Средено.
Давај ти инфо. Да се спречи полнење кутии во албанските места, мора!
Од тоа што јас го имам како неофицијално инфо, има разлика +7.
Полнење кутии, ах, тој процес е познат у западна Северна и тешко да се спречи... Но со последните крекања на ДУИ, убеден сум дека се спремаат за во опозиција, а башка и т.н. мајски договор (победник со победник, оксиморон само по себе) нема да се испочитува, посебно после изјавите од македонската опозициска партија и мултиетничката партија на власт, која небаре не коалицира се' уште со дуи.
Сериозни бројки има и Левица, а сите други партии заедно, тешко дека можат цел еден пратеник да добијат...
Спотовите нема да ги коментирам, оти има и океј, ама има и тотални промашувања.
Бомбите... Ах, ќе се рокаме, натиго дајмиго...
Иако првичното инфо беше дека е договорено да нема бомби, една страна не го почитуваше тоа, па сеа се возвраќа ударот, само со петарди засега.
Инаку ако ме држи меморија (ако не прегоре мемориската од вчера-завчера дешавките), ви реков дека ќе има прелет (сончогледи) од СДС во ВМРО... Мицко вчера двапати го рекол тоа, на што Заев немал поим... Останува да се види што ќе биде.
А да, неофицијално, се разгледува после избори да идеме пак со карантини и полициски часови...
Датум за почеток на преговори... То ќе биде кога нема да е зајко на власт, то ќе да е последно. А друго неофицијално, во Битола висок владин преставник веќе си го спрема членството за пораз.
*не знам друго што имав периодов хахха, после вртоглавиците, повраќањата, итн итн (неам корона, уживајте хаха), а и напорнава работа со „зелки“ да се расправам, заборавам што интересно можев да споделам делумно со вас...