Еве се согласувам, ама што е твоето решение? Востание? Војна?
Изборите нели се најлегитимен начин заедно со Устав и закони. Молкот на народот се гледа на избори.
Па ако ги знаеш барем најосновните факти од историјата на 20-от век - значи периодот од 1900 до 2000 година, да не се замараш со изучување на историјата и на постарите векови - би знаела дека најголемите историски промени секогаш доаѓаат токму од војна и од револуција.
Исто така би знаела дека мнозинството никогаш не одлучува во историските промени, комунистите никогаш не беа мнозинство во Русија, но сепак победија во руската граѓанска војна и го основаа Советскиот Сојуз, во кој исто така комунистите никогаш не беа мнозинство, но сепак поживеа речиси 70 години, или 74 години ако се земе и периодот од руската граѓанска војна.
Нацистите исто така никогаш не беа мнозинство во Германија, но сепак успеаа да издејствуваат прво демократско доаѓање на власт, а потоа демократско и легално уривање на демократските темели, слободи и права во Германија, по што само нивниот целосен воен пораз во Втората Светска Војна резултираше со нивното соборување од власт во Германија.
Ги имаш безброј примери само од изминатите 121 година, а многу повеќе од изминатите 2021 година и поназад, но на крај заклучокот секогаш е истиот: човечката волја секогаш е клучниот фактор, а не мнозинството или изборите.
Ако Македонците немаат волја за да ги сочуваат богатствата и вредностите за кои нивните предци пролевале крв на овие простори со векови, тогаш било какви избори, парламентарни мнозинства, владини коалиции и слични приказни и бајки за деца, се тотално бесмислени и безвредни.
Во 2016 и во 2017 година Македонците имаа волја за да им стават крст на пвеводбениците и нивниот пастир, тоа што не обрнаа внимание со какви гнаси ги заменија говори за политичката и демократската незрелост кај Македонците.
Но бидејќи самите се вовлекоа во овој идиотизам, единствено сами ќе можат да се извлечат од истиот.
Нека не очекуваат чуда од небото или спас од некој нов месија каков што им беше зајко кукурајко во 2016 и 2017 година, спасот лежи во нив самите и само тие самите можат да се изборат за истиот.
Во спротивно времето ќе си го направи своето и Македонците ќе станат топовско место како Курдите на блискиот исток, со кои делат заедничка историја како народи кои некогаш биле под турска окупација, но Македонците ја имале таа среќа да бидат активни учесници во Втората Светска Војна на страната на анти-фашистичките победници и својата победа во војната да ја наградат со слободна македонска држава, за разлика од Курдите кои немале таква среќа, а еве активно учествуваа(т) во борбите против ИСИЛ/ИСИС/ИД во Сирија и во Ирак, ама никој не им го признава правото на самостојно самоопределување и независна курдска држава.
Како топовско месо, Македонците не ги чека некаква убава иднина, а на светот му се прди за нив, исто како и за Курдите, исто како и за сите обесправени народи лишени од правото на самостојно самоопределување.