Како да заштедите???

  • Автор на оваа тема igorao85
  • Датум кога е започната темата

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #1
Живееме во време на виртуелни пари, многууууууууу трошоци и малку време. Постојано сме во криза, но за среќа пак информациите ни се на дофат на рака. Овде да постираме како да заштедиме на време, пари, енергија...

Заштедете електрична енергија, заштедете пари

Потрошувачи

Меѓу најголемите потрошувачи на електрична енергија во домот се машината за садови и машината за перење. Користете ги само кога има евтина електрична струја. Микробрановата печка е поекономично решение од шпоретот (троши 70-90 отсто помалку електрична енергија). Кога готвите на шпоретот, водете сметка големината на садот во кој готвите да се поклопува со големината на ринглата.

Фрижидер, замрзнувач

Фрижидерот и замрзнувачот поставете ги што подалеку од шпоретот или каков било друг извор на топлина. Најдобро ќе функционираат во студена просторија како подрум или гаража. Вратите треба добро да се затвораат, за да се спречи расипување на храната. Оптималната температура за замрзнувачот е -18°, а за фрижидерот 5 Целзиусови степени. Секое ладење на температури пониски или повисоки од овие е непотребно трошење енергија и пари.

Осветлување

Околу десет отсто од вкупната месечна потрошувачка на електрична струја во едно домаќинство оди на осветлувањето. Новите флуоресцентни и ЛЕД-светилки можат да ви помогнат значително да ги намалите трошоците. Исто така, доколку имате куќа, на покривот можете да поставите плочи што ќе ја апсорбираат соларната енергија. Од голема корист можат да бидат броилата што се поставуваат во собата и го детектираат секое ваше влегување и излегување, и соодветно на тоа, ги вклучуваат или ги гасат светилките во просторијата.

Намалете ги вашите неделни трошоци и заштедете

- Транспорт. Направете договор со колегите за да одите заедно на работа и да се враќате заедно. Ако ги поделите трошоците за гориво во текот на една работна недела ќе трошите помалку. Така ќе се грижите и за околината. Помалку автомобили, помалку гориво, почист воздух.

- Телефон. Ова е трошок што лесно ќе го намалите. Со Интернет сте поврзани со сите пријатели и соработници. Ако почесто комуницирате преку Интернет, телефонската сметка ќе се намали значително на дневно и неделно ниво.

- Храна. За на работа, правете си сендвичи од дома. Нема да морате да размислувате каде да јадете, а ќе трошите помалку време од паузата за храна и ќе знаете што јадете. Носете си и овошје, како јаболко, банана и слично. Здрава и поевтина исхрана, наместо брза храна.

- Кафе. Не мора и не треба со секој колега и пријател да испиете по едно кафе. Префрлете се на вода. На организмот секогаш му е потребна повеќе вода. И стресот ќе се намали. И вашите дневни и неделни трошоци за кафе значително ќе се намалат.

Ако размислите, ќе видите дека можете да скратите и на други работи од секојдневниот живот. Вашите неделни трошоци за живот ќе бидат помали и на крајот од месецот ќе бидете посреќни. mnogoo.mk

Заштедете на патување

Една од работите на кои може најмногу да заштедете при патувања во други земји и градови, а сепак да не си ускратите ништо на задоволството, е водичот. Водичот е лесно заменлива варијабла, а штеди многу на пари.

Тоа не значи дека не треба да ги видите знаменостите на градот кој го посетувате, да ја слушнете историјата на местото, да ги дознаете најдобрите ресторани или најважните музеи, да се сликате пред најпознатите споменици… Напротив, се тоа може да го направите со многу малку труд и поголема заштеда на пари.

Пред да заминете на патувањето, направете едно мало истражување за местото кое го посетувате. Во денешната доба на Интернет и слободна информација, тоа би ви било најлесна работа за изведување. Видете кои се најзначајните споменици, места, музеи, работи кои се заштитни за тој град и кои не смеат да се испуштат да се видат. Прочитајте ја историјата за сите нив, легендите, приказната, се она што водач би ви раскажал. Најдете ги на мапа – исто така лесно достапна на интернет и обележете ги. Направете распоред во однос на локацијата на местата, а доколку постои поголема раздалеченост помеѓу одредени места, едноставно проверете како е најлесниот пат да се стигне до таму, метро, железничка линија, јавен сообраќај или проверете ги автомобилите за рентање во таа област.

Исто така, можете да проверете дали посотои групни влезници за повеќе значајни места на интернет со што би заштедиле многу ако би ги купувале посебно.

5 супер совети како вегетаријанците да заштедат пари


1. ОДГЛЕДУВАЈТЕ ГРАДИНА – Можеби звучи старомодно и кич, но одледувањето градина ќе ви заштеди многу пари. Органските производи не се евтини и лесно достапни во нашите супермаркети, но затоа се супер лесни за одгледување. Ако не се подготвени за одгледување на цела градина, важно е да почнете од некаде. Па така, како за почеток, можете да засадите домати, пиперки, краставици, морков. Ако пак сакате да ја збогатите градината, засадете грав, грашок, боранија, марула и некои тревки.
2. КУПУВАЈТЕ ВО ПРОДАВНИЦИ ЗА ЗДРАВА ХРАНА – Во Македонија има неколку вакви продавници кои нудат изобилство од хранливи и здрави продукти. Такви се: Виталија , која има свои производи во големите супермаркети (Веро, Тинекс, Рамстор) и свои два дисконта во Скопје и Биона, која има две продавници во Скопје (ТЦ Беверли Хилс, приземје и бул.Кочо Рацин бр.14).
3. КУПУВАЈТЕ ВО ПОГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ – Јасно е дека здравата а особено органската храна е недостапна да се купува во поголеми количини. Купувањето во поголеми количини се однесува на разни интегрални семиња, најразлични видови брашно, суплементи во исхраната, сушени овошја, жита, природни засладувачи, флаширана вода и слично. Откако ќе обезбедите поголеми количини од овие производи, потоа вашето купување ќе се состои од набавка на свежи овошја и зеленчуци.
4. ЈАДЕТЕ ВО СЕНДВИЧАРИ И РЕСТОРАНИ СО ЗДРАВА ХРАНА - Тоа е вкусно и се повеќе достапно. Ресторанот Хармонија е единствениот во Скопје кој го негува здравјето на луѓето и нуди одлична храна за сите. Сендвичарата Нино, која се наоѓа во центарот на градот е позната по макробиотичките сендвичи, кои се исклучително вкусни, со достапни цени, здрави и лесно сварливи.
5. БИДЕТЕ РЕДОВНИ НА ПАЗАР – На сите скопски пазари, тие што се поредовни, знаат дека се издвојуваат оние тезги каде секогаш има свежа храна. Колку повеќе купувате кај нив, толку повеќе ќе ве запомнат и ќе ви ги даваат секогаш најсвежите продукти, по пониска цена од другите ;)
9 совети за поекономично возење
Со оглед на скромниот домашен буџет, староста на нашиот возен парк и се поголемата загаденост н животната средина, штедливите навики и поефикасните техники на возење ни се крајно неопходни. Кога на сите аргументи ќе го придодадеме и податокот дека постојано растат цените на горивата, заклучуваме де...

1. Проверувајте го притисокот во пневматиците
Слободно може да кажеме дека пневматиците на возилата кај нас во добар дел се благо издишани, односно притисокот во нив е помал од пропишаниот, кој е оптимален и треба да се одржува. 2psi под препорачаниот притисок може да ја зголеми потрошувачката за 1%. Ако имате постаро возило кое нема електронски систем за контрола на притисокот во гумите, проверувајте го вие самите. Редовно.

2. Затворете ги прозорците
Можеби изгледа фраерски да возите со едната рака надвор или кучето да ви ѕирка со главата надвор, меѓутоа сето тоа придонесува за зголемен отпор на воздухот. Држете ги прозорците затворени. Така отпорот е помал, помалку енергија е потребна за пробив низ него, а со тоа и помалку се троши гориво.

3. Користете повисоки степени на пренос
Многумина (можеби и некој од вас) обожуваат да возат умерено во трета брзина, меѓутоа за да ја подобрат економичноста за 20% ќе треба да префрлат во петта брзина дури и при пониски брзини. Сепак не го преоптоварувајте моторот. Непрецизно користење на повисоки степени преноси не придонесува за економичноста. Користете го бројот на вртежите за ваш водич.

4. Исклучете го моторот
Ако сте заглавени во “шпицот“, чекате 90-ина секунди додека Ви светне зелено на раскрсница или паркирани чекате некого - исклучете го моторот. Тоа ќе Ви заштеди мало, но добродојдено количество гориво. Во предност сте ако поседувате возило од најнов датум, бидејќи во него сигурно како дел од стандардната опрема го имате вградено Start&stop – системот, наменет токму за таквите “тргни – застани“ ситуации на раскрсниците.

5. Возете побавно
Не зборуваме секаде да “лазите“ со 40 км/ч, но разликата помеѓу 110 км/ч и 130км/ч на автопат е доста голема од аспект на потрошувачката. Некаде и до десетици литри на 100 километри. И навистина, и сами веројатно сте сведок колку патиштата станаа густи и оптоварени, па не ќарувате многу ако возите брзо по нив. Побрзо ќе стигнете само до првиот застој.

6. Возете “помазно“
Наместо да се “покажувате“ нагло сопирајќи и забрзувајќи помеѓу два семафори, пробајте да гледате малку пошироко од тоа. Зошто да го преоптоварувате автомобилот со такви силни инерцијални кочења и забрзувања? Наместо тоа, забележете ги семафорите, нивната состојба уште од далеку, предвидете го текот на сообраќајот. Едноставно, направете се што можете за да ја извршите истата работа, но со помалку притискање на гаста.

7. Избегнувајте кратки патувања
Моторите премногу се “жедни“ за гориво кога се незагреани т.е при ладен старт. Дури и модерниве мотори. Возило што троши 40mpg при умерено возење на автопат може да потроши дури 15mpg при возење од неколку километри во град. За кратки релации можете да користете јавен превоз, да возите велосипед, или да пешачите. Наместо гориво, ќе истрошите калории.

8. Исклучете го клима – уредот
Клима - уредот не ни е секогаш неопходен. Тој “пие“ дури 5% од горивото (на некои автомобили дури и многу повеќе од тоа), па исклучете го за да заштедите, односно користете го кога навистина чувствувате потреба. Но немојте ни да ги отворате прозорците наместо тоа. Можете барем на кратко за да навлезе свеж воздух во кабината, бидејќи инаку со зголемениот отпор на воздухот потрошувачката е полоша од онаа со вклучена клима.

9. Користете “cruise control“
Дел од електронската контролна единица кај поновите возила, кој дејствува како граничник на брзината. Регулирајте го на отприлика 110 км/ч на автопат и ќе ја одржува константна вашата брзина, притоа не трошејќи ни капка повеќе од она што е потребно. Електрониката е далеку попрецизна од вашата десна нога, така што оставете и неа да ги врши пресметките, а вие само следете на брод - компјутерот колку ќе заштедите. Ако имате "adaptive cruise" кој користи радар за да држи безбедно растојание до возилото напред, тогаш уште подобро за Вас.
koli.com.mk
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #2
10 совети за намалена потрошувачка

Во време кога цените на бензинот се екстремно големи, а градските метежи стануваат постојан проблем, останува да изнајдете начин како да го намалите трошокот за потрошувачката. Следуваат 10 совети за тоа како да ја намалите потрошувачката на вашиот моторцикл, сепак не заборавајте дека се зависи од тоа како го користите моторот.

1.) Секогаш моторот да биде сервисиран кај овластниот сервисер. Не заборавајте дека агрегатот кој се наоѓа помеѓу двете тркала е срцето на вашиот мотор. Најубав начин да го зачувате здраво "срцето" на вашиот мотор е да си водите сметка и редовно да ги извршувате наведените сервиси, напоменати во прирачникот за моторциклот или сервисната книшка.

2.) Еден од главните фактори кој влијае на потрошувачката е квалитетот на уљето кое се става во агрегатот. Секогаш користете уље кое произведителот на вашиот мотор ви го препорачува, доколку не знате што препорачуваат наш совет е да користите што поквалитетно уље и покрај тоа што е поскапо.

3.) Размислувајте како механички дел од моторот. Многумина од вас ќе се запрашаат како е можно тоа ?! Навистина лесно, замислете како би ви било да сте дел од моторот, а притоа некој ве малтретира до максимум. Затоа не го правете и вие тоа, едноставно давајте полека гас и моторот константно да ја зголемува брзината притоа потрошувачката на гориво ќе ви биде минимална. Исто така избегнувајте огромни варирања во брзината, па нагли кочења и сл. И да, возете според пропишаните правила на патот.

4.) Должината на изминатите километри зависи од состојбата на моторот, јачината но и од неговата тежина, на пример мотор кој тежи 150 килограми би изминал многу повеќе ќилометри за разлика од друг мотор кој е двојно потежок. Затоа наш совет: правилно изберете го моторот кој највеќе би ви одговарал, бидејќи покасно залудни би биле сите пребарувања и маки за да се намали потрошувачката. Доколку планирате да го користите моторот за одење и враќање од работното место, нема потреба да купувате брзинец со зафатнина од 1000цц.

5.) Бидете сигурни дека моторот го возите кога агрегатот е загреан. Стрпете се неколку минути пред да тргнете било каде, ова е посебно важно во ладните денови. Не постои возач кој не си го знае својот мотор кога му е загреан, и секогаш запаметете не загреаниот мотор троши многу повеќе одколку кога е загреан.

6.) Гумите немаат единствена намена да не "возат" низ асфалтните улици, и тие играат улога во потрошувачката на вашиот мотор. Секогаш внимавајте на притисокот на вашите гуми, пумпајте ги онолку колку што ви препорачува производителот според димензијата на гумата. Не ставајте поширока гума од она што е препорачано, можеби ќе изгледа подобро, но честопати моторот знае да биде помалку стабилен и сигурно ќе троши повеќе.

7.) Работата на моторот под мала гас влијае на потрошувачката на гориво. Доколку работата на моторот под мала гас не е како што треба, потрошувачката многу би ви се зголемила, проверете во прирачникот за вашиот мотор кој вртлив момент е идеален за вашиот мотор, најчесто границата се движи помеѓу 1000-1500 rpm.

8.) Секогаш избирајте го оној пат каде што има помалку гужва, семафори, легнати полицајци, работа на патот и др. Верувајте секогаш дека постои некој пократок пат, па зошто да не го искористите и заштедите време и гориво се разбира.

9.) Гасете ги моторите кога ќе наидете на поголем застој, најчесто на семафор каде се чека повеќе од просечното или пак кога поминува некоја делегација, барем сега во ова време на напредна технологија моторите се палат со само еден допир на копче.

10.) Последно и најважно нешто е да бидете практични, запишувајте ја работата на моторот, потрошувачката, пробајте некој од овие трикови и повторно направите споредба, бидете истражувач на својот мотор.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #3
Мали совети за штедење

# Наместо да купувате и да порачувате храна на работа, понесете го со себе оброкот кој сте го подготвиле дома.
# Пред да одите да пазарите секогаш составете список во кој ќе ги напишете работите кои треба да ги набавите. Во продавница купете ги само тие работи. Доколку наидете на нешто непредвидено и неодоливо, не го купувајте, запишете го, но, за следниот пат.
# Пазарете во дисконтни продавници кога треба да набивите повеќе работи. Секако останува да се држите на списокот, во спротивно се што ке видите надвор од списокот ви изгледа поповолно до другите продавници и ви се чини дека ви е потребно. Но, ако не сте се сетиле на тоа дури сте го правеле списокот, сигурно можете и без тоа, барем до следниот список.
# Секогаш обрнувајте внимание на посебните попусти и акции во продавниците. Но и за попустите важи претходното. Купувајте го само тоа што ви е потребно.
# Собирајте ги купоните што би ги нудат во продавниците, но немојте да купувате надвор од својот план само да го надминете потребниот износ или да добиете некаков си подарок кој сигурно не ви е толку потребен.
# Испланирајте го вашиот шопинг. Вложете малку пари во новите модни списанија, пребарајте по интернет, прошетајте прво со пријателите, гледајте ги луѓето по улица – добри идеи сами ќе ви дојдат. Кога ке ја замислите комбинацијата запишете ја и само тогаш фатете се за работа.
# Одамна е позната изреката “Не сум доволно богат за да купувам ефтини работи”. Не купувајте ефтина и неквалитетна облека која би ја облекле неколку пати или можеби воошто нема да ја облечете. Повеќе ефтини и неквалитетни работи на крајот ке ве чинат повеќе отколку едно или две навистина квалитетни работи.
# Не сте во можност секоја сезона да јаобновите својата гардероба, а сакате да изгледате модерно и да купувате квалитетна облека? Тогаш, одберете работи кои се покласични и се носат повеќе сезони, а стилот сепак менувајте го со деталите и чевлите.
# Ако купувате техничка опрема, најпрво пребарајте преку интернет, по огласи по весници и прошетајте по повеќе продавници. Обрнете внимание на попустите и акциите кои се нудат.
# Ако сметате дека не может ништо да заштедите од своите примања, пресметајте дневно колку кафиња и сокови пиете, колку цигари пушите, или колку слатки јадете. Ако пиете пример, едно кафе помалку дневно или една чоколада помалку дневно за една година ќе имате, на пример, нови чизми. А да не ја спомнувам и вистинската придобивка, ќе бидете многу повитки и поздрави.
# Наместо во сервис за миење возила измијте си го сами автомобилот со што ке заштедите 150 денари + 70 денари пијалак додека чекате + ке заштедите
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
# Пред да одите да пазарите секогаш составете список во кој ќе ги напишете работите кои треба да ги набавите. Во продавница купете ги само тие работи. Доколку наидете на нешто непредвидено и неодоливо, не го купувајте, запишете го, но, за следниот пат.
# Пазарете во дисконтни продавници кога треба да набивите повеќе работи. Секако останува да се држите на списокот, во спротивно се што ке видите надвор од списокот ви изгледа поповолно до другите продавници и ви се чини дека ви е потребно. Но, ако не сте се сетиле на тоа дури сте го правеле списокот, сигурно можете и без тоа, барем до следниот список.
# Секогаш обрнувајте внимание на посебните попусти и акции во продавниците. Но и за попустите важи претходното. Купувајте го само тоа што ви е потребно.
На ова никогаш не се придржувам. Ако треба 3 работи да се купат без разлика од каде посебно од големите маркети каде што има и попусти и повеќе видови на роба јас дома со 5 стасувам :)
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #5
9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома

Повеќето луѓе се согласни дека низ годините поминати студирајќи, ги искусиле најубавите моменти од младоста кои се доживуваат само еднаш. Проблем се само парите, кои голем број студенти ги добиваат како месечен џепарлак од родителите, а кој никогаш не им е доволен за сé. Но, доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок.

Купете користени книги
На повеќето студенти голем финансиски товар во текот на секоја студентска година им претставува купувањето книги и прирачници. Зависно од цената на секоја книга, на годишно ниво може да се случи да потрошат 100 или повеќе евра. За да не се случи тоа, обидете се да запознаете некој од постарите генерации кој ќе ви ги продаде неговите учебници за дупло пониска цена.

Научете да готвите

Јадењето надвор, без разлика што ќе изберете од менито, е секогаш за 2-3 пати поскапа варијанта од домашно приготвената храна. Ако живеете во студентски дом, користете ја заедничката кујна или јадете во бифе. Ако нема кујна, а храната во бифето не ви се допаѓа, станете креативни и почнете да готвите на решо или во микробранова печка, кои ви е поисплатливо да си ги купите, отколку да се расфрлате. На тој начин, 2-3 пати во месецот ќе можете да си дозволите да се нагостите во ресторан со вашите колеги.



Возете се со автобус


Бензинот е скап, а возењето со такси уште повеќе. Давањето толку многу пари за превоз, е навистина голем финансиски трошок за студент кој нема пари, а студира далеку од својот дом. Затоа, и покрај тоа што најудобно ви е возењето во автомобил, стиснете заби во текот на студиските години и користете го автобусот како основно превозно средство. Возењето во нив не е бесплатно, но е најевтина варијанта.

Возете велосипед

Друг начин да заштедите на превоз е да возите велосипед. Не само што нема да потрошите ниту еден денар, туку истовремено и ќе ја одржувате вашата линија. Ако немате велосипед, можете да си купите нов за 3000-4000 денари и да заштедите многу пари.

Пазарете во евтини дуќани

Една од најбитните работи ако сакате да бидете штедливи додека студирате, е да гледате во цените пред да купите некој производ. Избегнувајте да купувате козметика и други потребни препарати од скапи брендови, кога не ви е многу битно. Разгледајте ги цените во околните продавници и секогаш пазарете во онаа, каде цените се најниски. На тој начин ќе заштедите многу пари.

Немојте пречесто да пиете алкохол

Студентите обожуваат да се журкаат и да се пијанат. Но, пиењето е доста скапо и може да ви го потроши вашиот месечен буџет, ако претерате. Доколку сте едни од тие студенти кои си го празнат паричникот на забави, забавете малку и размислете колку е тоа штетно по вашето здравје од една страна и екстремно скапо од друга. Одењето на забави и во дискотеки два пати неделно е сосема доволно за да ги „наполните батериите“ пред испитна сесија. Од друга страна, ако сте повеќе надвор отколку внатре, значи дека малку време поминувате над книга. Имајте на ум дека забавата е послатка ако немате паднати испити да ви ги преоптоваруваат мислите.

Искористете ги бесплатните манифестации

Сите сакаат да одат на концерти, во кино или на други настани за забава, но ретко кој може да оди секаде кај што сака. Не го пропуштајте настапот на вашиот омилен бенд или пејач, бидејќи ќе ви биде криво отпосле, но не купувајте карта за сé што е актуелно во месецот. Наместо тоа, присуствувајте на бесплатни манифестации на отворено и разни други хуманитарни концерти. Ќе ги сретнете сите ваши пријатели и истовремено ќе заштедите многу пари.

Пригответе си кафе со пикантен вкус

Студентите обожуваат да пијат кафе со своите колеги во некој кафе-бар, на паузи меѓу предавањата. Тоа ги држи будни кога остануваат да учат доцна навечер. Но, ако пиете по неколку кафиња секој ден, ќе потрошите многу пари. Ако во кафе-барот не е скапо, посетете го 2 пати неделно, но во останатите денови од неделата, понесете си кафе од дома во термос или купете си од кафемат. Ние ви нудиме голем избор на вкусни кафе-рецепти.

Најдете некоја хонорарна работа

Секојдневното броење на парите во џебот, може да биде многу истоштувачко, па затоа ако успеете да најдете некоја работа со половично работно време е одличен начин да го намалите стресот. Сé додека работата не му наштетува на вашиот успех на факултет, таа може да ви помогне да живеете порелаксирано и да си дозволите повеќе луксузи.

Izvor:http://www.kafepauza.mk/
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #6
Како во зима да заштедите гориво?

Во периодов кога цените на нафтата вртоглаво се зголемуваат, а возењето низ градските улици се претвора во луксуз, потребни се трикови како да ја намалите потрошувачката во секојдневниот сообраќаен метеж. Со следниве совети за промена на начинот на возење, заштедата може да биде и 20 отсто. На пример, треба многу порано да го отпуштите педалот за гас и да го оставите автомобилот да се движи, а не панично да кочите. И брзото возење од семафор до семафор секогаш го празни резервоарот на вашиот автомобил.

Исто така, заборавените работи во багажникот придонесуваат за брзо празнење на резервоарот, па затоа сите непотребни работи оставете ги дома, бидејќи со намалувањето на тежината во автомобилот ќе ја намалите и потрошувачката. Доколку не сте знаеле, секој дополнителен килограм придонесува и за поголема потрошувачка.

Нискиот притисок во гумите значи и брзо трошење на денарите во вашиот паричник, кога имате 0,4 бари помал притисок во гумите, тогаш ќе имате два отсто поголема потрошувачка на гориво. Освен што пречи на концентрацијата, гласната музика влијае и врз потрошувачката, како и климатизацијата во автомобилот. Да возите штедливо не значи да возите бавно. Со малку дисциплина, слушање на моторот и негова нега ќе заштедите, а парите - сигурно ќе имате поважни работи на кои можете да ги потрошите.

mnogoo.mk
 
Top