Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ако се случи тоа, ветувам дека уште во среда се облакам во црвено и се качувам на кран на плоштад и пејам.
Немој сестре, корона има сега, дај за подобри времиња хахах.

Направив скриншот од ова, за секој случај. :406389:
Мој чоек си значи, све да архивираш, ќе се користи некогаш бомбава мухахаха
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Да се даде ли коментар за денешната бомбичка за Зајко и неговото искрено мислење за брачата дека не вредат ни пет банки? :)
Или да се стрпиме уште малце па да причекаме уште ден-два околу новите појаки нуклеарки?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Да се даде ли коментар за денешната бомбичка за Зајко и неговото искрено мислење за брачата дека не вредат ни пет банки? :)
Или да се стрпиме уште малце па да причекаме уште ден-два околу новите појаки нуклеарки?
Зошто, кога и онака гласачите на плавите жолтици исто така не вредат ни пет банки, а сепак имаат удел во политичките одлуки во Македонија ?

Заев: Ние не сме веќе македонска политичка партија- дали СДСМ се додворува на албанските гласачи?

И покрај сето ова, сепак постојат корисни идиоти кои ќе гласаат за овие заколнати и докажани анти-македонисти.

Декларацијата на АСНОМ јасно и специфично потенцира дека малоумните немаат право на глас во слободна и независна Македонија.

И тоа е` објавено на официјалниот веб сајт на македонскиот Парламент.

https://www.sobranie.mk/content/Парламентарен институт/АСНОМ_MK.pdf

ДЕКЛАРАЦИЈА
на Антифашиското собрание на народното ослободуење на
Македонија за основните права на граѓанинот
на демократска Македонија


...

5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.

6. Изборното право на демократска Македонија го вршат избирачите со тајно гласување на основаше на општото, еднаквото, непосредното и личното изборно право.

7. Правото да избират и да бидат избирани во сигге изборни тела во народната власт имајат секој граѓанин и секоја граѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје престапление. До дека траје народно-ослободителната војна, по решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајното и непосредното гласување.

Малоумните лица, како и лицата кои са провинат по отношение на интересите на народно-ослободителната војна, се лишавајат од правата по точка 5 и 6 на оваја декларација.

...

Појасно - здравје.

Но сепак овој документ денес е сведен на безвредно парче хартија, поради што за жал, малоумните ништо нема да ги запре да бидат и да останат корисни идиоти за интересите на плавите жолтици и на сите останати докажани и заколнати анти-македонисти.
 

Beauty

Администратор
49,894
61,917
113
  • Автор на оваа тема
  • #706
Не ми се јасни протестиве во Белград. Што не протестираа пред избори? Што не се најде јунак како Заев и Шарените така и во Србија ?

А за ова кај нас, мислам дека денешнава бомба ќе ги разлути Албанците. Стварно безвезе.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,744
6,107
113
Кај нас полицијата ги оставија да си играат со боење фасади. Во Србија полицијата е спремна од сам старт со коњи, со пендреци, со се и не дозволува колку е можно да прават што сакаат.

Мислам дека протестиве се скоро слично сценарио како и кај нас така и во Србија.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,697
45,248
113
Не ми се јасни протестиве во Белград. Што не протестираа пред избори? Што не се најде јунак како Заев и Шарените така и во Србија ?
Јас веќе кажав зошто се протестува така да не сакам да се повторувам.

Вечерва ете се повторува сѐ од завчера, влез во Собранието, хаос, полиција не реагира... Ама овој пат народ не падна на провокација и не влезе заедно со една група на луѓе (веројатно инфилтрирани) па затоа полиција не реагира.

Од друга страна, реакција од полицијата изостана можеби затоа да се покажа како полицијата воопшто не беше толку брутална како што се зборува. Затоа вечерва сите телевизии и прикажуваат протести, дури и Пинк.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
А, чекај. Нема полициски час од денес до понеделник како што велеја?
 

Steff

Добро-Познат Член
33,697
45,248
113
Мммм, интересно. Значи, сепак народот победи!
Да, народот два пати победи, ако воопшто така можеме да нарекуваме ова што се случи.

Прва беше протест минатата недела кога студенти протестираа за одлука да бидат исфрлени од домови поради Корона. 45 минути по донесена одлука и експресно оддржани протести, Вучиќ ја повлече својата одлука кога излегуваше на своите режимски медиуми.

Втората беше протест во вторник по најавен полициски час за Белград. Исто експресно излегување на улици. Утредента, Вучиќ ја повлече одлука со урнебесен аргумент дека премиерка и министерот на здравје не му даваат да воведе полициски час.

Но, за разлика од студентски протест, на овој народни настана хаос. Влегување во Собрание, полиција се гаѓаше со сѐ и сешто (само јајца фалеа) и потоа почна страшна бруталност на полиција со тепање, газење и затворање на протестанти.

Секако, не ги тепаа овие што правеа хаос, туку луѓе што беа мирни протестанти, и што е уште полошо, луѓе кои беа случајни пролазници. Истиот шаблон на полициска реакција се повторуваше и во среда и денес.

И затоа во среда беше уште еден протест, уште понасилен од страна на полиција во однос на вторник, да се демонстрира сила на овој психопат.

Вчера беше добра идеја да седнат сите пред Собранието, ама идеја беше лошо реализирана. Дури и коло се играше :off::off::off:

Денеска пак беше реприза на прва вечер, со неуспешен обид да се луѓе навлечат да влезат во скупштина. И затоа се чекаше момент да Вучиќ заврши со својот небулозен говор на Пинк (демонстранти имаат некакви мапи и морзеови азбуки да се споразумеваат, платени се од израелски, руски и кој знае уште кои тајни служби) за да дојде уште една група на хулигани да провоцираат полиција па да се почне со уште една демонстрација.

И вечерва полиција апсеше случајни пролазници, ама не тепаше толку луѓе. Сѐ со целта да се полиција прикажа како позитивци, а демонстранти како негативци.

Каква ќе биде судбината на овие протести, не знам, ама не ми делува дека и во идните денови ќе продолжи. Денес се веќе осети дека има мање луѓе во однос на минатите денови, особено во вторник и среда. Целта да се покажа бес и незадоволство на граѓаните е покажана, као и целта да се повлече одлука.

Овие протести имаат смисла и во иднина да се настават, ама само со јасно дефинирани захтеви и јасно дефинирана организација. Во некој друг случај, не.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,744
6,107
113
На сите ни е јасно дека мирни протести не носат било какви промени но насилства и демолирање на гадови па и не е многу добра опција. Исто така вчера на протестиве во Белград ми беше тотално безвезе полицијата што не им враќаше на протестантите. Они може да ги гаѓаат и повредуваат а полицијата не може да врати.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,697
45,248
113
На сите ни е јасно дека мирни протести не носат било какви промени но насилства и демолирање на гадови па и не е многу добра опција. Исто така вчера на протестиве во Белград ми беше тотално безвезе полицијата што не им враќаше на протестантите. Они може да ги гаѓаат и повредуваат а полицијата не може да врати.
Секако, но ова што се случи во вторник и среда беше добра порака упатена кон Вучиќ дека народот сепак не е толку ретардиран да прифаќа секоја негова небулозна одлука.

Добро е што е евидентно дека се малку исплаши од народот и што сега има да стравува од народ на улици секој пат кога ќе му текне да донесе некоја одлука.

Мислам дека на есента со уште поголем број на заразени од корона и економска криза има да биде уште поголем хаос на улици.
 

Beauty

Администратор
49,894
61,917
113
  • Автор на оваа тема
  • #715
Имаше избори, јас како што знам. Што не излегоа да гласаат? Што не се најде јунак да се спротистави и да вети подобар живот? Не сакам да сум злобна, но имаше легална борба за власт, претпоставувам. Требаше да излезат и да гласаат.
Впрочем, јас освен млади на тие протести не видов мнозинство постари луѓе.

Требаше тие протести да продолжат што ви одеа пред короната.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,697
45,248
113
Имаше избори, јас како што знам.
Се утепав од објаснувања на актуелни случувања, а ти избори па избори. Врска немаат протести со избори. Заболе народ за избори, за политички партии, за позиција и опозиција. Заболе оној дечко што му татко умре од корона за избори. Заболе оној човек што го беспотребно претепаа за избори. Ова е бес и револт на народ поради ноторни лаги, манипулации и бруталноста на овој психопат.

Избори кај нас не се регуларни воопшто, затоа и дел од опозицијата ги бојкотираше скрос овој пат. Овој болесник и не може да се победи на избори кога целата медиумска машинерија е негова, кога се на неговите телевизии (Пинк посебно, а сите знаеме дека Пинк се најмногу гледа кај пензионерите) сатанизираат политички противници, кога луѓе се уценуваат да гласаат за неговата партија, на гласачки места се полнат кутии како кај вас... Во таков амбиент никој не може да победи.

Вонинститиционална борба е единствен начин да се ова зло победи, не избори. Ама во тоа треба голема инвестиција, што со луѓе, што со политичка поддршка, што со финансиски средства. Јака организација е потребна за сето тоа.
 

Beauty

Администратор
49,894
61,917
113
  • Автор на оваа тема
  • #717
Онда останува пушката и во борба. Или селење. Трето нема.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Пијам комуњато со северџански солзи, грицкајќи си пуканки и слушајќи ги бомбите за заевото судство и паѓањето на случаевите... :pie kafe::uzivkanje:
Ајде утре здравје нуклеарката ја очекувам... :ehh:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Другар Апасиев, ти си? :406389:

И тој пред некое време на Канал 5 најави нуклеарки наредниов период. :406389:
Димче Апсаана е другарче на мое другарче хахаха. Овде Прецедник Јефто ахахаха, не ме позна бе? Цццц, ај еве маскава ќе симнам чоек. :haha:
 
Top