- Автор на оваа тема
- #1
Живееме во време на виртуелни пари, многууууууууу трошоци и малку време. Постојано сме во криза, но за среќа пак информациите ни се на дофат на рака. Овде да постираме како да заштедиме на време, пари, енергија...
Заштедете електрична енергија, заштедете пари
Потрошувачи
Меѓу најголемите потрошувачи на електрична енергија во домот се машината за садови и машината за перење. Користете ги само кога има евтина електрична струја. Микробрановата печка е поекономично решение од шпоретот (троши 70-90 отсто помалку електрична енергија). Кога готвите на шпоретот, водете сметка големината на садот во кој готвите да се поклопува со големината на ринглата.
Фрижидер, замрзнувач
Фрижидерот и замрзнувачот поставете ги што подалеку од шпоретот или каков било друг извор на топлина. Најдобро ќе функционираат во студена просторија како подрум или гаража. Вратите треба добро да се затвораат, за да се спречи расипување на храната. Оптималната температура за замрзнувачот е -18°, а за фрижидерот 5 Целзиусови степени. Секое ладење на температури пониски или повисоки од овие е непотребно трошење енергија и пари.
Осветлување
Околу десет отсто од вкупната месечна потрошувачка на електрична струја во едно домаќинство оди на осветлувањето. Новите флуоресцентни и ЛЕД-светилки можат да ви помогнат значително да ги намалите трошоците. Исто така, доколку имате куќа, на покривот можете да поставите плочи што ќе ја апсорбираат соларната енергија. Од голема корист можат да бидат броилата што се поставуваат во собата и го детектираат секое ваше влегување и излегување, и соодветно на тоа, ги вклучуваат или ги гасат светилките во просторијата.
Намалете ги вашите неделни трошоци и заштедете
- Транспорт. Направете договор со колегите за да одите заедно на работа и да се враќате заедно. Ако ги поделите трошоците за гориво во текот на една работна недела ќе трошите помалку. Така ќе се грижите и за околината. Помалку автомобили, помалку гориво, почист воздух.
- Телефон. Ова е трошок што лесно ќе го намалите. Со Интернет сте поврзани со сите пријатели и соработници. Ако почесто комуницирате преку Интернет, телефонската сметка ќе се намали значително на дневно и неделно ниво.
- Храна. За на работа, правете си сендвичи од дома. Нема да морате да размислувате каде да јадете, а ќе трошите помалку време од паузата за храна и ќе знаете што јадете. Носете си и овошје, како јаболко, банана и слично. Здрава и поевтина исхрана, наместо брза храна.
- Кафе. Не мора и не треба со секој колега и пријател да испиете по едно кафе. Префрлете се на вода. На организмот секогаш му е потребна повеќе вода. И стресот ќе се намали. И вашите дневни и неделни трошоци за кафе значително ќе се намалат.
Ако размислите, ќе видите дека можете да скратите и на други работи од секојдневниот живот. Вашите неделни трошоци за живот ќе бидат помали и на крајот од месецот ќе бидете посреќни. mnogoo.mk
Заштедете на патување
Една од работите на кои може најмногу да заштедете при патувања во други земји и градови, а сепак да не си ускратите ништо на задоволството, е водичот. Водичот е лесно заменлива варијабла, а штеди многу на пари.
Тоа не значи дека не треба да ги видите знаменостите на градот кој го посетувате, да ја слушнете историјата на местото, да ги дознаете најдобрите ресторани или најважните музеи, да се сликате пред најпознатите споменици… Напротив, се тоа може да го направите со многу малку труд и поголема заштеда на пари.
Пред да заминете на патувањето, направете едно мало истражување за местото кое го посетувате. Во денешната доба на Интернет и слободна информација, тоа би ви било најлесна работа за изведување. Видете кои се најзначајните споменици, места, музеи, работи кои се заштитни за тој град и кои не смеат да се испуштат да се видат. Прочитајте ја историјата за сите нив, легендите, приказната, се она што водач би ви раскажал. Најдете ги на мапа – исто така лесно достапна на интернет и обележете ги. Направете распоред во однос на локацијата на местата, а доколку постои поголема раздалеченост помеѓу одредени места, едноставно проверете како е најлесниот пат да се стигне до таму, метро, железничка линија, јавен сообраќај или проверете ги автомобилите за рентање во таа област.
Исто така, можете да проверете дали посотои групни влезници за повеќе значајни места на интернет со што би заштедиле многу ако би ги купувале посебно.
5 супер совети како вегетаријанците да заштедат пари
1. ОДГЛЕДУВАЈТЕ ГРАДИНА – Можеби звучи старомодно и кич, но одледувањето градина ќе ви заштеди многу пари. Органските производи не се евтини и лесно достапни во нашите супермаркети, но затоа се супер лесни за одгледување. Ако не се подготвени за одгледување на цела градина, важно е да почнете од некаде. Па така, како за почеток, можете да засадите домати, пиперки, краставици, морков. Ако пак сакате да ја збогатите градината, засадете грав, грашок, боранија, марула и некои тревки.
2. КУПУВАЈТЕ ВО ПРОДАВНИЦИ ЗА ЗДРАВА ХРАНА – Во Македонија има неколку вакви продавници кои нудат изобилство од хранливи и здрави продукти. Такви се: Виталија , која има свои производи во големите супермаркети (Веро, Тинекс, Рамстор) и свои два дисконта во Скопје и Биона, која има две продавници во Скопје (ТЦ Беверли Хилс, приземје и бул.Кочо Рацин бр.14).
3. КУПУВАЈТЕ ВО ПОГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ – Јасно е дека здравата а особено органската храна е недостапна да се купува во поголеми количини. Купувањето во поголеми количини се однесува на разни интегрални семиња, најразлични видови брашно, суплементи во исхраната, сушени овошја, жита, природни засладувачи, флаширана вода и слично. Откако ќе обезбедите поголеми количини од овие производи, потоа вашето купување ќе се состои од набавка на свежи овошја и зеленчуци.
4. ЈАДЕТЕ ВО СЕНДВИЧАРИ И РЕСТОРАНИ СО ЗДРАВА ХРАНА - Тоа е вкусно и се повеќе достапно. Ресторанот Хармонија е единствениот во Скопје кој го негува здравјето на луѓето и нуди одлична храна за сите. Сендвичарата Нино, која се наоѓа во центарот на градот е позната по макробиотичките сендвичи, кои се исклучително вкусни, со достапни цени, здрави и лесно сварливи.
5. БИДЕТЕ РЕДОВНИ НА ПАЗАР – На сите скопски пазари, тие што се поредовни, знаат дека се издвојуваат оние тезги каде секогаш има свежа храна. Колку повеќе купувате кај нив, толку повеќе ќе ве запомнат и ќе ви ги даваат секогаш најсвежите продукти, по пониска цена од другите
9 совети за поекономично возење
Со оглед на скромниот домашен буџет, староста на нашиот возен парк и се поголемата загаденост н животната средина, штедливите навики и поефикасните техники на возење ни се крајно неопходни. Кога на сите аргументи ќе го придодадеме и податокот дека постојано растат цените на горивата, заклучуваме де...
1. Проверувајте го притисокот во пневматиците
Слободно може да кажеме дека пневматиците на возилата кај нас во добар дел се благо издишани, односно притисокот во нив е помал од пропишаниот, кој е оптимален и треба да се одржува. 2psi под препорачаниот притисок може да ја зголеми потрошувачката за 1%. Ако имате постаро возило кое нема електронски систем за контрола на притисокот во гумите, проверувајте го вие самите. Редовно.
2. Затворете ги прозорците
Можеби изгледа фраерски да возите со едната рака надвор или кучето да ви ѕирка со главата надвор, меѓутоа сето тоа придонесува за зголемен отпор на воздухот. Држете ги прозорците затворени. Така отпорот е помал, помалку енергија е потребна за пробив низ него, а со тоа и помалку се троши гориво.
3. Користете повисоки степени на пренос
Многумина (можеби и некој од вас) обожуваат да возат умерено во трета брзина, меѓутоа за да ја подобрат економичноста за 20% ќе треба да префрлат во петта брзина дури и при пониски брзини. Сепак не го преоптоварувајте моторот. Непрецизно користење на повисоки степени преноси не придонесува за економичноста. Користете го бројот на вртежите за ваш водич.
4. Исклучете го моторот
Ако сте заглавени во “шпицот“, чекате 90-ина секунди додека Ви светне зелено на раскрсница или паркирани чекате некого - исклучете го моторот. Тоа ќе Ви заштеди мало, но добродојдено количество гориво. Во предност сте ако поседувате возило од најнов датум, бидејќи во него сигурно како дел од стандардната опрема го имате вградено Start&stop – системот, наменет токму за таквите “тргни – застани“ ситуации на раскрсниците.
5. Возете побавно
Не зборуваме секаде да “лазите“ со 40 км/ч, но разликата помеѓу 110 км/ч и 130км/ч на автопат е доста голема од аспект на потрошувачката. Некаде и до десетици литри на 100 километри. И навистина, и сами веројатно сте сведок колку патиштата станаа густи и оптоварени, па не ќарувате многу ако возите брзо по нив. Побрзо ќе стигнете само до првиот застој.
6. Возете “помазно“
Наместо да се “покажувате“ нагло сопирајќи и забрзувајќи помеѓу два семафори, пробајте да гледате малку пошироко од тоа. Зошто да го преоптоварувате автомобилот со такви силни инерцијални кочења и забрзувања? Наместо тоа, забележете ги семафорите, нивната состојба уште од далеку, предвидете го текот на сообраќајот. Едноставно, направете се што можете за да ја извршите истата работа, но со помалку притискање на гаста.
7. Избегнувајте кратки патувања
Моторите премногу се “жедни“ за гориво кога се незагреани т.е при ладен старт. Дури и модерниве мотори. Возило што троши 40mpg при умерено возење на автопат може да потроши дури 15mpg при возење од неколку километри во град. За кратки релации можете да користете јавен превоз, да возите велосипед, или да пешачите. Наместо гориво, ќе истрошите калории.
8. Исклучете го клима – уредот
Клима - уредот не ни е секогаш неопходен. Тој “пие“ дури 5% од горивото (на некои автомобили дури и многу повеќе од тоа), па исклучете го за да заштедите, односно користете го кога навистина чувствувате потреба. Но немојте ни да ги отворате прозорците наместо тоа. Можете барем на кратко за да навлезе свеж воздух во кабината, бидејќи инаку со зголемениот отпор на воздухот потрошувачката е полоша од онаа со вклучена клима.
9. Користете “cruise control“
Дел од електронската контролна единица кај поновите возила, кој дејствува како граничник на брзината. Регулирајте го на отприлика 110 км/ч на автопат и ќе ја одржува константна вашата брзина, притоа не трошејќи ни капка повеќе од она што е потребно. Електрониката е далеку попрецизна од вашата десна нога, така што оставете и неа да ги врши пресметките, а вие само следете на брод - компјутерот колку ќе заштедите. Ако имате "adaptive cruise" кој користи радар за да држи безбедно растојание до возилото напред, тогаш уште подобро за Вас.
koli.com.mk