Мммм, интересно. Значи, сепак народот победи!
Да, народот два пати победи, ако воопшто така можеме да нарекуваме ова што се случи.
Прва беше протест минатата недела кога студенти протестираа за одлука да бидат исфрлени од домови поради Корона. 45 минути по донесена одлука и експресно оддржани протести, Вучиќ ја повлече својата одлука кога излегуваше на своите режимски медиуми.
Втората беше протест во вторник по најавен полициски час за Белград. Исто експресно излегување на улици. Утредента, Вучиќ ја повлече одлука со урнебесен аргумент дека премиерка и министерот на здравје не му даваат да воведе полициски час.
Но, за разлика од студентски протест, на овој народни настана хаос. Влегување во Собрание, полиција се гаѓаше со сѐ и сешто (само јајца фалеа) и потоа почна страшна бруталност на полиција со тепање, газење и затворање на протестанти.
Секако, не ги тепаа овие што правеа хаос, туку луѓе што беа мирни протестанти, и што е уште полошо, луѓе кои беа случајни пролазници. Истиот шаблон на полициска реакција се повторуваше и во среда и денес.
И затоа во среда беше уште еден протест, уште понасилен од страна на полиција во однос на вторник, да се демонстрира сила на овој психопат.
Вчера беше добра идеја да седнат сите пред Собранието, ама идеја беше лошо реализирана. Дури и коло се играше
Денеска пак беше реприза на прва вечер, со неуспешен обид да се луѓе навлечат да влезат во скупштина. И затоа се чекаше момент да Вучиќ заврши со својот небулозен говор на Пинк (демонстранти имаат некакви мапи и морзеови азбуки да се споразумеваат, платени се од израелски, руски и кој знае уште кои тајни служби) за да дојде уште една група на хулигани да провоцираат полиција па да се почне со уште една демонстрација.
И вечерва полиција апсеше случајни пролазници, ама не тепаше толку луѓе. Сѐ со целта да се полиција прикажа како позитивци, а демонстранти како негативци.
Каква ќе биде судбината на овие протести, не знам, ама не ми делува дека и во идните денови ќе продолжи. Денес се веќе осети дека има мање луѓе во однос на минатите денови, особено во вторник и среда. Целта да се покажа бес и незадоволство на граѓаните е покажана, као и целта да се повлече одлука.
Овие протести имаат смисла и во иднина да се настават, ама само со јасно дефинирани захтеви и јасно дефинирана организација. Во некој друг случај, не.