Младите - некогаш и сега

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #1
Не мислам на многу одамна макар што можи и тоа туку за нас кога сме биле на некоја возраст и нашето однесување, во споредба со младите денес на таа возраст.

Бидејќи имам помал брат имам многу за споредба со она што го прават неговите врсници и сме го правеле ние на таа возраст. За 14-15 годишници се работи

* Излегување. Ние - во викенд, слаткарница или тогашното диско, до 11:30 максимум полноќ и тоа ако има некој посебен повод. За пиење строго сок. Не дека немало исклучоци меѓу сите ама и тие на прсти се броеја. Сега според негово кажување - неговите соученици посебно машките излегуваат скоро секој ден, последните неколку излегувања се прибрале дома во 3 часот наутро, поголем дел имаат пробано или консумираат алкохол, некои и цигари. За ова пред се сметам се виновни родителите

* Врски. Ние по некој симпатија, љубовни пораки, писменца, ретко кој и дечко/женска. Сега скоро секој/а со женска/дечко. Мое мислење е дека 14 години се премалку за врска ама секој/а нека си решава за себе кога се чувствува спремен/на за тоа

* Училиште. Ние - преку 20 одлични од 30 ученици, со почит спрема наставници и почитување на нивните совети и нивниот збор. Сега одвај 4-5 одлични во одделение, никаква почит спрема претпоставени и слично.

Не дека ние сме биле светци или премногу мирни и како и да е ама сегашниве тинејџери за многу нешта немаат граници.
Ваше мислење?
 

Beauty

Администратор
52,325
66,052
113
И ние кога бевме помали, постоело младите некогаш и сега. Сигурно вашите родители ви кажувале колку било подобро во нивно време или бабите и дедовците колку било подобро во нивно. Но ова денешното дефинитивно е претерано. За мене она време без компјутери исто било лошо, но денешново е најлошо. Проблемот е во тоа што денес на децата не им е забрането ништо.
Епа сега погледнете со што растат денешните деца - без цртани филмови, со компјутери, достапни им се секакви сајтови, со денешни тин серии како Gossip girl и 90210 каде има секс, алкохол, забави, дрога и менување дечковци и девојки секоја епизода.
Тоа е проблемот, од интернетот и од таквите серии и филмови децата не учат ништо паметно.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #3
Точно е тоа дека и пред нас имало млади и со различен начин и кодекс на однесување. И мене кога ми раскажувала баба ми или мајка ми приказни сум викала остави тоа било во „старо време“.
Ама сепак сега границите се премногу изместени. Кога ми кажа брат ми дека неговите соученици си одат од чаршија во 3 наутро мојот коментар беше „ дали имаат тие родители и некој кој се грижи за нив “. Колку и да е безбеден град Прилеп ( макар што и тоа е релативно сега), па и другите посебно помалите градови 3 часот е претерано за 14-15 годишници, па и за некоја година постари од тоа
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,946
7,090
113
Денес новава генерација млади тинејџери ,излегуваат во дискотеки и кафиќи каде излегуваат 5-6 години постари луѓе од нив ,а девојчињата се пуштаат на луѓе кој се неколку години поголеми од нив дури и се облекуваат девојчињата повеќе како певачици од Гранд парада со големи штикли премногу шминка , мини сукничиња ...
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #5
Гледам слики сега од некое училиште од полуматура (од друг форум е, а и не е моја или од близок за да имам дозвола да ја споделам сликата) и скоро сите девојчиња се во кратки (поприлично) фустани со штикла 12-15см. Па 14-15 години имаат. Мислам ова е претерано.

Инаку како што пишав имало и пред нас секогаш ама ова што се случува последниве години е за надвор од секаков позитивен коментар. Мојата полуматура пред 8 години ( колку и да изгледа далеку ) девојчињата беа во пантолони, фармерки и ретко некое фустанче со пристојна должина, а на нога балетанки, римјанки или патики. Истото и по 2-3 генерации се случуваше. Преѓе си иди комшивката моја од чаршија и покажува што купила за полуматура. Девојчето ( барем јас сеуште ги сметам за девојЧИЊА, а не девојКИ ) има слични штикли на моите кои пред месец ги купив за апсолвентска, значи добри 15см со тоа што напред имаат мала платформа за постабилен пад. Сепак добила дозвола од мајката за тоа. Ќе видам за некој ден што ќе носат остатокот од ученичките ама не верувам нешто да се подобри во изборот. Изгледа сакаат пред време да пораснат
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Баш пред некој ден средувајки штиклите наидов на тие што ги носев за полуматура, и баш се сетив на реакцијата кога ги купив „леле сигурно ке имам едни од повисоките“ што и беше точно, а сега се буквално како балетанки. Значи колку се менуваат работите, а ние несвесно ги пратиме. Но сепак, и јас кога бев во Мк, се знаело кога се прибирам дома. 1-2максимум, и тоа 2 може во Бисер ако сум била или во маало, а одење негде во град или во дискотека, 1 и тоа не сама да се вратам него со другарките. Преку недела нема шанси искачање,освен во кафич после школо на кафе. Ако не научам,нема надвор. И тоа не бев мала, мислам 15години имав года дојдов тука, прва година бев. Имаше и од кај мене некои кои беа без контрола ама таквите како мене доминираа и тие беа чудните. Доколку сега пак, аууу сега...себеси се гледам значи: се дружам со постари од мене (20+), користам фејк лична карта за да влагам со нив по дискотеки, искачам секој ден, во работен ден се вракам 1-1ипол, а викенд не ни знам кога доагам дома (ме зарденува најчесто), секој викенд се пие, се пробуваат разно разни работи...Е сега од друга страна, моите не ми прават некоја контрола бидејки цело друштво што сме, фамилијарно се знаат едни меѓу други, и моите ми го знаат цело друшто па до некој степен имаат доверба во нив. Но сепак, младинава оди се по надолна линија, и многу брзо си го прекинуваат детството.
 

Beauty

Администратор
52,325
66,052
113
Сите се согласуваме со тоа дека младината оди надолу и прават работи што порано не се правеле, но зошто мислите дека е тоа така и како би можело да се смени тоа?
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #8
Преголема слобода имаат пред се од родителите. И мене никогаш не ми забраниле нешто ама од секогаш ми било објаснувано кои се нашите можности (пред се финански, па и на друго поле) и секогаш да се држам околу тоа. Значи ако немам(е) за Nike патики 7000 ден, ќе добијам било какви поевтини ама сепак нови. Или ако немам(е) за јас да излегувам по слаткарници, пицерии, ресторанти 5 пати неделно ќе ми кажат или ќе ми одредат буџет, а како јас ќе си го распределам е мое. Ова воопшто не го сметам како забрана или слично туку како реален разговор на дете-родител во кој се постигнува каков-таков договор.
Никогаш не ми успевале муабетите од типот АМА Х ИМА ТОА; Х ОДИ НА ОДМОР ВО ТУРЦИЈА, А ЈАС НЕ
Сега мислам родителите многу потпаѓаат на таа тема бидејќи не сакаат децата да се чувствуваат понижено или избркани од друштвото. Овде и наставниците имаат улога. Има многу случаи кога фаворизираат ученици бидејќи се од ХХХ па демек поздрави го татко ти, мајка ти, кај бевте на одмор, подобри подароци за 8ми март, подобра облека, тетратки или што и да е. А на другите помалку им обрнуваат внимание и од најмала возраст прават разлики, па коментари од типот ако немам ова или тоа ќе добијам таква оцена, па не ме скориваат и ред други коментари

Понатаму повеќе за темава
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Мислам дека е јасно како ден дека денешната младина е многу декадентна. Јас забележав дека од 2008-ма наваму многу работи некако како да се променија кај младите. Некако повеќе слобода си земаа, сега скоро секој/а пуши цигари и пие алкохол се додека не се опие мислејќи дека со тоа е кул, но јас го сметам баш спротивното дека токму тие постапки водат кон деструкција на младиот човек.

Интернетот има многу големо влијание за преголемата слобода на младите, фејсбук и сличните социјални мрежи. И јас сум млад имам 18 години, но јас си ги знам границите и секогаш се придржувам до нив, нешто што голем број на моја возраст за жал не го прават.

Околу излегувањата до многу доцна, да и овде се забалежува дека до покасно се седи во дискотеки, но тоа не е срашно се доколку се внимава што се прави. Нормално дека не е исто ако некој седи до 3 по полноќ и игра цело време просто се забавува, а друг да земи да пуши марихуана.

Овде секако дека и родителите имаат голема улога, бидејќи тие треба да бидат малку поцврсти кон своите деца и да ги постават правилата на игра и секако таа млада личност да игра по нив.
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,092
354
83
Штознам еве и јас сум 15 години и нашето друштво не е толку многу лошо, мислам правиме некој работи што не се за нас ама сепак не е толку страшно.На излегување повеќето пиеме пиво додека женските сечени вотки или сок.Секако дека тие пијат многу повеќе од нас, ама досега никој не се е опил освен 2-3 на нова година/1 мај.Еве сега бевме на екскурзија во Охрид и ништо не се деси освен што неколку души меѓу нив и женски пушеа во една соба и наставничката ги фати и знаете што им кажа: Пушете само не задимувајте мхогу.А предтоа едвај ни даде по еден ред бул да испиеме.И сите беа во штикли и сите машки им се смеевме кога после пола саат почнаа да ги соблекуват штиклите :D. A за излегувањата и безтоа во 12 мора да го напуштиме кафичот бидејќи често има рации и обично веднаш потоа си одиме дома туку не лутаме.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Јас ќе кажам за мене. Имам 18 години, викенди најчесто останувам до кај 3.30-4 саат (оти после и не е интересно, нема кај да се оде). Во текот на неделата навечер одам во кафич, ама до кај 11-12 максимум, ама тоа сега почесто бидејќи почна веќе распустот.

Пијам алкохол, но никогаш претерано. Најчесто пиво или вино, особено пиво почесто, бидејќи пијам и пред тоа кај што излеваме и во дискотека после 1 саат. Немам цигара ниту еднаш пробано во животот, и се надевам ќе се придржавам до тоа, барем додека не паднам во искушение (што се надевам и да се случи нема да биде во скоро време). А и во друштвото 1-2 само пушат и тоа онака не претерано. А иначе генерацијава 80% се пушачи, страшно е тоа колку многу пушат, за пиење веќе не дискутирам, уште од прва година кога бевме имаше пијанчење.

А за облекување за моја возраст не дискутирам, бидејќи девојчињата веќе ги личи да се облекуваат така, но за девојчиња од 14-16 години, ми изгледа претерано.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #12
И јас на мои 16-17 години користев тоа што имам постари братучеди (2-4 години) за да влегувам во кафич па и не ми бараа лична карта тогаш, плус секако имав, нели кај нас можи со дозвола од родител да се вади од 15тина години. На врата и онака на таа гужва не проверуваа детално, за разлика од сега во истиот кафич секогаш проверуваат и тоа детално. Значи таму е во главно 18+ ама и на оваа возраст ретко останувам после 2часот

Што се однесува до помладите демек одат во кафич за помлади, а во истиот или во истите ако не до полноќ после полноќ се вртат многу повозрасни или пак преку ден на кафе што би се рекло има многу повозрасни. За ова можеби е добро да се класифицираат кафичите ама не младите или ние да си ги класифицираме како што ни одговара туку во статутот за основање пр за таа и таа возраст, ќе се служи или не алкохол и такви работи

А за гардероба веќе кажав кога родителите дозволуваат зошто да не?!
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #13
Ајде со репорт од полуматурантите во училиштето на брат ми :)
За машките се знае, класика. За женските 5-6 девојчиња со штикла што и не е така лош процент. За гардероба повеќето во фустанчиња прикладни за возраста ама голем број во премногу кратки фустанчиња за мој вкус. Сега тоа што јас не сакам такви или мислам дека повеќе откриваат отколку што сокриваат не ми ја намалува позитивната слика за овие полуматуранти во споредба со тоа што ја видов од друго училиште мислам од Скопје дека беше.

А колку за споредба со мојата слика од тогаш од овој аспект мислам изгледаме пресмешно со тоа што во мода беа и се продаваа пантолони и сукнички во сите бои (јаки) плус со ликра - еластични ако се сеќавате на тој период, што значи сликата изобилува во бои
 

Directioner

Нов Член
22
0
0
многу се прават важни маливе се креваат мислат се нешто шо не се.. пијат од 13 год?? хахаха убо тргнале.. (секој има право да живее како сака ама овие не се "деца") незнам зошто брзаат да пораснат што има убаво во тоа?
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #15
Случај од пред некој ден

Излегува комшивка на улица целосно изнервирана затоа ја начекала нејзината 11-годишна внука каде што пуши цигари. Жената била до чаршија или до продавница не е ни битно и кога се вратила порано од очекувано имало што да види

Муабетот ми е не дека порано децата или младите не пробувале цигари или алкохол ама ова е веќе претерано. Јас на 11г уште играв пола ден игри на улица ( брканица и слични такви) и немав ни желба ни ништо за цигара за разлика од сега. Се работи за малку повеќе дисфункционално семејство и плус и сите возрасните постојано се со цигара ама тоа не е причина за 11 годишно дете да биде пушач. И јас бев опкружена со пушачи ама бар на таа возраст не ми се јавила таква желба.
Сигурно имало некои и пред многу години што пробувале па и на помала возраст ама не како сега толку распространето
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Јас сум 19 и сѐ уште не сум пробал да пушам :D :D и не се срамам од тоа :)
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #17
Јас 23 и немам пробано :)
Не дека едно време немав желба или протисок од друштво и слично ама инаетот е поголем од се
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Половина со оние со кои се дружам се пушачи, па никогаш не сум имал притисок да земам цигара. Всушност, веќе делува дека сите се влезени во фаза кога пушат поради навика, а не за да се прават фраери и скоро на сите им е криво и се обидуваат да се откажат, ама тешко им оди.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Burrows напиша:
Половина со оние со кои се дружам се пушачи, па никогаш не сум имал притисок да земам цигара. Всушност, веќе делува дека сите се влезени во фаза кога пушат поради навика, а не за да се прават фраери и скоро на сите им е криво и се обидуваат да се откажат, ама тешко им оди.
Се сложувам, не познавам никој кој што пуши да се прави фраер. Но од другариве само двајца има кои запалуваат цигара и тоа само кога се расположени, инаку за среќа такво ми е друштвото што нема зависници пушачи. А иначе од генерацијава што испаднавме, бројката на пушачи беше навистина загрижувачка :)
 
Top