Missy
Активен Член
- 3,198
- 2
- 38
- Автор на оваа тема
- #1
Не мислам на многу одамна макар што можи и тоа туку за нас кога сме биле на некоја возраст и нашето однесување, во споредба со младите денес на таа возраст.
Бидејќи имам помал брат имам многу за споредба со она што го прават неговите врсници и сме го правеле ние на таа возраст. За 14-15 годишници се работи
* Излегување. Ние - во викенд, слаткарница или тогашното диско, до 11:30 максимум полноќ и тоа ако има некој посебен повод. За пиење строго сок. Не дека немало исклучоци меѓу сите ама и тие на прсти се броеја. Сега според негово кажување - неговите соученици посебно машките излегуваат скоро секој ден, последните неколку излегувања се прибрале дома во 3 часот наутро, поголем дел имаат пробано или консумираат алкохол, некои и цигари. За ова пред се сметам се виновни родителите
* Врски. Ние по некој симпатија, љубовни пораки, писменца, ретко кој и дечко/женска. Сега скоро секој/а со женска/дечко. Мое мислење е дека 14 години се премалку за врска ама секој/а нека си решава за себе кога се чувствува спремен/на за тоа
* Училиште. Ние - преку 20 одлични од 30 ученици, со почит спрема наставници и почитување на нивните совети и нивниот збор. Сега одвај 4-5 одлични во одделение, никаква почит спрема претпоставени и слично.
Не дека ние сме биле светци или премногу мирни и како и да е ама сегашниве тинејџери за многу нешта немаат граници.
Ваше мислење?