Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Не се согласувам, често имало „интересни“ моменти.
Преинтересни - бурек 70 денари, зејтин 100+, за такси да не правиме муабет, а за струја тек ќе правиме. :(
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Преинтересни - бурек 70 денари, зејтин 100+, за такси да не правиме муабет, а за струја тек ќе правиме. :(
Кратко ќе прашам, знаеш каква криза имаме во моментов? Јас искрено немам поим... Додуша каква немаме е поправилно...
Имаме економско-социјална, политичка, здравствена, емигрантска, енергетска, безбедносна... Каква сакаш, бирај, ја имаме...
Кој и да дојде или да остане на власт, ќе мора да посегне по не баш омилени мерки за граѓаните.
Еве и муклава во интервју на 21 рекол дека ни најдобрите разузнавачки служби не знаат кој е на власт и има мнозинство... Се сложувам хаахха.
Како и да е, овие сегашниве се неспособни, идните што и да направат, не може да сменат премногу, зошто добар дел од мерките нема да им се допаднат на граѓаните, а воедно и дел од кризите не се директно предизвикани од нас.
Во секој случај, мирно, смирено, ќе биде весело деновиве, неделиве, месециве... Или што би се рекло: „се игра некоја игра“. :)
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ма нека има само пари, здравје, весеље... И добри луѓе.
Пари слабо, здравје та бетер, весеље, е то има, а како у време на корона криза и беспарица, е тоа не знам, ама просечен македонец зема 200 евра плата, а троши најмалку 350... а од кај му се тие вишок 150 ни тој ни Господ знаат...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Кратко ќе прашам, знаеш каква криза имаме во моментов? Јас искрено немам поим... Додуша каква немаме е поправилно...
Имаме економско-социјална, политичка, здравствена, емигрантска, енергетска, безбедносна... Каква сакаш, бирај, ја имаме...
Кој и да дојде или да остане на власт, ќе мора да посегне по не баш омилени мерки за граѓаните.
Еве и муклава во интервју на 21 рекол дека ни најдобрите разузнавачки служби не знаат кој е на власт и има мнозинство... Се сложувам хаахха.
Како и да е, овие сегашниве се неспособни, идните што и да направат, не може да сменат премногу, зошто добар дел од мерките нема да им се допаднат на граѓаните, а воедно и дел од кризите не се директно предизвикани од нас.
Во секој случај, мирно, смирено, ќе биде весело деновиве, неделиве, месециве... Или што би се рекло: „се игра некоја игра“. :)
Фатална грешка твоја и на сите кои велат "сегашниве се неспособни", или слични коментари, е тоа што ги сметате владејачките злосторници за глупави, идиоти или не знам какви.

Криминалци никогаш не се неспособни или глупави или не знам какви.

Очигледно не разбирате дека додека зајко кукурајко се прави будала пред камерите, во позадина им направи повеќе милионски бизнис на ЕДС енергетската компанија на Кочо Анѓушев со увозот на струја, ги наполни РЕК Битола и останати енергетски капацитети со партиски пуленчиња кои појма немаат од струја, а уште помалку како се произведува струја, но затоа редовно си земаат плата за дремење по дома, си тера бизнис и со шверцување и шетање на имигранти низ Македонија, им направи добар бизнис на таканаречените монтери на модуларни болници кои горат со живи луѓе во нив, но парите за лошиот завршен градежен производ кој резултирал со човечки жртви никој не ги бара назад, а уште помалку па кривична одговорност, идните генерации ќе живеат во енигма: каква е таа македонска држава за која се бореле некакви си дејци кои всушност биле Бугари; и бројни други глупости, додека ти и останатите како тебе се прашувате каква криза сме имале или кој имал парламентарно мнозинство или кој бил вистинска влада и власт во оваа држава.

Ако се` што треба да направи за да му поминат ваквите злосторства без никакво зуцнување од јавноста, е да се прави будала пред истата таа јавност, за таквите како зајко кукурајко тоа е повеќе од доволна цена која треба да ја платат.

Јозеф Менгеле - озлогласениот нацистички воен злосторник од Аушвиц за време на Втората Светска Војна и Холокаустот, самопрогласен лекар кој експериментирал врз близнаци, им вршел присилни абортуси на жени и бројни други експерименти врз живи луѓе третирани како лабораторски стаорци, меѓу другото е познат и по тоа што на своите жртви им говорел:

" Колку повеќе ви ги правиме овие работи кои ви ги правиме, толку помалку ќе верувате дека навистина ви ги правиме " .

Или со други зборови кажано, кога хаосот станува секојдневие, на луѓето им станува се потешко да прифатат дека вака не функционира нормалниот, здравиот и пред се`, разумниот свет.

Повели направи споредба со сегашната состојба, па можеби ќе разбереш нешто.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Еве се согласувам, ама што е твоето решение? Востание? Војна?
Изборите нели се најлегитимен начин заедно со Устав и закони. Молкот на народот се гледа на избори.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Еве се согласувам, ама што е твоето решение? Востание? Војна?
Изборите нели се најлегитимен начин заедно со Устав и закони. Молкот на народот се гледа на избори.
Па ако ги знаеш барем најосновните факти од историјата на 20-от век - значи периодот од 1900 до 2000 година, да не се замараш со изучување на историјата и на постарите векови - би знаела дека најголемите историски промени секогаш доаѓаат токму од војна и од револуција.

Исто така би знаела дека мнозинството никогаш не одлучува во историските промени, комунистите никогаш не беа мнозинство во Русија, но сепак победија во руската граѓанска војна и го основаа Советскиот Сојуз, во кој исто така комунистите никогаш не беа мнозинство, но сепак поживеа речиси 70 години, или 74 години ако се земе и периодот од руската граѓанска војна.

Нацистите исто така никогаш не беа мнозинство во Германија, но сепак успеаа да издејствуваат прво демократско доаѓање на власт, а потоа демократско и легално уривање на демократските темели, слободи и права во Германија, по што само нивниот целосен воен пораз во Втората Светска Војна резултираше со нивното соборување од власт во Германија.

Ги имаш безброј примери само од изминатите 121 година, а многу повеќе од изминатите 2021 година и поназад, но на крај заклучокот секогаш е истиот: човечката волја секогаш е клучниот фактор, а не мнозинството или изборите.

Ако Македонците немаат волја за да ги сочуваат богатствата и вредностите за кои нивните предци пролевале крв на овие простори со векови, тогаш било какви избори, парламентарни мнозинства, владини коалиции и слични приказни и бајки за деца, се тотално бесмислени и безвредни.

Во 2016 и во 2017 година Македонците имаа волја за да им стават крст на пвеводбениците и нивниот пастир, тоа што не обрнаа внимание со какви гнаси ги заменија говори за политичката и демократската незрелост кај Македонците.

Но бидејќи самите се вовлекоа во овој идиотизам, единствено сами ќе можат да се извлечат од истиот.

Нека не очекуваат чуда од небото или спас од некој нов месија каков што им беше зајко кукурајко во 2016 и 2017 година, спасот лежи во нив самите и само тие самите можат да се изборат за истиот.

Во спротивно времето ќе си го направи своето и Македонците ќе станат топовско место како Курдите на блискиот исток, со кои делат заедничка историја како народи кои некогаш биле под турска окупација, но Македонците ја имале таа среќа да бидат активни учесници во Втората Светска Војна на страната на анти-фашистичките победници и својата победа во војната да ја наградат со слободна македонска држава, за разлика од Курдите кои немале таква среќа, а еве активно учествуваа(т) во борбите против ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија и во Ирак, ама никој не им го признава правото на самостојно самоопределување и независна курдска држава.

Како топовско месо, Македонците не ги чека некаква убава иднина, а на светот му се прди за нив, исто како и за Курдите, исто како и за сите обесправени народи лишени од правото на самостојно самоопределување.

 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Луѓе
овие ќе ни опнат минимум 20 посто поскапа струја од јануари, и сега излагаат со изјави демек од април ќе почне стабилизирање на цената и демек треба да го проголтаме поскапувањево онака лагано и нормално. Причи за мали деца.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
@Steff за што ќе бидат овие масовни протести во Срб викендов ?
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
@Steff за што ќе бидат овие масовни протести во Срб викендов ?
Против Закон за експропријација и Закон за референдум. И минатата сабота беа.

Ѓубриштава од власта на чело со оној ментален Вучиќ сакаат со првиот закон да им одземат земјата на луѓе кои не сакаат да дадат земја на инвеститори, со рокови на иселување од 10-15 дена плус еден месец за жалби. Значи 40-45 дена луѓе имаат рок да излегуваат од нивни куќи, станови, домови.

Со вториот закон може да се дозволи да 5 луѓе најмалку дадат предлог за референдум преку петиции, наместо 100 илјади или колку да требаше.

Сѐ на сѐ, срамни закони кои одат во полза на овие ментални мафијаши кои ни уништија земјава и кои сакаат да продолжат уште појако да ја уништуваат.

Е затоа протести.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Прво, нели им се плаќа за експропријација ?

Второ, ок и ? Кој има полза од ова ? Пет будали да дадат идеја и да се организираат референдуми секоја недела? Што добива Вучиќ со ова ?
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
Прво, нели им се плаќа за експропријација
Со новиот закон може да им се плати колку сакаат инвеститори. Значи ситни пари.

Второ, ок и ? Кој има полза од ова ? Пет будали да дадат идеја и да се организираат референдуми секоја недела? Што добива Вучиќ со ова ?
Добива да се организираат "независни" пратеници или членови од неговата ретардирана партија кои ќе излегуваат со разноразни бесмислени идеи кои ќе можат да се изгласаат.
 

Beauty

Администратор
49,891
61,908
113
Ама кој ќе гласа на референдум? Цела земја ?

Ниеден млад човек не го сака Вучиќ, со неколку зборев, да не кажам какви пцовки чув :406389:
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,248
113
Ама кој ќе гласа на референдум? Цела земја ?
Па за тоа и е референдум, цела земја.

Ниеден млад човек не го сака Вучиќ, со неколку зборев, да не кажам какви пцовки чув :406389:
Никој не го сака освен пензионери, тие го гледаат како да е Тито.
 
Top