Гурман chat

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
19,547
6,769
113
Како и да е со сладолед е поубава бозата бидејќи со сладолед се губи малку оној специфичен вкус што го има бозата.
 

Beauty

Администратор
51,377
64,458
113
Jадете ова, правите дома?

Јас како име Питулици го знам, но мислам дека не изгледаа вака. :neznam:
 

Beauty

Администратор
51,377
64,458
113
Ѓомлезе, така? И јас така го знам, или како : тури потпечи :haha:
 

Beauty

Администратор
51,377
64,458
113
Да, така го знам.

Инаку не е ѓозлеме, него ѓомлезе.
Или кај тебе го викате Ѓозлеме?
 

alek

Добро-Познат Член
789
256
63
Во секој крај различно се вика, на пример мекиците кој ги има во 'мекиците од стража' во Кавадарци се викат пешии
 

Beauty

Администратор
51,377
64,458
113
Во секој крај различно се вика, на пример мекиците кој ги има во 'мекиците од стража' во Кавадарци се викат пешии
Добро, ама и во Скопје ние викаме пишии. И тоа е нешто друго во Ск, а не мекици :haha: Пишија е како посмачкано, не така воздушесто и крцкаво како мекица.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
  • Автор на оваа тема
  • #130
Кај мене питулици и палачинки (само тестото) е едно исто ама на мои рецепти го пишува следното
„Питулиците се посни и составот е исклучиво од горе наведените состојки, додека палачинките освен во основата со јајца, шеќер, повеќето со млеко можат да имаат и многу варијации и додатоци.“

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/питулици-бадникови
 

alek

Добро-Познат Член
789
256
63
Добро, ама и во Скопје ние викаме пишии. И тоа е нешто друго во Ск, а не мекици :haha: Пишија е како посмачкано, не така воздушесто и крцкаво како мекица.
Епа во Кавадарци тоа е пешииа, а инаку за дете кога ќе се роде во Кавадарци се прават таганици незнам дали некој слушнал за нив и дали ги има по другите градови во Скопје знам дека се мекици.
 

kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Епа во Кавадарци тоа е пешииа, а инаку за дете кога ќе се роде во Кавадарци се прават таганици незнам дали некој слушнал за нив и дали ги има по другите градови во Скопје знам дека се мекици.
И кај нас тиганици, а кога ќе прооди постапалки.
 

Beauty

Администратор
51,377
64,458
113
Па исто е изгледа. Во Ск се мекици, а кога ќе прооди... хм, не ми текнува како се викаше тоа по скопски. Стапалки или ноџиња.
 

Steff

Добро-Познат Член
34,797
46,397
113
Паштета???? :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:Па тоа е друго, Аргета пример.
Нееееееееее, не мислев на тоа. Вакви лепчиња, лиснато тесто, шта ли е, не знам како се вика кај вас, кај нас се вика паштета. Имаме Аргети, Карнекси итн паштети и правиме вакви паштети.
 

Beauty

Администратор
51,377
64,458
113
Не е лиснато.

И тоа го правите кога ќе се роди дете?
 
Top