и слично, и никогаш повторно да не биде ангажирана на настан платен со државни пари. Освен ако во меѓувреме се извини отворено и јавно пред македонскиот народ и ги осуди анти-македонските велепредавници кои ги поддржа во 2018 и 2019 година.
Жалосно е тоа што токму нејзината ќерка Невена е македонското девојче за кое Јонче Христовски ја има компонирано една од најпознатите македонски народни песни, ако не и најпознатата македонска народна песна, но мора да се направи пример и од нејзе, и од Милчо Манчевски, Владо Јаневски, Бубо Каров и сите останати кои активно поддржаа анти-македонски политики.
Сестрите Тодевски баш и нема да бидат за жалење ако им се забрани учество на било каков настан платен со државни пари, а не ќе биде лошо да им се забрани и да учествуваат во државни објекти, нека си ги тераат своите кариери 100% приватно на приватни имоти, па можеби ќе им тргне кон подобро, или па можеби ќе откријат против што пееле од 2018 година па наваму.
Ене го моронот Милчо Манчевски кој се наполни како брод за време на претходната пвеводбеничка македонска влада, а и сега за време на сегашната анти-македонска влада на плавите жолтици, неговите продуценти го разобличуваат како измамник кој си ги собрал сите пари за себеси, а тој па се жали дека деца на плавите жолтици зеле повеќе пари отколку што тој зел за некои филмови. Или со други зборови кажано, не жали за тоа што поддржал анти-македонски велепредавства, туку се жали дека не го платиле доволно.
Можеме колку сакаме да се залажуваме дека појма немале што поддржуваат во 2018 и 2019 година, но самиот факт дека досега не излегоа со осуда на анти-македонските велепредавства говори дека не жалат за тоа што го направиле.
Ги нема ниту во ова лето 2022 кое може да биде погубно по македонскиот народ, што говори дека не се противат на велепредавството кое плавите жолтици и рамковнистите го изгласаа во македонскиот Парламент, а кога веќе еднаш си завзел страна, секакво понатамошно молчење во превод значи одобрување, освен ако излезеш отворено и јавно да го осудиш тоа што до вчера си го поддржувал.
Мора да се сноси одговорност за ваквите дела, едно е да поддржуваш политичка партија или било какво политичко/граѓанско движење/невладина организација и слично, но отворено и јавно поддржување на анти-македонски велепредавства и потоа да не се извиниш пред народот за таквата поддршка и да го осудиш велепредавството кое до вчера си до поддржувал, те прави подеднакво ист велепредавник како тие кои го извршиле велепредавството.