Гурман chat

  • Автор на оваа тема Missy
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
35,663
47,397
113
Е ако де што има врска што ретко кој знае за нив во Македонија.
Па како нема врска, предуслов за меѓународен успех е да си и дома успешен, све друго води у пропаст.

Со каква логика ќе се отварале (и тоа во Америка???) ресторани надвор?

Па уште они доаѓале во Америка, со ред карпет мислиш ќе ги дочекале.
 

Beauty

Администратор
52,015
65,540
113
Секако не, ама тоа таму е нездраво но не течат мрснотии од сите страни, во софистицирана обланда е тоа завиткано што се вика
 

Steff

Добро-Познат Член
35,663
47,397
113
Секако не, ама тоа таму е нездраво но не течат мрснотии од сите страни, во софистицирана обланда е тоа завиткано што се вика
Престани и ти :haha: :haha: :haha:

Све тоа е страшно и поентата е да таму има вакви работи колку сакаш

Не знам со која памет се пикнаа токму таму каде конкуренцијата ќе ги изеде за доручек
 

Beauty

Администратор
52,015
65,540
113
Ма не се пикнале па и ти, поминале они покрај Мекдоналдс само хахахах
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,788
6,983
113
Па како нема врска, предуслов за меѓународен успех е да си и дома успешен, све друго води у пропаст.

Со каква логика ќе се отварале (и тоа во Америка???) ресторани надвор?

Па уште они доаѓале во Америка, со ред карпет мислиш ќе ги дочекале.
Абе франшиза претпоставувам е ќе дадат дозвола друг да работи таму во Америка со нивно име и некој ете стандарди пишани во таа франшиза од кој веројатно да останат исти состојки во понудата, исто подготвени лепчиња и што јас знам друго.

Нешто како што функционира Мекдоналдс, Бургер кинг. Е сега дали ќе им успее да пробијат франшиза за отварање повеќе локали во америка тоа никој не може со сигурност да знае. Им посакувам среќа.


Искрено ретко јас јадам вакви работи. Бургер Кинг никогаш не сум јадел во Македонија а ни во други држави кај што сум бил.
 

Beauty

Администратор
52,015
65,540
113
Ма каква франшиза на нешто кое тука никој не го знае хахаххахаха
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,788
6,983
113
А овие јадел ли си?
Не. Ги нема во Тетово, а и да отидам во Скопје немам нешто желба претерана сега за сега да пробам.Можеби здравје некогаш кој знае кога ќе дојде прилика .

Јас повеќе сакам дома да седнам да јадам лепче со путер, мајонез, сам да си сечам кашкавал, сувомеснато, да каснам нешто зготвено манџа, чорба, месо..
 
Top