Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #1
Кој мобилен оператор го користите? Колку сте задоволни од услугите на истиот? За кој оператор сметате дека има најдобри цени и услуги?

Јас ги имам искусено сите три мобилни оператори досега. Почнав со Cosmofon на времето, многу ми беше топ тогашниот при-пејд, посебно што нонстоп имаше некои промоции, попусти и сл. Најзакон дефинитивно беше SpeakUp во 2006-та, што даваше бесплатни пораки секој викенд цело лето. Тогаш мислам дека правев рекорди во пораки.

Во 2007-ма се префрлив на T-Mobile зошто телефонот што го земав подржуваше само СИМ-картичка од таму, па бев принуден. Имаат квалитетна мрежа, а богами и скапо ја наплаќаат. Имаа ужасни цени, иако имаше и некои при-пејд понуди што имаа доста поволности (со EasySMS добивав по 500 пораки секој пат кога ќе надополнев кредит и морав да ги искористам за само една недела!), а лошо беше и тоа што кратко траеа помалите надополнувања.

Едно време земав и број од Vip кога почнаа, ама стварно беа катастрофа. Од мрежа, до цени (се сеќавам на „легендарното“ 7 денари минута, кое демек беше многу ефтино за тоа време, а после таа минута се доплаќаше 7 денари од секунда) и брзо ги баталив.

Потоа се вратив на Cosmofon, кој брзо потоа се ребрендира во One и ОК ми е.

Така што, јас вака би ги подредил:

1. One
2. T-Mobile
3. Vip
 
darko

Нов Член
182
0
0
исто и јас имам искуство со сите три мобилни оператори
но би гласал за вип - бесплатни мин кон сите вип броеви и 5 ден кон другите оператори се исплаќа
 
Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Дефинитивно T-Mobile. :)

Додуша ги имам користено само Cosmofon и тој, ама од сестра ми знам некои работи и за Vip.

Иначе од пред некој ден имам број на пост пејд, и сето тоа ради тоа што доста брзо го трошам кредитот, и некогаш во итни случаи останувам заглавен без кредит а тоа чувство ми е едно од најнепосакуваните. Иначе додека бев на при пејд, имав мој клуб двајца другари и еден од родителите, и користев редовно 150 бесплатни пораки на секое надополнување (кои се разбира никогаш не ги истрошив). Исто така еднаш надополнив 600 денари, и добив 1000 бесплатни минути со само три броја, па имаше доста зборување.

И така, ќе видиме како ќе биде на пост пејд, не верувам доста многу да трошам, се надевам барем месечно до кај 1200-300 денари, затоа што и онака по пет пати месечно надополнував по 200 денари. Го користам мобилниот за најбитни работи, пораки најчесто, а мајка ми и татко ми, скоро секогаш тие ми ѕвонат. :)
 
Missy

Активен Член
3,198
2
38
Користам Т-Mobile уште од кога купив мобилен прв пат и си го задржав истиот број. Мобилен не користам често така да и не трошам многу. За скапо е поприлично ама имам Easy Sms тарифа и само пораки пракам по потреба. Не ми се допаѓа што картичките со пониска сума ама многу мала важност. На пример Вип и 100 ден има цела година важност овде 1 недела што е огромна разлика. Од ONE имаме фиксен телефон ама не е се така сјајно како што беше на почеток. Сега секој повик надвор од мрежата се наплаќа на страна, а од тие 100 мин гратис кои требаше за сите фиксни мрежи да бидат реално ни пола не ги трошиме, а на сметката има како и над тие 100 мин да имаме зборувано.
 
Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #5
Јас сум веќе година и нешто на пост-пејд и ми е многу подобро отколку на при-пејд. Дури и многу повеќе зборувам а не плаќам нешто драстично повеќе од порано. :)
 
darko

Нов Член
182
0
0
Bobi напиша:
Дефинитивно T-Mobile. :)

Додуша ги имам користено само Cosmofon и тој, ама од сестра ми знам некои работи и за Vip.

Иначе од пред некој ден имам број на пост пејд, и сето тоа ради тоа што доста брзо го трошам кредитот, и некогаш во итни случаи останувам заглавен без кредит а тоа чувство ми е едно од најнепосакуваните. Иначе додека бев на при пејд, имав мој клуб двајца другари и еден од родителите, и користев редовно 150 бесплатни пораки на секое надополнување (кои се разбира никогаш не ги истрошив). Исто така еднаш надополнив 600 денари, и добив 1000 бесплатни минути со само три броја, па имаше доста зборување.

И така, ќе видиме како ќе биде на пост пејд, не верувам доста многу да трошам, се надевам барем месечно до кај 1200-300 денари, затоа што и онака по пет пати месечно надополнував по 200 денари. Го користам мобилниот за најбитни работи, пораки најчесто, а мајка ми и татко ми, скоро секогаш тие ми ѕвонат. :)
А не ти е скапо со т-мобиле да зборуваш???

јас т-мобиле го користам само за пораките што се, додека вип ми е за зборење (бесплатно е со сите вип броеви)
од факс ни имаат дадено на сите бесплатни броеви од вип, исто така и друштвото ми е на вип - така да ништо не трошиш, освен месечната претплата што сега е пола да ја плаќаш
 
Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
darko напиша:

Па искрено да ти кажам и не ми е. Скоро сите најблиски ми се на T-Mobile. Еден другар не знам што е на друг оператор. Домашните исто ми се на T-Mobile и они ми ѕвонат јас да не трошам. Е некогаш ме нервира тоа што 7 денари е минутата, и без разлика ти и да збориш 30 секунди, пак ти зема толку. :hmm:
 
хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Во принцип не разговарам многу на телефон, само по потреба. Ама трошам мало богатство за интернет на телефон. Секој месец ставам 4 гб на оне за 600 ден. Откако ќе ги потрошам тие ставам по 100 ден на тмобиле на неколку дена, исто за интернет. Не можам да го замислам телефонот без интернет. Еве ова го пишувам од мобилен. Имало месеци кога сум ставил и по 3 4 пати по 4гб на оне.
 
igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Јас сум на Т- Мобиле откако се користам со мобилен, така да и не можам нешо кој знае колку да зборам за останатите . Сите шо ги знам, со кои секојдневно комуницирам и ми се најблиски се на Т- мобиле и тоа е најголемата причина што ги користам нивните услуги. Го имам Family Max пакетот( фиксен, интернет, телевизија и мобилни) и мислам дека е добар за услугите што ги нуди. Дека крадат секако дека да ( неможам да заборавам дека кога беа единствен оператор у Македонија кој монопол го имаа со минута од 40-50 денари), потоа скандалот кој го имаа со говорната пошта, страшно ме иритира фактот што ко си во салон на Т-мобиле немаат никаков однос кон тебе како клиент туку те гледаат како еден од многуте ( некако имам чуство како понашањето им е како дека не им е дојдено до твоите пари имаат милион корисници, ако ме сфаќате :haha:) Е сега мислам дека нудат неоспорен квалитет и се најдобри на пазарот, но секако дека и добро си го наплаќаат.
 
darko

Нов Член
182
0
0
expert напиша:
Во принцип не разговарам многу на телефон, само по потреба. Ама трошам мало богатство за интернет на телефон. Секој месец ставам 4 гб на оне за 600 ден. Откако ќе ги потрошам тие ставам по 100 ден на тмобиле на неколку дена, исто за интернет. Не можам да го замислам телефонот без интернет. Еве ова го пишувам од мобилен. Имало месеци кога сум ставил и по 3 4 пати по 4гб на оне.
тогаш тебе подобро ти е да користиш интернет од вип
не е многу скапо околку 300 ден во месец, исто така можеш и неограничено да користиш ако не го земаш пакетот за интернет
 
Missy

Активен Член
3,198
2
38
Премногу е добра понудата на T- Mobile за полиција, војска и сл. Сите што се во таква институција вработени имаат можност да земат по 4 броеви и разговорот меѓу сите е бесплатен. Мислам дека има некои 50 ден претплата за сето тоа. Братучеди ми имаат такви броеви и практично со пола Македонија бесплатно зборуваат постојано.
 
хејтер

Активен Член
2,064
0
36
darko напиша:
тогаш тебе подобро ти е да користиш интернет од вип
не е многу скапо околку 300 ден во месец, исто така можеш и неограничено да користиш ако не го земаш пакетот за интернет
неограничен интернет? Тоа е тоа што ми треба. Мислам дека не постои такво нешто. Ако постоеше ќе го земев, и покрај тоа шо вип немаат 3г.
 
Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Ке се надоврзам на муабетов,и ке си кажам мое искуство од Мк.
Последната година пред да дојдам,на војската и полицијата им дадоа по 4броеви од вработено лице,меѓу кои можеш да збориш бесплатно. Па така тетка ми,татко ми и дедо ми земаа по 4 броеви кои ги „раздадоа“ на најблиски и сите меѓу себе си зборевме бесплатно. (веројатно уште ја има таа услуга). Бев на пост-пејд и плакав околу 700-900ден месечно,и најмногу бројни ми беа пораките и разговорите со другарките (кои претежно беа на Космофон).

Тука мобилната технологија се смета за многу скапа,но според мене за овој стандард и не е толку. Јас за мојот плакам 80$ и имам вклучено неограничени пораки кон сите мрежи,400мин бесплатен разговор кон сите мрежи,постојано бесплатен разговор со мојата и уште една мрежа,бесплатен разговор после 6пм и викенди,500мб интернет и анлимитед сошал нетворкинг и уште некои ситници.
Мислам дека во Мк треба да направат за не толку висока цена да се додаде опција неограничени пораки,затоа што младите нели претежно тоа преферираат него ли зборење.
Исто тука има и студент планс кои што нудат интересни услуги за ниски цени.
 
Крис

Администратор
4,813
11
38
Сметам дека T-Mobile е најдобар бидејќи тој го користам веќе долго време. Имам два броја на сметка од кај нив, услугите кои ги нудат се беспрекорни, но месечните сметки кои ги плаќам се доста дебели, тоа им е минус. Не го раскинувам договорот кој го имам со нив од причина што сум користел и Vip и знам како е да ти паѓа мрежа секогаш кога ќе влезеш во подрум, некое помалку населено место или слично, покриеноста им е нула.

Од One сум задоволен, но како оператори за интернет и дигитална телевизија.
 
emma-chan

Нов Член
85
1
0
Користам t-mobile и сум задоволна да. Ама сепак мислам дека вип е подобар од t-mobile и сакам во иднина да бидам на тој оператор и да видам како е
 
LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Моментално користам броеви и на T mobile и на Vip. Од Т мобајл сум крајно задоволен (мрежно) иако цените им се малку посолени. Вип от го користам за раговори со друштвото, битејки сите се на Вип па ни доаѓа бесплатно. One никогаш не сум користел.
 
Mulholland

Нов Член
382
0
0
Ниту знам колку ми се наплаќаат разговорите, ниту дневна, ноќна, вечерна, утринска и каква и да е тарифа. На T-Mobile сум со години, кога почна VIP да работи купив број и од нив бидејќи ефтин беше, ама мрежата цело време ми се префрлаше на T-Mobile и тоа ме нервираше и се вратив на T-Mobile.
 
Losteech

Администратор
663
0
0
T-Mobile = скапи, неуслужливи и „дигнати“. Кога ми го украдоа мобилниот не мрднаа со прст за да ми го најдат, затоа што цената не му беше над 10.000 денари (туку околу пет илјади „САМО“!). Оттогаш ми се антипатични.

One - не се толку скапи како T-Mobile, но знам дека еднаш асално ме ограбија кога од Србија пратив 3 пораки кон МК (бев на екскурзија). Имав 200 денари кредит, а кога влегов во нашата земја, имав верувале или не 4! Добро е тоа што по салоните, вработените им се поуслужливи за разлика од „Тимобајловци“.

Vip не сум имал можност да ги испробам, ама сметам дека се најдобри од сите поради своите најевтини цени и пакети кои цело време им се достапни на нивните корисници. Планирам наскоро да се префрлам кај нив.
 
Missy

Активен Член
3,198
2
38
Losteech напиша:

За ова зависи каде. Во Прилеп и не е баш така барем во еден продажен салон каде што често разгледуваме понуди на телефони и слично.
За цени кога бев Црна Гора и Хрватска бидејќи и таму има T-mobile пораките за Македонија по нормална цена ми се наплаќаа. А во Италија немаше, за сега не знам бидејќи автоматски на Водафон ме префрлија некаде по 15тина денари беше порака ако не и повеќе
 
Крис

Администратор
4,813
11
38
Losteech напиша:
One - не се толку скапи како T-Mobile, но знам дека еднаш асално ме ограбија кога од Србија пратив 3 пораки кон МК (бев на екскурзија). Имав 200 денари кредит, а кога влегов во нашата земја, имав верувале или не 4! Добро е тоа што по салоните, вработените им се поуслужливи за разлика од „Тимобајловци“.
Што? Очигледно не си влегол во салонот кај Зелено пазарче. Таква тикварка јас во живот не сум видел, толку и беше тешко да ми наплати една сметка за интернет како да и реков "земи ископај го ова МА!". Но и го запамтив името кое и беше закачено на униформата, ја најдов на Фејсбук и кога тогаш, вака или онака ќе плати.
 
Top